Не очекувам ништо од неа. Маж ми треба да добие. Јас не сум и дете. Знам дека постов не се однесуваше на мене, ама сакав да искоментирам.
Тоа „ја дадовме“ го сфаќам како израз кој се вкоренил во обичаите,ништо повеќе.Ама навистина?Кој би ме дал бе луѓе? Јас како возрасна личност,веројатно можам да си изразам волја,не треба некој место мене да изразува волја.Што сум јас,ментално заостаната или стока,па „ќе ме даваат“.Во ред е да се каже ако е онака симболично.Исто и со веридбите,тоа прашање дали ја давате,и фамозниот одговор-ја даваме,останало од традицијата.Среќа па моите не размислуваат така.Некогаш кога би се мажела,сигурно нема да се одречат од мене.Не сум ничија соптвеност.Си има и мајка и татко,и друг никој не би нарекувала со тоа име.Мама на шега ми вели-Ако е зетот од друг град/држава,живејте овде,да те гледам Па сега таа да мисли дека сум „дадена“ ужас.А за презиме...Моето дефинитвно не би го менувала,ама можам да го додам,или евентуално и партнерот да го додаде моето.Некако поавторитетно ми звучи со две презимиња- Sea-некое презиме Mermaid...А и тоа би било знак дека сум ја проширила фамилијата,а не почит некаква За наследство,како што е брат ми,така сум и јас.Нормално дека ќе се дели еднакво.Не сакам подлеби,не сакам да го изгубам моето поради полот. За имињата,татко ми и мајка ми не сакаат внуче да се вика како нив.А и зошто,да ми се допаѓаа имињата многу,можеби,ама јас си имам други имиња уште од сега планирано Затоа,воопшто не ми е гајле дали на некој му се допаѓа тоа или не. А од вакви размислувања,ми се лоши Подалеку од вакви луѓе Доста е од газење на жени
Интересно ми е што нема повеќе постови со искуства, во кои е експлицитно поделбата на децата според пол. Во реалноста гледам поинаква слика.
Не знам, јас не размислувам така. Верувам во чиста сметка - долга љубов. Има начин ако толку сакаат како и таа полноправно да живее со нив. Јас лично, никогаш не би вложувала во нешто за кое немам на хартија дека е мое.
Во случајот со маж ми, децата не се делат според пол. Он има двајца браќа. Они добија од неговите, а он не и нема да добие. Зошто? Затоа што е најмал. Сам нека се снаоѓа.
Во срединава кај што живеам значи дали традиција е, дали нешто што мора да се кажи незнам како што, ама морат да се кажит: Женското не е за дома, за излагање е Ами шо ако не се омажи?
Моиве се до негде со вакви сфаќања, мајка ми па кога ќе ми рече гледај во каква фамилија одиша што е најтрагично сестра имам, испаѓа по муабетов ние да се омажиме они сами ќе останат, ама ај оди па објасни им.... Ама ова од млад човек да го слушнам па посебно од тој маж што би ми бил би се запрепастила искрено, среќа па младиве полека го искоренуваат ова. А никогаш не би отишла со свекор/свекрва да живеам скраја да е ко што сум терсене и по дома со моиве се расправам а не па некој трет на глава да ми стои, трети светски рат ќе почне П.С се изнасмеав за кафево, колку јако кафе правам поверојатно е дека стар човек срце ќе го стегне
Не викај така, тоа што не го сакаш,тоа ќе го имаш Ќе ти останат очите во некого, па онда има и свекор и свекрва па дури и девер или золва да имат дома мала шала
Можеби мајка ти немала лоша намера. Многу е важно какви ќе ти бидат идните свекор и свекрва. Барем ќе знаеш на што си. А за тоа со кафето, да те пратам кај свекрвата. Има проблем со висок притисок.
Ne ja kupuva tuku poentata e davanje na mito za da si ja zeme vo smisla ovoj dosol po nea ama tie ne sakaat da se oddelat i stavaat strazar a ovoj strazarov mitadzija.
Луѓето измислија паметни телефони паметни компјутери се качија на вселената измиспија интелигентни роботи а овие нашите со што се замараат ха ха
Мене многу ми сметаат ваквите застарени мислења и муабети. Денес жените со мажите се рамноправни и навредливо ми звучи да се зборува за жената како таа да е некој вид на предмет, па сега ја даваме. Нема што некој мене да ме дава. Јас си одбирам со кој ќе го поминам животот, и со истиот тој си формираме ново семејство. Гледам дека доста обичаи се останати и се практикуваат и денешно време. Некои претпоставувам бидејќи интересно му изгледаат на младите, а останатите од што "така треба". Јас не би се сложила. Ќе го практикувам само она што мене ми се допаѓа, па кој како сака. Сепак мислам дека е време да се оди напред, и да се искоренат обичаите останати од турско време.
Срце,ако ти имаш такво мислење за селото до тебе е.До луѓето е не е до селата...Ако имаш до тебе типични селани не ќе да се сите такви.Има културни селани,цивилизирани,Ама ова твоето како ептен да е заостанато село.
А ти изгледа седиш дома и чуваш деца,Дајте бе луѓе 21 век сме срамота,а и која денешна невеста би седела дома и би чувала деца.Јас ова првпат од тебе го слушам дека некоја седи дома и чува деца.СЕ ЗНАЕ МЕСТОТО НА ЖЕНАТЕ Е ТОЧНО ПОКРАЈ МАЖОТ И ДЕЦАТА НО НЕ ПО ЦЕЛ ДЕН ДА ЧУВА ДЕЦА ДА ГОТИВ И СЛ.ТУКУ НАПРОТИВ ДА ОДИ НА РАБОТА ДА ЗАРАБОТУВА,И ДА ГИ ВОСПИТУВА ДЕЦАТА.
Да. Седам дома. Ама уште утре. И не живеам со свекор и свекрва. Пишав само каков е животот таму. Треба да се батали малограѓанштината. Да се искорени тоа дека жената е само за тоа. Да сфатат постарите дека ова веќе не е нивно време. Приоритетите се менуваат. А кога ќе слушнам од мажоте дека жената е за дома, косата ми се крева.
Точно и јас се согласувам со тебе,само зборот ми беше дека не е се до руралните и урбаните средини туку до ЛУЃЕТО има селани кои живеам во градовите а градски луѓе кои живеат во селата.
Мислев на оние села што се ептен оддалечени од градовите. Каде што очигледно уште живеат под турско. А и по градовите има такви. Ги слушам оние постарите како коментираат дека жената треба да си седи дома, а мажот да носи пари. Не ги разбирам.
Всушност има многу жени кои седат дома и баш тоа го прават. Дел бидејќи сопругот не ги пушта да работат негде, со тие старински размислувања дека на жената местото и е дома, да ги чува децата и да чисти и готви. А дел ни самите не сакаат да работат, поубаво им е дома, цел ден нозете во вис, и после се жалат не им било лесно. Не ги разбирам и не ги поддржувам овие. Инаку се сложувам дека до луѓето е, а не до средината од која потекнуваат. Може средината да има влијание, ама сепак најмногу до човекот е.
И јас не ги разбирам. И не само што се жалат дека не им е лесно, туку и кукаат дека немаат пари. А не сакаат да го мрднат газот и да работат.