Мислам дека за оваа тема ќе се развие дискусија, ама пред да почнам само да ве замолам без препукувања, да не заврши "славно'' темева Па што мислите за хомосексуалците и тоа што ги бараат своите права? Што мислите за нивните геј-паради, за склучувањето на бракови помеѓу нив, па дури и за посвојувањето на деца од геј-семејства? Јас искрено иако подолго време размислувам на оваа тема немам некое цврсто изградено мислење. Сум имала прилика да видам некои такви типови и мене искрено ми се смешни, нивното држење на телото, зборувањето- незнам ама интересно ми се. За оние геј паради за кои сум слушнала-сите биле со мажи како од мајка родени што баш и не ми е за гледање. Брак, искрено, можам да преминам преку тоа, но сепак да посвојуваат деца некако ми е чудно и неприфатливо. Мислам дека децата треба да растат во нормално семејство со татко и мајка. Но немам ништо против бидејќи секогаш првенствено луѓето ги ценам според тоа колку се човечни, а не по сексуалната ориентираност.