Како што можеби веќе сте прочитале, фондацијата „е-Македонија“ започна со реализација на проектот „е-Бонтон”, со цел создавање на правила за убаво однесување во е-комуникацијата и подигнување на јавната свест за начинот на кој луѓето комуницираат на интернет. Фемина ја поддржува оваа иницијатива, па еве специјална тема во која би можеле да напишете по некое правило и предлог за убаво онлајн однесување. Истото може да се однесува на форумот, но и генерално на комуникацијата на интернет (социјални мрежи, e-mail, чет и сл.) Ве молам секое правило да го пишувате во одделно мислење, а доколку некој пред вас веќе напишал нешто слично, едноставно кликнете „Ми се допаѓа“ на неговото мислење. Па, да помогнеме во креирањето на прирачникот. Меѓу другото, правила може да се испраќаат и тука: http://ebonton.mk/Home/BontonPravila
Хм, убаво што и Фемина го поддржува е-бонтонов...Најубаво ќе беше да имаше правило сегде да се пишува на кирилица (македонскава поддршка) како и на Фемина, иако ова не верувам дека некогаш би се реализирало зашто 50% ја немаат оваа навика ни пак имаат на компјутерите немаат македонска поддршка. Исто би било убаво да нема заканување преку интернет од типовите: “Леле , ако те начекаам..’’ итн. итн. што сум ги сретнувала на други форуми.Или пак да не се прават плагијати , и онака противзаконски е , и да викаш дека ти си ги напишал, односно да треба да се напише и изворот...Се на се интересна тема, а и корисна Сега ќе испратам и на е-бонтон нешто што ми текна...
Прекрасна тема, навистина убаво што Фемина ја поддржува иницијативата Мислам дека е потребно да се создаде овој е- бонтон, со цел да има некаков правилен редослед во однос на оставање нели коментари на интернет, кои не би биле несоодветни, бидејки и треба да се внимава на начинот на однесување воопшто, не само на интернет.Секако дека секој би се искажал, онака како што сака, но сепак не е само да се каже нешто, а истото тоа да изгледа прилично лошо, со тоа се создава одбивност од страна на оној кој сака/л да прочита онаму каде што е поставен коментарот.Би било добро да се стави љубезноста према другите луѓе како правило, нешто што мислам дека дополнително би требало да ја има во тие правила на тој е - бонтон, затоа што нељубезноста е таа што ја создава таа одбивност. Отприлика тоа е тоа што сакам да го кажам во врска со темава
Убаво и браво што Фемина го подржува ова ама мислам дека е џабе сето тоа ... Сигурен сум дека нема ништо да смени со тоа ... пак 90% од правилата ќе бидат злоупотребени и непочитувани Треба со ХАмшик да ги тепаш додека не научат правилно да се понашаат на фацебук и остатокот од мрежите
.. ......хахаха....појма немав дека има и е-бонтон-правила за добро однесување на интернет... ние не го почитуваме оној класичниот бонтон па камоли овој е....правилата се пишуваат и спроведуваат,да,ама и постојат за да бидат кршени....хахаа......се шалам само онака....мислам дека проблемот е во нашата свест,воспитувањето и квалитетот на живеење....сето тоа си го носиме секаде,нашето однесување и постапки....без оглед на се,мислам дека интернетот и се она придружно треба да го сватиме како извор за информации,и забава...така да не треба да има навреди и исмејувања посебно на социјалните мрежи,на туѓите профили ,не се убави лажните преставувања,покажувања на ниски страсти...сето си има место,време и прилика за покажување,така да онлајн и не е баш убаво.. ... . ..без оглед на се сите сме различни под ова небо,така да не можиме да очекуваме и исто разбирање на правилата ......мене на пр не ми треба бонтон,од мала си знаам како треба да се однесувам во однос на другите и тоа си го практикувам секаде,и во реалност и во виртуелен свет.. ..
Треба богами вакво нешто, ама како што кажа Yipman2 повеќето нема да ги почитуваат. Едно од мене: никако пишување на „w“ наместо „в“ или „р“ ( прочитав некаде промена од „в“ во „w“ - гласовна промена наречена дебилизирање ).
Благодарение на овој е-бонтон ... имав изработена прекрасна семинарска по предметот Култура на изразување и комуникација. И си добив максимални поени п.с. само мислам дека ни 50% ова нема да влијае на некои луѓе
би додала немој да го секниш носот над тастурата ама ќе звучи многу глопаво,шо би рекла една блага душа...