Имам дечко веќе 15 месеци, а од пред една година сме сексуално активни. Од нова година пробавме анален секс, и како за прв пат помина во најдобар ред. Анален секс имав и со претходното момче и немав никакви непријатности во врска со тоа. Меѓутоа, последниов пат кога имав анален секс, ми се појави крварење при дефекација, непосредно по сексот. Досега значи, ми се нема случено ова, и малку се испаничив. Знам дека секој би ми препорачал да посетам доктор, меѓутоа, би сакала прво да се консултирам со луѓе кои можеби би знаеле какви мерки да превземам бидејќи темава е малку срамна за на доктор. Инаку, причината за крварењето е најверојатно поради тоа што имам проблеми со хемороиди одвреме - навреме, па ме интересира дали ова крварење може да предизвика нешто сериозно, или е вообичаена и честа појава. Благодарам однапред
Е ова ти се вика од ништо да си напраиш нешто! Немам ништо против аналниот секс, кому му е убаво нека си го практикува но општо се знае дека таа "дупка" си има друга намена и каде каде е поосетлива за разлика од вагината. Поради тоа и аналниот секс треба да се практикува повнимателно и се користат лубриканти при пенетрација. Сепак, нема да добиеш некој којзнае каков корисен совет тука, затоа најдобро е да си посетиш лекар. Нема од што да се плашиш и срамиш, верувај со моево искуство во болница имало и побизарни изјави од тоа дека си имала крварење после анален секс. Не е толку страшно да се каже, може си повредила некој свинтер или ти крвари некој хемороид (веќе спомна дека имаш проблеми со нив) а тие знаат да бидат многу незгодни и не секогаш се лечат до крај. Поздрав
Многу е веројатно крварењето да е поврзано со хемороидите,меѓутоа сепак ако те измачува најдобро е да си одиш на преглед. Бидејќи си го практикувала и претходно аналниот секс без проблеми и овој пат сигурно не е нешто сериозно во прашање. А во врска со постот на Палава не се согласувам со тоа дека дупката си има друга и треба да е само таа намена поради зголемена осетливост. Јас си практикувам често анален (и тоа најчесто без никакви лубриканти) и никогаш не сум прокрварила.А вагинално прокрварив и бев на преглед излезе дека е овулациско крварење и ништо страшно,ама општи правила кому што ќе се случи нема.
Хемороиди, евентуално ако дечкото бил малку погруб, па ти ја повредил слузницата... и не е срамота да се оди на лекар за ништо! Затоа се тие тука
Пред лекар и пријател нема срам. Не е лошо да се миеш со ладна вода и следниот пат користи некое лубрикантче.