Предложете курсеви кои не се многу скапи, а ќе придонесат по извесно време со знаењето кое сте го стекнале да заработувате. Конкретно за курс за депилација мислев дека се учи брзо и лесно, но луѓе кои работат рекоа дека не се учи лесно и дека се потребни дури 2 години. Дајте идеја каков курс би бил исплатлив.
Девојки зарем немате завршено курс кој ви помогнал понатаму во животот полесно да се вработите?Јас курсеви за јазик имам посетувано, ама кај нас јазик мора да знаеш скоро за секоја професија и тоа не носи некој којзнае каков бенефит освен што ќе покажеш самодоверба во контакт со странци. Споделете искуство за некој корисен курс.