1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

дечко од албанија

Дискусија во 'Канта' започната од marijana-22, 16 декември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. marijana-22

    marijana-22 Нов член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ве молам за мислење... Имам проблеми со моите родители поради тоа што дечко ми е од Албаниа. Тој е Македонец но со албанско државјанство. Мене тоа воопсто не ми претставува проблем, го сакам и сакам да сум со него и покрај се. Но сепак моите родители не ми дозволуваат да сум со него. Незнам што да правам...
     
  2. poffy.pie

    poffy.pie Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Ако не влијае врз тебе (ако не сака да ја мењаш религијата, или името.. незнам нешто во тој смисол) мислам дека не би требало да претставува многу голем проблем.. љубовта би требало да се гледа како љубов, а не дали е од иста вера, националност итн. Ако можеш, мирно, без викање, зборувај со твоите и опиши го таков каков што е, гледај да им објасниш нешто повеќе.. :) иначе, среќно.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    А колку години имаш и зашто не ти даваат? :?: Инаку најубаво објасни им дека се сакате и дека ти е убаво со него, ако можеш викни го да се запознаат.Инаку како го запозна? Знам само дека тие од тој дел на Албанија се и православни, една пријателка сега ќе се вери за Албанец.
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    дали си ти спремна за такво нешто
    читам имаш само 19 години-излегувај,дружи се, белки има и некој Македонец што ти е по мерка оти вака си го комплицираш премногу животот
     
  5. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Размисли зашто твоите не ти дозволуваат да бидеш со него , а доколку мислиш дека имаш иднина со него тогаш разговарај со твоите и кажи им ги намерите со тој дечко па можеби ќе омекнат твоите :)
     
  6. marijana-22

    marijana-22 Нов член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Да православен е. Неколку пати се трудам да им објаснам на моите е дека е Македонец и дека е православен но залудно зборувам, си стојат на своето. И тој сака да стапи во контакт со нив ама не сакаат да го ислусаат со има да каже. Што и да направам некого ќе повредам.
     
  7. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    А како се запознавте? Нели може некако да го викнеш дома и да им објасниш? Или излегувај со него ако е во Македонија или ако одиш,смеј се биди среќна цело време, се осеќа кога на човек му е убаво со некого.Дури овие Албанци знам дека се многу љубоморни кога станува збор за жена и дека никој несмее да им ја допре, или недајбоже да ја удри.Знам луѓе од Албанија затоа што имам неколку пријатели од таму и не се ни женкари ни сељаци, многу работат и многу гледаат за дома.Тие се исто како ние Македонците од Европа или Австалија, само што ја смениле државата на некој начин.
    :)
     
  8. marijana-22

    marijana-22 Нов член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Сестра му ми е другарка и го зана одамна, а од летото сме во врска. И ние двајца сакаме да разговараме со моите ама проблемот е во тоа сто тие не сакаат да не ислушаат... Сега тој работи и живее тука во Скопје ама работата е што тој е со постојано место на живеење во Албанија...
     
  9. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Од летото сте во врска? Според мене тој е многу краток период, има време за венчавка, ама не знам како сакате вие така правете.... А за тоа дека родителите не ти дозволувале, седни со нив разговарај и објасни им дека многу го сакаш и дека не е убаво да те оддалечуваат од она што го сакаш само затоа што имате друга религија, а можеби и тие имаат некоја причина зошто не ти дозволуваат незнам.. :)
     
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се уште си млада за нешто сериозно.Животот е пред тебе,излегувај,дружи се,образувај се,разменувај искуства и учи од повозрасните.Не велам дека секогаш треба да се прифатат нивните мислења,но имај доза на резерва и дај си време за размислување.Можеби убавите моменти поминати со него да се само минливи.Не знам колку често се гледате,на која возраст е и колку можеш да му веруваш.Мој совет е, никогаш не ставај никој пред себе и за ништо.Животот е меч со деве острици,не знаеш дали некоја од нив тебе или другиот ќе го погоди.Со родителите разговарај смирено,не ти мислат лошо,напротив некогаш и премногу заштитнички се поставени со цел да не предупредат за грешка.Не сакам да те разочарам и да звучам песимистички,но сепак биди внимателна.
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.706
    Пол:
    Женски
    Абе си рече девојчето дека детето е православен, само живее во Албанија
     
  12. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Не ми е јасно, зошто имаат проблем твоите со тоа?Ако момчето е сериозно, културно, те сака и сака да биде со тебе. Можеби поради далечината, годините? како ќе се гледате?парашај ги???Дали врските на делечина траат...Сепак и двајцата сте млади, но доколку сте сериозни во намерата да бидете заедно има решение за се. Пред се, мислам дека треба да го викнеш кај тебе дома и да го запознаеш со твоите родители, нека видат кој е, што е, како се однесува со тебе и со нив, па потоа нека ти го кажат своето мислење. со среќа ;)
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Искрено јас мислам дека се плашат да не ја лаже типот дека е Македонец и православен. Или пак мислат дека е млада и се плашат да не се занесе многу па да си го стави животот на стенд бај. Веројатно и двете.

    Како и да е, родители се, нормално дека се грижат и колку и да ни` изгледаат радикални на почетокот, со годините доаѓа и разбирањето за нивните постапки. Едноставно, деца сме им. Не може да бидат објективни и непристрасни at all times. И јас порано не можев да си го замислам тоа и знам дека додека самиот човек не го почувствува тоа, џабе му го збориш.

    Трпение и упорност само (доколку навистина се сакате). Со текот на времето ќе увидат дека тој човек е искрен и те усреќува.
     
  14. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Абе немора да значи дека мора одма свадба да се прави, најубаво е прво да се видите подолго време заедно и ако неможеш да го донесеш дома најубаво одете негде надвор со твоите или здружи се со сестра му пак е друго ако ти е другарка, викни ја дома нека видат дека се добри и дека немаат лоши намери. И би требало да ти дозволат ако ти е другарка веќе долго време :) И не е важно од каде е важно е каков е. Или пробај со сестра му заедно викни ги или ако имате заеднички другар :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.