1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Ја дадовме” - местото на жената по стапување во брак

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од vaga95, 19 јуни 2018.

  1. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Неретко ми се случувало да наидам на ситуации каде при спомнување на девојка/жена која стапила во брак се потенцира дека таа е дадена во друга фамилија, па со тоа веќе не е дел од претходната.

    Една од нив беше во мојот потесен круг на семејството, каде мои роднини добија покана за свадба но не беа во можност да присуствуваат, па им предложив во нивно име да оди ќерката ( омажена ), барем само таа, за да ја испочитува поканата, на што добив превртување со очите под изговор дека тоа не е во ред, таа е сега дел од друга фамилија.

    Како ги коментирате овие ставови/обичаи или што и да се?
    Колку се практикуваат надвор од нашиве простори?

    Според мене е крајно безобразно и навредливо, зарем жената е некој предмет врзан со машничка кој се подарува од една фамилија на друга и следствено на тоа веќе не влегува во плановите на семејството каде што се родила и израснала?

    Зарем не треба бракот да е еден вид на стекнување на две фамилии, две семејства на пат кон создавање трето-свое?
     
    На Јаневски, PaLaVa, sj *O* и 20 други им се допаѓа ова.
  2. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Само едно ќе искоментирам за ситуацијата.
    Моите родители ме имаат мене и уште две ќерки. Значи ли тоа дека немаат кого да „пратат„ на свадба како претставник ако не им се оди? (со оглед да сите три сме „дадени“)...:?:
    Не знам што да кажам освен еден збор - „заостанатост “...
     
    На BGLIGOROVA, calliope, Јаневски и 18 други им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Тоа се заостанати сфаќања. За жал, и во 21 век ги има. Жената ако се омажи оди во друга фамилија. Значи, излегува дека таа има нова фамилија? Свашта.
     
    На sj *O*, Lolo5, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Ова можеби некогаш било.
    Сега повеќе мајките од милост го кажуваат ова...
     
    На Petra777, Lolo5, Harper и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Ми се ежи кожата и осеќам грутка во градниот кош кога помислувам на ова. Се надевам нема да дочекам моја свадба. Секој аспект од тој збор ми е одбивен.
     
    На PaLaVa, Lolo5, Nigredo Odor и 7 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Ако моите размислуваат вака, ќе биди после свадба како буквално да ме дале зошто нема да ме видат. :devil: Сакам во семејство да бидам поддеднаква со брат ми. Колку он- толку јас. Сакам моите деца да бидат еднакви и ни на момент да не почувствуваат дека ги делам било како, а најмалку по пол.
    Свадба со традиции не сакам зошто повеќе од пола зборуваат за како тоа ја купуваат и даваат/ земаат невестата, што према мене е понижувачки.
     
    На PaLaVa, Tatjana95, sj *O* и 20 други им се допаѓа ова.
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.433
    Ако се зачитаме во темата за снаи и свекрви ќе видиме на колку им сметка кога керката си доаѓа кај родителите со децата или пак обратна ситуација кога на свекрвата и смета што снаата оди кај мајка и, така да уште свесно или не се смета дека жената оди кај мажот и е дадена таму, и иронијата да биде поголема веќе не е член на нејзиното претходно семејство, АМА не е ниту полноправен член на семејството на мажот оти нели дојдена е. Исто и од темите за развод, поголем дел од родителите не се противат и жените имаат поддршка да се разведат и да се вратат назад, но има и такви родители што сметаат дека ,,ја дале,, ќерката и лошо-добро не ја поддржуваат да се врати назад и да се разведе макар ја утепале таму.
     
    На Tatjana95, sj *O*, Victorian и 17 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Мене ме 'дадоа', а брат ми 'зеде'... Ова од мајка ми... од татко ми (Бог да го прости), не сум го чула.
    И не е само на збор, туку и на дело ми има покажано 'кај ми е местото'.
    Ќе се тешам дека сум постара од вас (не знам дали сум), па во поновите генерации не е така.
    Имам ќерка и не можам да замислам да ја гледам со такви очи.
    Цела среќа што со сопругот имаме добар брак, иначе, не знам како ќе изгледаше сето ова.
     
    На BGLIGOROVA, calliope, sj *O* и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    Очигледно дека од тука потекнува праксата невестата да им се обраќа на свекорот и свекрвата како на своите родители. Да наречам свекрва мајка? Ајде... :doh:
    Некогаш навистина било така, баш буквално ја давале. Денес, за жал, некаде е останато тоа: син во поодминати години е во ред да остане дома, на него гледаат како на некој што ќе донесе невеста во таа куќа, додека за ќерката во поодминати години мислат дека е вишок и дека веќе не припаѓа тука. Греота.
    И сакам да кажам тука дека супер е што се има право на избор да се задржи своето презиме и да се додаде новото. :smirk:
     
    На Petra777, sj *O*, Victorian и 18 други им се допаѓа ова.
  10. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Јас го имам задржано моето презиме и додедено на сопругот. Без никакви кавги, само му кажав тој рече „ОК“ твое право. По некој месец од свадбата бевме излезени друштво (значи тогаш границата на возраст во друштвото беше од 28 до 31/32) па еден од другарите на мм, ете млад, образован, вработен, социјализиран, ми вика „тоа што го задржа презимето е само знак дека не го почитуваш сопругот“...WHAAAAAT???
    И што очекувате кога некои млади така се однесуваат. ММ само му се насмеа и му вика „ако сметаш дека со презиме се искажува почит, многу далеку си стигнал со размислувања“...Е сега, тој другар/пријател, демек главен во семејството е, супер друштвенм, ама жена му негова скраја да е да посака да спие кај мајка и една вечер...дадена е готово, не може...

    Сакам да кажам, не е само дека родителите сметаат дека „ја дале“, некогаш ако зетот се погоди да смета дека „ја зел“ и готово негова е....размилувањата продолжуваат на натамошните генерации.
     
    На BGLIGOROVA, calliope, sj *O* и 25 други им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Јас го носам презимето од маж ми. Тоа ми е голема грешка. Требаше и моето да стои. Ама планирам да го сменам. Среќа што постои таква опција. Пред да се земеме маж ми немаше ништо против да се презивам како што сакам. Ама се премисли. Очигледно некој му го наполнил мозокот. Ми рече дека ако не го носам неговото презиме, тоа значи дека не го почитувам. Свашта. Му реков дека ќе го земам, ама дека моето пак ќе го вратам. Така и ќе биде. А и џабе што го носам неговото презиме, кога стои само во документи (не во сите). Ме потпишуваат со старото презиме. Мислеше дека ќе ги викам неговите мамо и тато, ама се зезна. Јасно му кажав дека тие не ми се родители, туку негови родители. Со нив само муабет од култура. Ама да им слугувам за да се покаже снаата, не фала. Имам и пишувано во темата за свекрвите и снаите - проблеми. А они очекуваа дека ќе ги гледам како мајка и татко, ама се излажаа. Свекрвата во една прилика ми рече - да те видам што снаа си. Ма кој фактор е она за јас да се покажувам пред неа.

    Која ми е поентата. Во селата во внатрешноста, за жал уште има старовремски сфаќања. Маж ми потекнува од едно такво село. Таму снаата треба да ги гледа свекорот и свекрвата како свои родители, да им оди по газот, да им слугува, да ги вика мамо и тато, да го носи нивното презиме затоа што сега тие и се фамилија. Мое мислење дека е џабе сето тоа ако не може органски да ги поднесе. Јас немам мајка и нема шанси да наречам мамо друга жена. Имаше еден обид од едниот девер така да ги викам, ама татко ми му одржа една лекција. Па после тоа и јас. Не сакам кога некој ми се меша и ми кажува што да правам.
     
    На BGLIGOROVA, sj *O*, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    4.020
    Пол:
    Женски
    Значи тука лежел зајакот, па го дробиш ова по секоја тема. Не бе маче до фамилијата на твојот сопуг е не е до селата. Еве јас се омажив во село во внатрешноста па ништо не ми фали и никој ништо од мене не очекува ниту пак ми се меша во одлуки. Многу ти се безвеза генерализациите што ги правиш.

    На темата нигде не ме дале, сама си отидов. Е добро де дојде мм со фамилијата официјално да ме побара од татко ми и мајка ми (откако ние сами си се договориваме дека е време да се земеме). Не знам на мене некои обичаи од нашата култура многу ми се допаѓаат. Немам некоја потреба да бегам од традицијата. Изразот " ја дадовме" сам по себе и не е ништо лошо. До некаде и во право е, искажува дека невестата со сопругот сега си гради сопствено семејство, каде што сопругот ќе ја гледа и чува, како што тие предходно се грижеле за неа. И како што кажа @referentka повеќе од милост се кажува.
    Мене не ми се случило од кога сум омажена да не се осеќам како дел од фамилијата на мајка ми и татко ми ниту пак некој од роднините ме занемарил. До луѓето ќе да е. Не ќе да е до изразов.
     
    На Victorian, jacqueline.s, Lolo5 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Ако ти имаш добро искуство, треба да и други да имаат? И во што е проблемот ако пишувам и во други теми? Нити навредувам некоја членка, нити понижувам. Јас би рекла да не сте им во кожа на тие што имаат такво искуство. Лесно е да се коментира од страна. И да, до селата е. Затоа што во тоа село жената нема право на глас. Ја третираат како стока купена на пазар Затоа не се нафатив да живеам таму. Не дозволувам некој да ме понижува, па ако сакаат нека мислат дека сум лоша и арогантна. Конкретно, пишував за тоа село, и за тие околните. Да напоменам дека добив едно убаво понижување од една комшика на свекрвата. Едвај се воздржав да не ја отерам во три лепе.
     
    На Lolo5, Joi, КикиМаус и 4 други им се допаѓа ова.
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    4.020
    Пол:
    Женски
    Навредуваш цела популација која живее низ селта во внатрешноста. Јас 30 години живеам во село па ете немам лоши искуства ни со комшии ни со пријатели. Ни пак некој ја тртирал жената како што ти кажуваш. Пак ќе ти повторам до луѓето е не е до околината.

    Он, јас лично имам две фамилии кои стојат подзади мене и мм и не подржуваат во се.
     
  15. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    797
    Пол:
    Женски
    Не е до ништо друго, само до луѓето. Среќа моите се млади и современи па откако се омажив сеуште е исто како да сум дел од нивната фамилија, а исто и сопругот. Секогаш сме добредојдени и наместо вакви застарени работи да кажуваат тие велат "ете ја омаживме, ни се зголеми фамилијата"( мислејќи на зетот). Исто и свекор ми и свекрва ми. Никогаш немало проблем да отидам кај моите да спијам, или на гости. Иако откако се земавме често одев на спиење, сега некако и сама не сакам, па не одам. Никогаш никој не ми се мешал во тоа, ама пак ќе кажам до луѓето е, до менталитетот и сфаќањата.
     
    На Victorian, Lolo5, КикиМаус и 5 други им се допаѓа ова.
  16. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден го гледав филмот Blue Jasmine (2013) и баш сакав да отворам тема на муабет на оваа твојава-ја дадовме. Но мојава тема сакав да биде нешто што кога жената сама себе си смета дека си се дала како подарок на мажот(особено подобро ситуиран маж,бидејќи таа самата или нема доучено за да се вработи некаде или нема ни еден ден работен стаж и единствен спас за преживување и е брак со таков маж во која таа се подарила себе си и по тој брак не може да функционира како независна индивидуа).
    Што со таквите жени кои самите сметат дека по брак му припаѓаат исклучиво на мажот и неговата фамилија и толку,крај на програмата на тема независност,индивидуалност,женственост.
    Крај?:^)Ако и воопшто имало почеток ако и воопшто некогаш осетиле слобода на духот.
     
    Последна измена: 20 јуни 2018
    На calliope, sj *O*, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Пишав села, а не пишав кои села. Добро е што ти имаш убаво искуство. Јас немам. Ни со фамилијата на маж ми, ниту со жителите од таму. Па јас не сум стока купена на пазар за они да си тераат мајтап со мене. Немам убаво мислење за нив и тоа е тоа. Затоа избегнувам контакти со такви.

    Друго ме интересира. Зошто жената кога ќе се омажи треба да седи дома и да чува деца, а мажот да работи?
     
    На Lolo5, cresa-jagoda, Joi и 5 други им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    За свадби и други слични прослави се гледа на дело таа заостанатост. Кога се брат и сестра, ако е мажена сестрата тогаш е во друго семејство, па ретко може да добие покана. Се знае дека братот секаде ќе оди |-)
    Ако се само сестри ништо чидно само најстарата да добие покана, а ако се браќа тогаш некако подеднакво ги сметаат.

    Исто и јас бев сведок на такво заостанато размислување сега во поново време.
    Прво, еден пар решиле и двајца да имаат по две презимиња и кога се запишувале кога рекол дечкото дека го задржува своето и го додава нејзиното, брат му и татко му се мавале по глава, хистерично се смееле, дофрлале дека е папучар и за малку ќе ги избркале (facepalm) На што личи машко да додаде презиме? Хеллоооуууу |(
    И второ, решиле да прават свадба некои од кругот на фамилијата и на сите им пратиле покана освен на братучетка ми пошто е мажена и веќе била во друго семејство.
    СРАМОТА било зетот да дојде :o
    Па така сфатив дека и јас кога ќе се мажам очигледно ќе ме делат од семејните прослави зашто заминувам во друго семејство 8)

    Искрено не ми е толку битно размислувањето на такви пештерски луѓе.
    Се додека моите дома не размислуваат на тој начин и исто не третираат со брат ми, другите што сакаат нека прават.

    Во денешно време кај поголем број семејства фразите од типот на ја зедовме, ја дадовме, ни ја зедоа повеќе се користи како за забава, а не нешто страшно, за разлика од порано кога навистина ги земале и ретко ги гледале.
     
    На calliope, 1209, Victorian и 13 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl а зошто било срамота да дојде зетот на свадба? (facepalm)
     
    На Lolo5, cresa-jagoda и Плавуша123 им се допаѓа ова.
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Таквиот менталитет и обичаи од турско се останати, бидејќи нели традиционалните муслимански семејства уште од мали на децата им имаат најдено сопатник, девојките ги третираат како добиток а не како луѓе.
    500 години не се малку... Од корен го имаат сменето овој народ. Па кога ќе видам дека младоженецот ја купува невестата од братот на врата ми се лоши.
    Кога маж и жена стапуваат во брак тие заедно двајцата оформуваат ново семејство, ниту жената оди во друго семејство, ниту мажот, туку заедно создаваат ново.
     
    На sj *O*, Lolo5, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.