1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

значења на симболите при гледанје кафе

Дискусија во 'Канта' започната од simpaticnaa, 20 август 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    Голем број од љубителите на турското кафе, честопати знаат по завршувањето со пиење да ја „свртат“ шолјата и да ја подготват за гледање. Тоа несомнено е дел од македонското секојдневие. Без разлика дали веруваме или не во „предвидувачката моќ“ на кафето, тоа продолжува да биде неизбежен дел од утринскиот разговор со нашата најблиска пријателка.
    Обичајот да се гледа на кафе за прв пат се појавил во Отоманската империја, но од таму со тек на време се раширил низ целиот свет. Постојат многу различни интерпретации на симболите, како и правила за тоа како треба да се одвива гледањето на кафе. Но, има и неколку општоприфатени значења на оние симболи кои најчесто се појавуваат во нашите шолји.

    Основни правила за гледање на кафе
    И покрај тоа што може секој ден да се гледа на кафе, се верува дека е најдобро тоа да биде во вторник и петок, како и да се избегнува недела и деновите на верските празници. Исто така се верува и дека е подобро да се гледа претпладне отколку попладне.
    Оној кој гледа на кафе, треба тоа да го прави во својот дом.
    Не е пожелно на една личност да ѝ се гледа повеќе пати во текот на неделата.
    Никогаш не додавајте дополнителна количина кафе, вода или талог во вашата шолја пред гледањето. Исто така не ја вртете шолјата повеќе пати, со цел да имате повеќе фигури во неа. Најправилно е да ја поклопите со тацната и потоа во еден потег да ја превртите. Откако ќе го сторите тоа, почекајте барем 10 минути да се исуши талогот, пред да почнете со гледањето.
    Само на една личност ѝ е дозволено да гледа во шолјата, и истата треба сама да го заврши гледањето до крај.
    Додека некој ви гледа на кафе не е препорачливо да го прекинувате со прашање, на тој начин можете несвесно да му сугерирате одредени работи и да му го одвлечете вниманието во погрешна насока.
    По гледањето најчесто се замислува една или три желби.
    Оптимален период за гледање на кафе е од 10 до 15 минути.
    Шолјата е поделена на 5 полиња. Првото поле се однесува на личноста на која ѝ се гледа, второто поле се однесува на најблиската фамилија, третото поле се однесува на личноста со која е во емотивна врска, четвртата страна е за пријателите, познаниците, соработниците како и за работата/факултетот, додека пак петтата страна се однесува на карактерот на личноста и на нејзиниот дом и семејство.
    Редоследот на гледање во шолјата според полињата е 5, 1, 2, 3, 4. Симболите се толкуваат од лево кон десно и одоздола кон нагоре.
    Значењата на најчестите симболи што се појавуваат при гледање на кафе
    Ангел – Среќна случка во вашиот дом, принова, ненадеен финансиски успех, наследство.
    Авион – Работа со некој близок пријател која има неизвесен крај.
    Автобус – Патување со друштво, екскурзија, излет, службен пат.
    Автомобил - Во брзо време ќе се случи нешто важно.
    Бик – Доколку личноста е женско, некој нападно ѝ се додворува и не знае како „да го откачи“, додека пак ако личноста на која ѝ се гледа е машко – не губете го времето со девојка која не е слободна.
    Букет – Вашиот сосед/ка се заљубил/а во вас. Може да претставува и трајна љубов.
    Брод – Во брзо време ќе одите на долго патување.
    Бебе – Новости во домот или во вашата блиска околина.
    Вага - Успех, тоа што сте го вложиле повеќекратно ќе ви се врати.
    Вазна - Бидете достоинствени, не дозволувајте да ве понижуваат.
    Врапче – Ситна штета што ќе ви направи многу големи непријатности.
    Глава - Ќе запознаете многу влијателни луѓе.
    Гуштер – Пријателот на кој сметате, нема да ви помогне.
    Дрвја – Опкружени сте со одлични пријатели, а за тоа не сте свесни. Желбата ќе ви се исполни.
    Друштво – Весел провод, со многу гласна музика, алкохол и пијанство.
    Детелина – Ви престои среќа во љубовта.
    Жаба – Интриги. Вашата фамилија озборува.
    Жена - Доколку е во горниот дел од шолјата, среќа. Ако се наоѓа во долниот дел, претставува љубомора.
    Жирафа - Не бидете толку важни и вообразени.
    Змија – Ќе ви наштети женска личност од вашата околина.
    Змај – Разгорување на страстите со личност од вашето минато.
    Јато птици – Луѓето премногу се мешаат во вашите деловни планови.
    Јарец – Тврдоглавоста скапо ќе ве чини.
    Клуч - Ќе ви помогне постар господин во работата што неодамна сте ја започнале. Успешно разрешување на некој проблем.
    Книга – Ви треба стручен совет и помош.
    Коњ - Ви престојат големи љубовни авантури. Добивка, пријателство, искрена љубов, верност.
    Куче – Верност. Вашиот пријател има потреба од ваша помош.
    Кафе - Во брзо време ќе ви дојдат гости.
    Кокошка - На повидок е жестока караница.
    Круна – Позитивен знак, успех на сите полиња.
    Лав - Ќе ја здобиете довербата на некоја угледна личност. Пазете се од луѓе што многу лесно ветуваат.
    Мачка - Кавга во фамилијата поради пари. Ќе запознаете многу интересна личност. Имате некое лажно пријателство за кое не сте свесни.
    Месечина – Ќе бидете излезени со ново друштво.
    Мост - Ќе барате помош од истиот пријател кој го барал тоа од вас во минатото. Брз успех и исполнување на желба.
    Око - Некој веќе подолго време сака да ве види.
    Оџак - Голема среќа во блиска иднина.
    Прозорец - Вашите соседи се многу љубопитни. Постојано ве набљудуваат.
    Прстен - Ако се наоѓа на дното претставува посветување, сериозна љубовна врска, веридба. Доколку се наоѓа од страните, внимавајте бидејќи некоја личност не е многу задоволна со вашата одлука на оваа тема.
    Пердув – Нема причина за вашата љубомора.
    Пчела – Пред вас е најуспешната година досега. Ќе си ги остварите сите планови.
    Рака - Непријатности со полицијата.
    Слон - Огромниот труд кој го вложивте, конечно ќе ви донесе решение на проблемот.
    Сончоглед – Премногу сте недоследни кога станува збор за љубовта.
    Секира – Наскоро ќе има пресврт во вашиот живот.
    Часовник- Времето работи за вас.
    Стрела – Не ја пренесувајте понатаму веста што ќе ја слушнете.
    Фенер – Неочекувана промена во вашиот живот која ќе ви предизвика огромно задоволство.
    Шешир - Еден од вашите најблиски пријатели ќе се обиде да сокрие нешто од вас.
    Значењата на броевите
    1 – Почеток, вест, честитка.
    2 - Запознавање, посредување, ќе ве повикаат како сведок на суд.
    3 - Ново познанство.
    4 – Разговор.
    5 – Успех, ќе ви бараат пари на заем.
    6 – Штета во вашиот дом, пожар, кражба на автомобил.
    7 – Нова љубов (ако седмицата е без црта), обновување на стара љубовна врска која ќе заврши на истиот начин (ако седмицата е со црта).
    8 - Ќе вложите пари кои ќе ви се удвојат.
    9 – Почеток на сериозна врска, веридба, брак.
    10 –Значењата на буквите
    А – Почеток на нова работа.
    Б - Оргинална и мила личност.
    В - Агресивност, победа.
    Г - Искреност, јасни мисли.
    Д – Себичност.
    Е – Самодоверба.
    Ж – Исполнување на желба.
    З – Темпераментност.
    Ѕ - Оргиналност.
    И – Нови информации.
    Ј – Необична љубовна авантура.
    К – Караница со блиска личност.
    Л - Истрајност, упорност.
    Љ – Искрена љубов, склоност кон сожалување на себе.
    М - Природно, спонтано, нови можности.
    Н – Благородност.
    О - Егоист.
    П - Умереност.
    Р – Сила, Хармониа.
    С - Голема среќа.
    Т – Имате премногу предрасуди.
    У – Тврдоглавост.
    Х – Остварување на целта. Ќе добиете неочекувани пари.
     
    На Twetty.swetty му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Twetty.swetty

    Twetty.swetty Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    8
    корисни совети.....може ќе ми послужат
     
  3. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
  4. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Сето oва е супер само што моја пријателка всушност комшика која навистина ни погодува еднаш ни каша дека дека таа гледа од забава да отепаме време кога ја прашавме како се е точно рече ја цитирам
    многу е вазно фугурата и што има нед неа тоа е иднина под неа минато од лева страна нешто што го сакаме,а од десна сегашноста но и стравот искрено незнам дали е баш како што вели таа но знам дека еднаш ми рече дека ке завршам во болница но ништо срашно и навистина другата ден ја повредив раката
    за лјубовта вели дека дека лицето од каде што пие се неговите желби кои ги посакува,а од стрната е заедничкиот живот пак ќе речам незнам дали е во право,но ова со ракава не го заборавам никад
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.