Едно е туркањето на врата, плаќањето на невестата, зборовите "ја дадовме", друго е однесувањето како да не е ќерката веќе дел од фамилијата. Јас сум за задржување на симболиката на обичаите, колку и да не се согласуваме со нив. Сведочат како се сметале порано жените, дека навистина се продавале како стока. Ама тоа во однос на симболика и народни обичаи. Се што ја преминува таа граница е нешто сосема друго. Дека ќе ги викам родителите на идниот сопруг со мамо и тато, малку потешко. Дека ќе ги почитувам како родители на тој кој сум го избрала за животен сопатник - тоа сигурно. Народните обичаи се културно наследство на еден народ, менталитот е нешто сосема друго. Не би ги поврзувала едното и другото.
@Black girl тоа со варењето кафе го имав и јас. Ехеее, колку комшии и роднини дошле да видат какво кафе вари снаата. Па се дрзнуваат да коментираат секакви работи. На мене една од таквите ми искоментира дека моите деца треба да ги сметаат за баба и дедо родителите на маж ми. Моите не се сметале за баба и дедо.
Се претходно пишано имав сретнато сем ова, и да не се враќам назад, со стеблото каде не пишеа децата на тетката. Немав сретнато до толку. Како можи бе вака да мислат. Арно немам сретнато луѓе "до толку". Пишам пак да се надополнам за работи кои се споменаа последните две страни. На свекор и свекрва нема со мама и тато да се обраќам зошто тоа не ми се. И знам дека кога би решиле со дечко ми да се венчаме нема да ми прават проблем, особено мајка му. Имам пишано во однос со потенцијална свекрва - жената ме обожува и сум благодарна на тоа. Во врска со презимиња сега. Уште кога бевме мали и имавме симпатии пробвавме да се замислиме со нивни презимиња. Зошто не учеле така од дома. Лошо. Не сметам дека презимето е толку важно, можиш и своеволно да го смениш ама до дифолт да прифатиш дека мора да го оставиш е поразително. Две презимиња не сакам па кое према мене повеќе ќе ми прилега на името - тоа. А муабет дека ако не земам презиме од мажот дека не го почитувам - би рекла дека и он не ме почитува ако не земи мое ко така. Не оди работата во тој правец? Имам среќа што моите ставови се поклопуваат со оние на дечко ми и семејствата ни се релативно "разбрани". И кај двата татковците ни се како под иста машина кроени па можи некој ваков муабет кога на мајтап, кога пола сериозно да уфрлат. И уште за делот каде сите идат да виделе какво кафе прави снаата. Факт е дека не сум слугинка и ако ми дојдат со таков муабет нема да добијат кафе. А инаку многу сакам кафе да прам. А слушнам дека идат луѓе и јас се фаќам за кафе спремање, па со тацне, со коцки шеќер, благо. Сакам кога храната ми е естетски средена, само да не сум фатена на инает муабетот. Имав комшија кој дур праев кафе сврза таков мајтап зошто тогаш скоро почнав да одам со мојов. Му кладов сол. Ок лоша сум. Ај чао.
Ако брачните партнери се со слични размислувања, многу полесно ќе си поминете. Ако имате партнер кој спаѓа во овие 'Ја дадаовме', не очекувајте дека ќе се смени во иднина.
Баба ми и дедо ми имаат по 80 години. Дедо ми е 9то дете од многу мало село. Баба ми имала куќа во Прилеп па тој се преселил таму. Таа работела како учителка во некое околно село а тој во Прилеп. Тој затоа што нели имал повеќе време ги чувал мајка ми и тетка ми. Не, не е до годините. Не е до селото. До свеста е. Секогаш ми бил и ќе ми биде пример за совршен сопруг, татко и пред се човек. За менување на презиме никогаш не би. Јас сум родена со моето име и презиме и ќе умрам со тоа. Не сум ниту ќе бидам нечија сопственост. За тоа обраќање со мама и тато. Ај што е глупаво, одвратно е. Што ти го прави тоа сопругот? Брат? Како што кажав не сум од такво семејство кај што некој некого дава. Ама кога некој би се испонашал со мене како да сум стока не верувам дека ќе ме види уште еднаш.
Се согласувам со @DAngel дека едно е да ги примениш обичаите со плаќање на невестата, а сосема друго кога ќерката не се смета како дел од семејството повеќе. Ниту некој ќе ме даде, ниту некој ќе ме земе, едноставно ќе си формирам мое ново семејство со човекот што го сакам. Толку едноставно е. Искрено се надевам моите ќе го поделат имотот помеѓу мене и брат ми, немаме досега зборувано на таа тема. Јас барем тоа би го сторила ако имам машко и женско дете. Женското не е апсолутно ништо помалку вредно од машкото. Мразам кога велат „Сега таа е во друго семејство, не е од нашето.“ За со презимето, среќа имаме опции да бираме дали да го зачуваме моминското, да го додадеме од мажот или целосно да го замениме со тоа од мажот. Мене дм не ме притиска за тоа, но јас сакам да го сменам моето со неговото. Причина? Оти ми е поубаво и го има само неговата фамилија, не дека не си го сакам моето. Со дм двајцата сме послободоумни, така да нема да се придржуваме многу на традицијата, и воопшто на оние заостанати сфаќања.
Абе не е толку трагично да земеш туѓо презиме. Не знам... пред да стапиме во брак, зборувавме за тоа. Него му беше сеедно, мене ми беше супер кул, моето име, со неговото презиме. Ако правам бренд со моето име и неговото презиме, позвучно е и полесно ќе се памти
А според старите сфаќања, тоа презиме треба да биде изведено од името на таткото на мажот. Или во краен случај, од дедото (по татко) на мажот. На пример, ако свекорот се вика Стојан, младите треба да се презиваат Стојанови/Стојановски. Која глупост.
Ама сериозно може. Јас не сум баш на чисто со се` тоа. Најверојатно ќе си останам само со моето, не гледам причина да го сменам. Моето име е доволно кул, никој на светов не се вика исто како мене @SummerGirl и децата да се крштеваат по баба и дедо од татко. Ахам, важи
Не сум знаела за ова. Сепак убаво ни е со неговото, така решивме. Ја не би да ставаме сосема ново презиме.
Како така само со твоето? Срамота. Не го почитуваш мажот. И обавезно да се венчаш во црква, затоа што нема да бидете заедно на другиот свет.
Се разбира, во прашање е лична одлука. Не значи дека ако јас сум направила така, дека сите треба. Сакав само да кажам дека има различни примери. За мене, проблем би било, доколку тој експлицитно бараше да го сменам презимето, да ми поставувал услови и ултиматуми, да ми проповедал што е 'правилно'. Во таков случај, иако ми се допаѓа неговото, немаше шанси да го земам, за му удоволам... а искрено, не би ни била со таков човек.
Од кај шо е татко ми по потекло ова е еден вид на традиција. И брачед ми и брачеда ми се крстени на баба ми и дедо ми. Татко ми е крстен на дедо му, брат ми е крстен со име кое го имаа и дедо на татко ми и дедо на мајка ми. Цело гратче се така крстени. Комшијата има дете? Ако знајш дедото како се вика - не мора ни да прашаш детето како се вика. Знаеш.
Да ми спомне такво нешто, ќе си бара нова жена Еднаш правевме муабет - ми рече, а зошто да не го земеш моето презиме? Му одговорив - а ти зошто да не го земеш моето? Тука заврши тој муабет. Уште пред години ова @theowndemon јас потекнувам по баба од Дојран, таму имаме и викендица, и сестра ми бендиса едно дете. Ми вика, како да прашам како се вика? Ами... Мите, Ристе или Ванчо. Трето нема Братучетка ми и мажот ѝ и пред брак исто се презиваа, а немаа некое често презиме. А сепак не се роднини
Е за ова да ви кажам ... Абе за некои работи, сум имала среќа упм! Ќерка ми се вика исто како и баба му на мажот ми. Во нивната фамилија, исто е традиција ова со имињата по предци. Цела среќа што јас ова име за девојче, си го имав одбрано уште пред да знам кој воопшто ќе ми биде маж. На крај излезе, ем по мое, ем тие скроз среќни. Никогаш не им спорев дека името на внука им, не е поради причината која тие ја мислат. Маж ми знае, се разбира, но тоа си е меѓу нас
Oва со земањето презиме, јас би го додала неговото на моето кога ќе се омажам утре здравје. Ама единствено од некои законски, правни причини, како да речам, а не за да го испочитувам зошто не гледам некое големо придавање почит со тоа. A инаку причината за ваквите традиционални размислувања лежи во самиот менталитет на луѓето. Зошто можеш да најдеш и луѓе од село што не мислат вака, и луѓе од град што мислат Моите и двајцата се израснати во село, татко ми едвај имал услови за живот. Познавајќи ги имаат вакви размислувања. Имам уште многу за мажење, баш и не знам дали така би се однесувале од типот дека веќе не ми се фамилија, дека брат ми може да остане, а јас морам да си одам итн. Одејќи по таа логика, ако навистина ви речат дека сега имате друга фамилија, не треба ни да им помогнете во некоја ситуација, чим веќе не ви се ништо тие нели? Така да, глупаво звучи реално. Инаку свекор и свекрва не би ги викала баш мамо и тато. Можеби само мајка (името нејзино)
@CameliaMiller јас и сестра ми сме крстени по бабите. Татко ми и мајка ми така сакале. Јас сум против ставање имиња по бабите и дедовците. Секогаш се претставувам со кратенката од името. Ретко кој знае кое ми е правилното име. И со сестра ми е истото. За запознавање го користам моминското презиме. Од навика, а и затоа што сметам дека требаше само моето презиме да го имам. И на фб сум така потпишана. Свекрвата сакаше, ако имаме ќерка, да се вика по неа. Она била баба. А другата баба (иако почината) не се смета? Од инает ќе ја крстев ќерката по мајка ми, па таа нека се чеша после.
На сестра ми јас ѝ бирав име. Сосема случајно е истото име што го имаше и бабата на татко ми. Мене името ми е преубаво и на свои деца би го дала, ама малце би било чудно веќе Јас не сум крстена по никого (ни моите), среќа.