На мене свекрвата еднаш ми рече - Да видам јас што снаа си. Која е она за јас пред неа да се докажувам? Свекрвата на моја познаничка и има кажано - Ти ми го зема синот.
И сега ти треба да имаш трема, треба да трчаш на сите да им угодиш, треба се да е под конец, треба да готвиш за цела фамилија, треба и за комшивки кафе да правиш. А тука има позадина, да видат мајка ти како те научила, а ако молчиш, дали татко ти добро те воспитал. Трагично е што и ден, денес, свекрвите имаат вакви очекувања, а збориме за жени од 50+ години.
А проблемот е што јас немам мајка и ќе излезе дека она треба да ме учи. Според неа, татко ми ништо не знае.
Чудно, навистина чудно. Не ми е јасно, некои од нив имаат керки. Дали сакаат во друга куќа, нивните керки така да бидат третирани?
Нема да сакаат. Ќерката мора да ја чуваат. Па и снаите се нечии ќерки. Зет како мед, а снаата аждаја. Со мажењето ти мора да ја слушаш свекрвата. Па таа ќе ти биде мајка. Госпожата еднаш ми кажа - Ти има да ме слушаш. Ахам, секако.
Дискусиите повторно отидоа во омилената ваша тема за снаи и свекрва. Млади сте сите и затоа не знаете, но мислам дека сте начекале да гледате филм во кој младоженецот мора прво да ЈА БАРА НЕВЕСТАТА ОД ТАТКОТО И МАЈКАТА И ДА ИМ ПОБАРА БЛАГОСЛОВ. Од стари времиња значи потекнува тоа барање и давање на невеста, значи нема ништо лошо, ниту навредливо да се побара раката на својата сакана од нејзината фамилија. Е сега нема веќе такви обичаи, директно на веридбата или збор кога се дава, ама веќе е заборавен адет...сега директно се бара за жена во јавност, на сред улица, во ресторан, на телевизија.. Младиве сакаат тоа да биде по спектакуларно..а родителите се последни. Малку хумор..кога маж ми дојде да ме бара од татко ми за да ме земе за жена и нели кога го праша дали ќе ме дадат, татко ми како од пушка му рече: -.Давам, зимај и не враќај!!!
Не сум сопственост на татко ми за да ме “бара“ од него. Да му ја бара колата добро, мене може само мене да ме праша
Е многу јаки полиња одбирате за да докажувате независност, индивидуалност и слично, на изрази и адети кои се практикуваат некаде оти така останало.
Проблемот е што некои луѓе си ја сфаќаат традицијата многу буквално, па не ја примаат назад ќерката откако ке ја ,,дадат,,, а пак од другата страна се однесуваат како да ја ,,зеле,, и сега е во нивна сопственост и треба да ги слуша и сл. како што наведе примери @SummerGirl .
Тоа е само сегмент. Не почитувам адети и традиции, ниту моето семејство. "Така останало" - не е причина за практикување.
Не би рекла, татко ми на дм му зема мерки за ковчег Сериозно, за еден 1ви Април одамна се маскиравме во погреб, татко ми ни помогна со ковчегот и крстот. Мерките по дм беа земени
Не е толку голем проблем ако се работи само за почитување на свадбени обичаи, проблем е ако давањето се сфати буквално.
@baba Rada другата тема и оваа се поврзани. Има такви кои мислат дека ако влегуваш во нивна фамилија треба само нив да ги слушаш. Ко демек, сега си наша. Ма немој. Јас не сум ничија сопственост. Мислат дека ако се мажиш за нивниот син, се мажиш и за цела негова фамилија. Па и за комшилукот. Тоа мора да се искорени. А уште почудно ми е кога родителите на девојката и кажуваат дека таа сега си има друга фамилија и мора да слуша. Очигледно дека нивните мајки поминале низ истото, па затоа така зборат. Напротив, не треба да биде така.
Во ред е душо, се разбрав..ама јас мислев дека одамна таа работа е искоренато и дека снаата кога ќе дојде во туѓа куќа веќе се однесува како да е се нејзино!?
За жал, не е искоренато и не знам дали некогаш ќе се искорени. Па и не ме чуди зошто има толку многу разводи. Во денешно време никој никого не трпи. Со нагласувањето дека снаата сега има своја куќа, се подразбира снаата да слугува на сите, а свекрвата да се чопори пред роднини и комшии каква снаа има.
Нејзино ќе биде кога ќе и го препишат. Во случај на развод (се може да се случи) снаата ќе добие половина, или ќе и ја покажат вратата?
Не е, ниту во брак да добиеш наследство, не се дели Само тоа што е стекнато (а не наследено) може да го дели со сопругот. И не знам зошто било кој би очекувал да е нешто негово, само затоа што е на родителите на брачниот партнер.
Ако отиде да живее кај нас, ем ја 'земале', ем е тоа нејзина фамилија, ем не е нејзино. Ако сакаат да се чувствува како дома, треба да и' направат да се чувствува како дома. Не зборувам за тоа, правно дали и' припаѓа, ама ако одлучат сите, да живее во нивниот дом, не е убаво да и' прават да се чувствува како гостин, а воедно да бараат да се чувствува како дома.