„Внимавај што посакуваш, можеби и ќе ти се оствари“. Какво е вашето искуство?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Mr. Right, 23 март 2017.

  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.243
    Пол:
    Машки
    Оваа тема ја „начнаа“ девојките и момците од +/- 40, па реков да отвориме посебна тема и да размениме мислења околу истата. :)

    Дали навистина треба да внимаваме што си посакуваме?
    Дали и моќта на потсвеста игра своја улога?
    И дали она што сте го замислиле навистина ви се остварило, а не сте сакале или пак сето тоа е само чиста коинциденција?

    Мене лично ми се остварило ова. Ми се случувале работи за кои сум помислил дека нема да успеам во нешто и на крај навистина исходот беше негативен. Не еднаш, туку двапати. Меѓутоа, како однапред да сум го очекувал сето тоа, како да ќе знам дека нема да успеам во нешто и само чекам да дојде тој ден и да се покаже навистина како што сум мислел. Паметот ме влече на двете страни. Прво, дека фразава од погоре е вистина, а второ дека сето тоа е само коинциденција. И искрено, сè уште сум во дилема во врска со ова прашање. :?:
     
    На Sandrin4, kravce, teteks и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    48.921
    Пол:
    Женски
    Се случило да помислам на нешто и тоа да се оствари и тоа во најбрз можен временски рок. Значи, без разлика дали нешто сум посакала или не, само сум помислила на тоа и се случило. А во случајности не верувам, така да, веројатно ние самите си го привлекуваме она што ни се случува.
     
    На biGirl, Biodevojka, fallenangel и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    2.432
    Пол:
    Женски
    Јас не знам до што е, но скоро се што силно сум го поскала ми се остварило. Не памтам нешто што ме разочарало и не излегло како што треба, а сум го сакала од дното на душата.
    Кога посакувам нешто , кога имам некој план пред се, се трудам да мислам најпозитивно. И да верувам во тоа. А што би произлегло од негативни мисли? Никогаш нешто позитивно. Звучи едноставно, може и досадно, ама така е.
    Е сега, да не излегувам многу од темата, сакам да прашам.. па кој си ги припазува мислите? Можеш ли да ги контролираш 24/7 ? Јас не. Не се сеќевам дека нешто што сум го помислила и не сум сакала да се оствари се остварило. Не верувам и дека има некаква поврзаност тоа. А ова "Внимавај што посакуваш, можеби ќе ти се оствари" е една од многуте фејмос реченици кои немаат смисла според мене. :wasntme:
     
    На Читател и Mr. Right им се допаѓа ова.
  4. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.628
    Допаѓања:
    5.342
    Тoa штo сум гo пoсaкувaлa и тoa мнooгу мнoгу мнoгу ми се oствaрилo.
    Нo крaткo трaјaлo хaхa. Вaљдa желбaтa ми билa кoлку дa бидне aмa сум се oткaжувaлa или тегнувaлo вo пoгрешен прaвец.
    А нештo штo сум пoмислилa мaкaр кo мoжнoст вo негaтивнa смислa, пример зa здрaвје aбре кo дa се пoдречaм и oп зa двa денa ете ми. А дoбрoтo ќе гo мислaм, ќе гo пoсaкувaм дoдекa дa бидне време минувa.
    Имa нештo штo сo силнa желбa гo привлекувaме или тaкa се пoгoдувa мoмент пa ете јa упoтребaм реченицaвa(нaслoвoт).



    *Внимaвaј штo пoсaкувaш мoжеби ќе ти се испoлнaм хххх
     
    На Mr. Right и only44you им се допаѓа ова.
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.594
    Допаѓања:
    99.336
    Пол:
    Женски
    Ова е моето животно мото!!
    Често сум пишувала, успехот е загарантиран доколку цврсто се верува во успехот на посаканото!
    Испробано, доживеано! :)
     
    На Dalia93, Dadusicka, Bebulleee и 8 други им се допаѓа ова.
  6. LanaSGirl

    LanaSGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.072
    Пол:
    Женски
    Сум имала тешки времиња и како последица на тоа некои од тие времиња се мотаат и денес во мојот живот но мислам дека потсвесно, но несвесно сум посакувала лоши работи за себе бидејќи не сум се сакала себеси доволно.. Но сега не е така и си посакувам добро и ми се случуваат многу добри работии среќна сум поради тоа! Да точно е пази што посакуваш навистина се остварува. Колку подобро си посакуваш себеси толку ќе бидеш и посреќен, но мораш да внимаваш што посакуваш и тоа да го посакуваш свесно да те слушне потсвеста и навистина ќе ти се оствари. Бидејќи ништо не е невозможно! :D
     
    На Juicy, Mr. Right и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.636
    Допаѓања:
    135.548
    Доколку силно сакаш нешто и уште посилно се заложиш да го добиеш, тогаш најверојатно и ќе го добиеш.
    Доколку нон стоп си викаш - нема да успеам, па и со самото тоа трудот е минимален, нема да успееш. Размислете колку труд сте вложиле во нешто што го сакате а колку во нешто што не го сакате баш многу..

    Е така јас размислувам (но не мора да е точно).. а не да пазам што посакувам. Посакувам многу ама за некои од тие работи не мрднувам со прст. Можам да ги посакувам додека сум жива, ама сами од себе нема да се случат...
    Ама затоа пак она за кое огромен труд сум вложила, се остварило.
     
    На senjorita-v, LejlaD, Dadusicka и 9 други им се допаѓа ова.
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.656
    Допаѓања:
    4.071
    Јас мислам дека фразава повеќе се однесува на тоа дека можеме нешто силно да посакуваме и кога ќе ни се исполни, да сфатиме дека не било она вистинското за нас. Еве, пример е песната на Eminem - Be careful what you wish for, каде што говори дека посакува да биде познат и славен, но кога го добил тоа сфаќа дека славата не е баш идеална како што сите ја претставуваат, туку си носи и свои лоши страни.

    Ми се има случено нешто многу да посакувам, и кога ми се исполни од прво ми донесе голема среќа, но набрзо зажалив што воопшто ми се случи, дали било од субјективни или објективни причини. Така што мислам дека ми се има остварено фразава погоре.

    А онака општо (баш пишував во темата за судбина) делумно верувам дека ако пример, некој многу посакуваме да го видиме, може "случајно" да налетаме на него, но за некои покрупни работи, секако не е доволна само желбата туку треба да работиме за нештото за да го добиеме. Но, некако верувам дека за некои работи колку и да работиме не ни се случуваат, тоа значи дека едноставно не биле за нас и треба да бидеме среќни што не сме ги добиле. Колку пати сум се обидувала да "закрпам" некој однос кој веќе бил разнишан, само сум добила болка и нервоза, на крајот сепак сум се разделила со одредена личност.
     
    На dankee, fallenangel, IronLady и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    42.783
    Пол:
    Женски
    Добро утро cocreators! :f:(heidy)
    Се будиме колективно изгледа.
     
    На biGirl и fallenangel им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.744
    Пол:
    Машки
    Мислам дека сте ја помешале оваа пословица со „Ако нешто посакуваш доволно силно, тоа и ќе ти се оствари“ или „Ако за нешто доволно се потрудиш, во тоа и ќе успееш“.

    „Внимавај што посакуваш, можеби и ќе ти се оствари“ е предупредување, во смисла - многу од нас имаат најразлични желби, но истите се направени непромислено - односно, нешто се посакува, без пред тоа да се согледаат сите можни (во случајов, негативни) последици кои ќе произлезат од тоа. (Едит: @blueeparadise ме претркала со дефиницијава. :))

    Глуп пример - „Сакам да имам богат маж“, ќе најде богат маж, кој ќе ја тепа. Или „Сакам да имам убава жена“, ќе најде убава жена, која ќе го вара. Ми ја сфаќате поентата, де. :)

    Е сега, во однос на она што @Mr. Right го напиша во воведниот пост, се сложувам дека позитивниот став или пристап кон некоја работа има влијание врз исходот на работите, како и тоа дека (под)свеста може да биде моќен сојузник (или противник) на самата личност.

    Но, моќта на желбата, решителноста и свеста иако е голема, не е неограничена. Некои работи, во зависност од околностите и нашите сопствени ограничувања и способности, без разлика на тоа колку многу ги посакуваме и се трудиме за нив, засекогаш ќе останат надвор од нашиот дофат.

    Мотивационите цитати од типот „If you put your mind to it, you can accomplish anything“ едноставно не се точни, па често знаат да бидат и контрапродуктивни за личноста, со тоа што и создаваат нереални очекувања.

    Правата вистина е „If you put your mind to it, you can accomplish more that if you don't put your mind to it“ (quote by Bender Rodriguez). :D

    Ама тоа е сосема во ред.

    Затоа што правата сила на еден човек лежи во тоа да ги познава своите предности и позитивни страни, но и своите недостатоци и ограничувања - и да го даде својот максимум, во рамките на своите можности.
     
    На dankee, Someonespecial, LejlaD и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    42.783
    Пол:
    Женски
    Шубаво ни откри Бендер.Шубаво е за нас добрите :P што мед ни тече од устата:) и цветови од душата:f: Само добро си посакуваме,за себе и другите.:f: Нека се канализира во тој правец! :sun:
     
    На Dalia93, ♡BuBaLe♡, danichap и 4 други им се допаѓа ова.
  12. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    7.507
    Пол:
    Женски
    Енергетски привлекувам секакви работи и луѓе у живот и на крај сфатив дека тоа го правам потсвесно, одкако почнав да работам на тој дел почнав и повише да се “плашам“ на некој начин во тоа што го посакувам.
    Стварно ми се остварувале работи кои сум ги посакувала и ден денес ми е така но сега повеќе пазам на тоа што ми треба а што не во живот.
    Не знам на другите кои се песимисти на оваа тема како да им објаснам, но за мене Law of attraction функционира но не само за позитивни ствари туку и негативни.
    Кај мене не функционира она баш како од таа книга што вели, ми се случувало ете пример за една работа која ја сакав само се осеќав како таква личност што ја работи таа работа и ете на крај се случи баш тоа. Ова е еден од многуте ако не и скоро секојдневите примери што ги имам.
    Во последно сум се повеќе свесна за ова и многу внимавам што посакувам не само за мене туку и за други.
     
    На ♡BuBaLe♡, mira.mira и Ginger^ им се допаѓа ова.
  13. k.frosina

    k.frosina Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    16.716
    Пол:
    Женски
    Пази што посакуваш може да ти се оствари:wasntme:
    Сеа страв ме фати бре :rofl:
    Од секогаш сум сакала да бидам сериски убиец :wasntme: а и често сонувам како убивам луѓе :wasntme:
    Значи не треба да посакувам и да сонувам вејќе оти може да ми се оствари :worried:
     
    На dankee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    4.238
    Пол:
    Женски
    Има ваква книга и предобра е. И верувам во ова стварно потсвеста е моќна ствар. И секогаш она шо сум го посакувала/побарала со тек на време дошло/се исполнило. Смешно ама вистинито треба да пазиш шо посакуваш.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Машки
    "Внимавај што посакуваш МОЖЕБИ ќе ти се оствари" - а и не заборавајте дека и работите кои не секогаш сте ги посакувале па ви се случиле.


    Во суштина кога свесно знаеме за ова дека постои како фраза. реченица или поговорка им даваме значења на ваквите случувања. Ако ни се случи нешто кое сме го посакувале предходно сигурно во себе ќе си кажеме " Еј оваа потсвеста навистина функционира", а кога ќе ни се случи нешто непланирано тогаш во однос ако е позитивно или негативно го нарекуваме "Среќа или Несреќа". - Во секој случај си наоѓаме себе си логично сфаќање и изговор за и после се да најдеме утеха во нештата"

    Инаку поентата во тоа што посакуваме има две поделби: - Едната е интерна/внатрешна/ кон себе си а другата е екстерна/ надворешен фактор.

    Вашите коментари до сега се однесуваат на надворешните фактори. Не навлагам за причините кои верувате во ова но ние реално не можеме да ги контролираме надворешните фактори, ситуации за да дојдат во ваша полза. На пример да ја добијам таа работна позиција, да фатам лото и сл. Еве еден пластичен пример: ПРВА СИТУАЦИЈА: Лицето А и Б се дипломци апликанти за иста работна позиција и чекаат повик со одговор за работата. И 2цата мислат дека ќа ја добијат, веруваат и сакаат. Газдата одлучува дека на лицето А ќе му ја даде работата. И сега лицето а ќе си каже види ова потсвеста навистина функционира, а лицето Б ќе си каже тоа е лоша ми е среќата ...

    ВТОРА СИТУАЦИЈА:
    Истиот пример ги имаме апликантите А и Б и сега газдата е во голема дума. Му се јавува на лицето А и му вели ќе треба дополнително практично да ве провериме. После исто така му се јавува и на Б, а додека се јавува на "Б" доаѓа некој бизнис партнер во канцеларија Кај газдава ( долг познаник за нова зделка) и во тој момент газдата не му е толку битно кој ќе работи, и кој и да е ќе му се понуди обука и му се кажува на "Б" дека ја добил работата. И сега лицето А ќе си вели пу да тибам среќата, а лицето Б ќе си каже уф тоа што го сакав и го добив.

    Колку и да е глуп примерот целта ми е да удоволам дека надворешните фактори не можеме да ги контролираме.

    Плот-твист: Ако апликантите го имаат тој мајндсет позитивен може да им помогнте за време на интервјуто да бидат помотивирани и поопуштени така што би се преставиле подобро отколку со негативен мајндсет.


    А втората поделба е онаа интерна/ внатре кон себе си. Тоа е поостварливо. На пример посакуваме добро здравје наспроти сомневање дека при секое шетање на дожд пред чадот ќе се разболиме , тоа навистина ќе се случи. Еве со дождот, кога би уживал во дождот и во себе свесно знаеш дека нема да се разболиш ќе се чувствуваш убаво, а ладното време само по себе нема да те разболи. А од друга стана кога се плашш дека ќе се разболиш, целото тело под автоматизам ти е во грч и на секоја дополнителна капка чувствуваш нелагодност. Тука за ова јас сум сведок.

    Не заборавајте дека овие посакувања не се однесуваат само како мисли, јас сакам, јас сакам. Туку повеќе е на емоционално ниво да го почувствувате тоа. Тогаш зборови не ви се потребни.

    Keep it real,

    Body, Mind, Soul
     
    Последна измена: 26 март 2017
    На sj *O* и blueeparadise им се допаѓа ова.
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    2.755
    Пол:
    Женски
    Па се согласувам со фразава.

    Честопати си правиме идеали од нешто што го посакуваме, без разлика дали е на приватен или професионален план. И толку си мислиш дека тоа ако се оствари ке бидеш среќен и безгрижен , па цело време работиш на тоа. Ти се поклопуваат коцките , ти се остварува, во прв момент си среќен но после гледаш дека истиот твој ИДЕАЛ / желба имаат и друга негативна страна и дури мака ти е зошто толку многу си се замарал за истото.
     
  17. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    16.126
    Донекаде верувам во моќта на потсвеста, но во последно време се случува баш тоа што не посакувам.
    Дел од она што сум го посакувала ми се исполнило затоа што сум се трудела, сум се борела, сум си наоѓала начини, а ова другово што доаѓа не по моја волја е нешто што едноставно мора да се живеее кога веќе не се менува.:x
    Повеќе оваа мисла влијае кога ти треба мотивација да реализираш некоја цел, а во односите со луѓето да привлекувам добри луѓе и личности кои стварно посакувам секој ден да ги имам покрај себе па и не ми успева баш.:o:x
    Друго од многу мала сакав да бидам млада мајка ама и тоа не бидна што значи освен мисла и желба за се во животот треба малку повеќе среќа за коцките да се наредат на начин на кој посакуваме.:!:
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    7.507
    Пол:
    Женски
    Баш за оваа работа читав дека се остваруваат и работи што не ги сакаме, тоа е затоа што се фокусираме на нив повеќе одколку на работите што ги сакаме. Кај мене се воспоставило дека има вистина, па пробај и ти :)
     
    На biGirl, Mishela, Ginger^ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    1.839
    Пол:
    Машки
    Она од што се плашам претежно ми се остварува, или барем јас лесно го забележувам.
    Она што го посакувам - сеуште не сум створил доволно за да се исполни.
     
    На biGirl, fallenangel и Ginger^ им се допаѓа ова.
  20. sj *O*

    sj *O* Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.465
    Пол:
    Женски
    од една страна,
    од друга страна,
    се надевам ова кажва доволно за моето мислење и поглед во врска за ова. ете така.