И јас сум имала среќа искрено, едино дете од страна на татко ми фамилијата сум шо уствари има "ново" име. И јас среќлија.
Кај нас и нема некоја традиција со имињава во потесна фамилија. Само вујко ми носи во изменета верзија име од дедо му. Што е пак сосема океј и модерно име, на мали деца се дава сега уште
Море, си мислам да не беше така.. Ќе се колев, гарант. Ич не сакам кога некој ми наметнува нешто! Ништо не ми е побитно од мојата слобода сама да одлучам за себе, па ако треба и најкатастрофална грешка да направам, ама да направам, онака како што јас мислам. Катиљ сум бе... хммм.. се замислив сега...
И после јас сум била лоша. Пак ќе напоменам. Нема шанси да ги наречам мамо и тато. Второ, цели 19 години не сум го кажала зборот мамо. При самата помисла на мајка ми ме фаќа нервоза. А да ја сметам свекрвата за мајка, нема шанси. Што не ме смета она за ќерка? И тоа нема шанси. Ние снаите треба да искажеме почит спрема другата фамилија. А дали таа фамилија треба да искаже почит спрема нас?
Моите реално не се држат до таа традиција шо ја негува страната на татко ми. Зошто брат ми е уствари по дедовциве крстен е зошто конкретното име го сакаа моите. Затоа и јас сум башка зошто моето име им се допаѓаше. Ми има кажвано мајка како баба ми од татко страна, се лутела зошто не сум како неа крстена. Другото име кое им се допаѓало било слично до името на баба ми по мајка, па не ми го ставиле зошто: "кој ќе се кара после". А братучедите сите се крстени со конкретна намера да бидат како дедовците и бабите.
Па си биле тие друго семејство, тој си има негова фамилија и немало смисла да ја викаат и неа кај нејзина фамилија замината од дома е таа веќе толку. Не знам стварно. Не можам да им влезам во шемата на толку заостанати
А што правиме со "домазетите" не,не оди тоа така ја дадовме ја зедовме. За мене моја фамилија е мајка ми и татко ми. А мажот и детето ми се семејството. Што помалку врска со свекорот и свекрвата тоа подобро.
Тешко на 'домазетите', има да ги гњави и исмева, кој ќе стигне. Затоа онде, на снаи-свекрви има проблеми како: 'Јас имам стан празен, ама не сака таму да живееме, оти срамота било.'
Јас имам познаници едни... девојкава - чиј татко и' купи стан уште како студентка во Скопје, на нејзино име, и дечково, земаа кредит и купија друг стан оти нејќел во тој да живее. Ќе разберев да го продадат тој и да земат кредит за поголем, ама нееее а во квадратура новиот е ист колку и стариот
Кај мене во фамилија рамномерно све си е распределено и така секогаш било и така не учеле старите, драго ми е што си ги немам овие проблеми барем. За презимето , не ми е битно дали ќе си го задржи или земе моето , сеедно , дали некој друг ќе има проблем со тоа , што да му кажам , нека научи да живее со тоа.... А за имотите на моите деца , ако имам ќерка и син , нема да добијат ништо , бидејќи целиот имот ќе иде кај мојата швалерка од Шпанија која ќе се вика Саломе.
Зошто баш Саломе, а не Патрисија, Фернанда, Марсела..или сите три? На темава.. Не го имам чуено изразов одамна. Но, не од причина што живеам во Лос Анџелес, па сум прогресивна и изолирана од вакви via negativa патријахални синдроми, туку од причина што не сум во друштво со луѓе кои имаат мажени ќерки и синови. Сепак, колку и да сакаме да мислиме дека живееме во модерно време каде ваквите размислувања се сметаат за клише, во некои од руралните средини (па дури не би ме чудело и овде во ,,поцентралните"), да постојат, и да се кажани без шегување и иронија. Жената како послаб пол ќе биде давана, додека мажот земен.. Треба уште време да помине за да се искоренат ваквите срања во потполност. До тогаш, enjoy the ride.
Што се однесува до домазетите. Срамота е мажот да биде домазет, затоа што жената е таа што треба да оди во друга фамилија. Не смее он да ги срами неговите родители и роднини. Па што ќе речат комшиите. Аууууууу.....
"Хехе, види телевизоров нема звук - како домазет". Ако стигниме да неќи во веќе среден и обезбеден стан да живееме ради негово его, не сум сигурна дека ќе можи да продолжиме. Пак ќе речам, арно ептен сме погодени со мојов, ако нацапав со некој ваков кој ќе се нервирал дур се тргнам.
Па како така да живее во твој стан? Госпоѓа мама ќе се навреди. Сачувај Боже. Ти ќе бидеш таа што му го испрала мозокот.
Јас знам за две ситуации каде мажот оди во станот на жена му, домазет, прво затоа што ке се сами, второ затоа што се поблиску до работните места. И двете свекрви се лути на снаите јер ги прелажале синчињата нивни да се одделат. Кој сега ке го јадел ручекот? Навика им било да готват за повеќе члена, е сега наместо да се прошири фамилијата и снаата да да се покаже, они сами живеат.