1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Ја дадовме” - местото на жената по стапување во брак

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од vaga95, 19 јуни 2018.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.925
    Допаѓања:
    35.765
    Пол:
    Женски
    Затоа и го пишав тоа Стока купена од пазар. Ама некои не сфаќаат дека младите формираат ново семејство. Мислат дека снаата треба да се покаже пред нив. Срамота е ако не ја бива.
     
    На sj *O*, Lolo5 и Vitaly им се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Се надевам ќе се искоренат таквите мислења за некоја деценија. Ниту снаата треба да се покаже пред родителите на сопругот ниту тој на нејзините родители. Човечки е да се помогне, но да се третира снаата како слуга сосема не е во ред. Па уште кога ќе видам дека мамо и тато ги вика родителите на сопругот.....
    Има и случаи каде што и мажот оди кај родителите на сопругата па работи се и сешто како амал, имам и таков случај видено.
     
    На sj *O*, Victorian, Lolo5 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.925
    Допаѓања:
    35.765
    Пол:
    Женски
    Случка од мојата веридба. Откако излеговме од кај мене, отидовме кај мм. Јас очекував таму да бидат само најблиските роднини. Што да видам. Скоро цело село дошло. Ми идеше да пропаднам во земја. Застанале во двор и ме гледаат. Срамотилаци. Кога го прашав маж ми зошто имаше толку народ, он ми одговори - Да те видат каква си. (facepalm) Ништо не му одговорив. Не знам дали ова ќе се искорени.
     
    На calliope, Lolo5, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    6.548
    Пол:
    Женски
    Ова мене ме прашуваш? Ако да тогаш да, тогаш поима немам зошто. Јас од кога памтам мајка ми работи и јас бев во градинка како мала, исто и свекрва ми работи од кога знам. Јас работев до скоро и тоа одев на работа и плус работев од дома. Моментално се дообразувам па не работам, одамна имав желба да добијам и друга диплома па сега работам на тоа.
     
    На Victorian, cresa-jagoda, SV1911 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Можам да замислам... Како на турски филм. Се надевам ќе се искорени за една до две децении.
     
    На sj *O*, Lolo5, Плавуша123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Ако мислите дека ова е искоренето, не сте во право. Професорка по историја ни имаше дадено проект за семејно дрво, а притоа потенцира да се следи разгранувањето само и единствено од страната на таткото, роднините од кај мајката кој ги шиша. Кога ја прашаа дали да ги пишуваат братучедите од сестрата на таткото, рече не не, таа оди во друга фамилија, во тоа стебло ќе ја напишат. Овде само требало да нацртаме лист на дрвото и да го напишеме името на тетката.
    Не знаев дали да плачам или да се смеам.

    Исто така, друг професор по историја (не знам зошто и двајцата по историја со вакви сфаќања, човек ќе помисли на факс ги учат вакви глупости), ми вика ти ако имаш машко и женско дете како ќе им го поделиш имотот. Викам нормално, подеднакво. Тој вика да бе обавезно. Се знае, цела куќа останува на синот, ќерката оди во друга куќа и се откажува од нејзиниот дел. Му викам, мислите дека ќе се откажев од мојот дел ако имав брат? Вика секоја паметна девојка така би постапила. Зошто? Бидејќи морало да се следи традицијата, што ќе било ако почнел да раздава соби на женските деца, па да им текне да сакаат да живеат со сопрузите кај него, тоа ќе било чорба каша, немало да се знае дали тој зема или другата фамилија.
    (За овој муабет се испокарав толку многу со него што кажа дека нема да ме прими на час во септември, stay tuned :lol:)

    Само нешто ме мачи во врска со ова, ако бракот е помеѓу луѓе од ист пол, кој кого дава, кој кого зема?
     
    На calliope, *Ench@nted*, Bloom19 и 25 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не е ни до турците ни до селата. Мајка ми е образована македонка, па пак мисли дека жената кога ќе се омажи, кај родителите веќе не и' е дома. Нема проблем да одам и да останам со спиење, не е дека не живее со сопругот мој, јас не се согласувам со нејзините ставови. Чисто се сомневам дека ако се разведам, би ме примила во таа куќа (не дека би ми требало таму да живеам и да се разведам), бидејќи таа куќа му припаѓа на брат ми, а јас ќе си барам 'кај мажот'.

    Воопшто не ми беше проблем да го земам неговото презиме и да ги викам неговите 'мамо' и 'тато', знам кои ми се родители, ама знам и дека фамилија (ни мојата, ни на сопругот), не избираме, туку ги добиваме од раѓање. Долго се чувствував како црна овца, насекаде, додека не го запознав мажот ми и не увидов, дека и има и други црни овци и дека всушност, се подобри од белите. :)
     
    На sj *O*, Lolo5, Joi и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Не претерувајте до толку со политичка коректност во врска со град/село, @SummerGirl ништо лошо и навредливо не пиша. Факт е дека во руралните средини кај нас (иако не е само таму и не мора да е и во секое семејство таму) најмногу опстојуваат овие традиционални обичаи посебно околу бракот. Можеби е од милост, но со време обичаиве стануваат застарени и излитени.

    Девојката не се „дава“, кога се мажи и фамилијата/домот во која е родена се нејзини и секогаш ќе бидат, исто како и на машко кога се жени.
    А кога сѐ уште не ја „дале“ после одредена возраст – стара мома е (наспроти машкото ерген и фраер), биолошкиот саат ѝ поминува... мех |(

    Ако се мажам во иднина, ќе си го задржам и своето презиме пред новото. А свекор и свекрва не ми паѓа на памет да викам тато/мамо.
    Против овие обичаи сум.
     
    На calliope, sj *O*, Victorian и 17 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.925
    Допаѓања:
    35.765
    Пол:
    Женски
    И јас сум моментално дома, ама планирам да работам. Претходно имам работено. Имам добивано коментари дека треба да седам дома, а маж ми да работи. Не ги разбирам. Сакам и јас да допринесувам во домот.

    Фацата моја тогаш не се опишуваше. Конкретно, ако снаата не ја бива, срамот ќе го кркаат свекорот и свекрвата. Ќе излезе дека стоката што ја земал синот е расипана. А ако синот се разведе, е тоа ќе биде скандал. (facepalm)

    @Lella татко на другарка моја го препиша имотот на брат и, затоа што само машкото имало право да наследи. (facepalm)
     
    На Victorian, Lolo5, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  10. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Мене не ме нервираат само овие работи. Освен што ме нервира тоа што едвај чекаат нивната ќерка да се омажи и да им ослободи простор во куќата со нејзиното заминување, ме нервира и тој притисок врз неа да се омажи за да не остане стара мома. Не велам дека и на нас машките дома не ни трубат што побрзо да се ожениме, ама јас сум им рекол на моите вас ако некој ви правел притисок јас не сакам на мене да ми правите. Живееме во такво општество каде што родителите очекуваат од своите деца да прават како што ќе им кажат и да им исполнуваат желби. Често ги наметнуваат своите неостварени желби на нив, на пример доколку не биле успешни односно сакаат ти да бидеш успешен и да им ја исполниш желбата или доколку тие се успешни ти си приморан да бидеш успешен од нивна страна бидејќи доколку не си стануваш поинаков во нивните очи. Многу мразам кога ме споредуваат со други мои врсници и ќе ми кажат зошто не си како него и да си го средиш животот на ист начин. Јас на тоа одговарам дека ова е мој живот и не мора да значи дека мора да правам се како што прават моите врсници. Се додека не им се спротивставиме со зборови и да кажеме дека не може на таков начин да не третираат ќе се случува девојката да биде испратена со фразата ја дадовме. Инаку верувајте овие работи нема да се променат бидејќи така останало од старите .(барем моите дома така го велат ова)
     
    Последна измена: 20 јуни 2018
    На sj *O*, Victorian, stetoskop и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.794
    Допаѓања:
    13.360
    Охоо, колку ги има такви. Демек ако имаш брат не можеш, ќерката омажена не може да спие кај родителите. Прости работи. Па и мојава свекрва има брат и ми вика: па што ќе одам толку често кај моите, да не сметам. :x
     
    На Lolo5, CameliaMiller и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Многу сум среќна за моето семејство додека ја читам темава.
    Никогаш немало поделба машко/ женско, и никогаш под default на никого не следувало имот, туку се што сум добила од моите било по заслуга. Нема што да очекувам да добијам стан ако не работам и лежам по цели денови, па без разлика дали имаат или немаат да ми препишат. Затоа што и за мене, и за брат ми, им било страв дека ќе пораснеме и ќе чекаме се на готово.

    Така што, кога станав сериозна, одговорна и посветена на работа почнав да ја добивам целата слобода на светот, не само финансиски, туку и чувствувам дека имаат доверба во мене.

    Никаков имот не ми е условен од тоа дали сум мажена, никаква финансиска помош не ми била скратена затоа што сум женско и научена сум да не чекам ништо од партнер, никогаш. Не би се ни мажела додека не можам самата да застанам на свои нозе, па и најбогат маж на свет да имам. Едноставно, така сум научена.

    И да, моите двајцата се од село :)
     
    На calliope, duffi, sj *O* и 19 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ете, за тоа зборувам, од село-од град, ич не прави разлика.
     
    На Lolo5 и Black girl им се допаѓа ова.
  14. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Калсичен пример за полова дискриминација. По оформувањето сопствена фамилија, партнерите не го губат својот идентитет. Тие се истите личности кои биле до тогаш. Тажно е што постојат луѓе кои размислуваат дека даваат нешто на некој друг.

    Ниту некој на некој ќе ме даде, ниту па некој друг ќе ме прими. Сѐ што е мое пред брак, останува на мене.

    А менењето презиме како постапка е друга приказна. Ме интересира, зошто жените го менат презимето за да го имаат истото на мажот кога имаат веќе свое презиме?
     
    На sj *O*, Victorian, Lolo5 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254

    На мажот ми ми беше поубаво отколку моминското :)
     
    На Lolo5 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.794
    Допаѓања:
    13.360
    А она ајде снашката да вари кафе. Откако дадовме збор, роднините на мм се затрчаа да видат какво кафе ќе сум сварела и да виделе дали ќе сум добра домаќинка. Па кога си отидоа им кажав и на мм и на мајка му дека мм не зел слугинка туку жена и нема што јас да настојувам на некои си таму. Прост и заостанат народ еј. А не живееме во село така што нема врска тоа.
     
    На duffi, sj *O*, Lolo5 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Океј, тоа е твојот избор.

    Јас никогаш нема да сменам презиме. Ниту да додам друго.
     
    На sj *O*, Victorian, Lolo5 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ова зависи од нас/вас, дали ќе се промени.
    Тие што си се со вакви сфаќања, не ги менуваш сега, на старост.
     
    На Lolo5 и Snow-Star им се допаѓа ова.
  19. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Нема да го сменам овој став, затоа што нема причина за тоа. Јас цело време сум snow star, нема никогаш да бидам sunny star или пак snow sunny star.
     
    На sj *O*, Lolo5 и RoseRain им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не зборував за твојот став, зборував за оние луѓе кои женските деца ги сметаат за граѓани од втор ред.
     
    На sj *O*, Lolo5 и Snow-Star им се допаѓа ова.