Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Внимавај што посакуваш, можеби и ќе ти се оствари“. Какво е вашето искуство?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Mr. Right, 23 март 2017.

  1. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Pa ne odi toa bas taka "posakav pa mi se ispolni".
    Treba seriozno da se raboti na se pa da se ostvari. Mozno e zelbata da se ostvari I po 20 god ama samo po sebe ne se slucuva nisto, sukcesivno za tie 20 god se rabotelo na toa da na kraj neosetno zelbata se ispolni.
    Taka od nigde nikade , op, eve me mene, toa taka ne mi se desilo nitu pa veruvam deka ke mi se desi.

    Jas kako mala za pobrzo da zaspiam si fantazirav deka ziveam vo stranstvo, bajka , I si odam I si kupuvam sto mi e drago, ama so usul.:lol:
    Ako jas vo toa vreme kazev sto mi e sonot sigurno I majka I ucitelka ke me napravea "psihiatriski slucaj", zosto od kade mene osnova za takvi misli da mi se vrtat vo glava.
    1991 god bev na eden pat I tamu od eden ulicen prodavac grabnav edna kapa, symbol na edna zemja koja isto taka imav zelba da ja posetam, se slikav I velam na lugeto so mene "nemojte da kazuvate na nikoj, ke gi lazam lugeto deka tamu sum bila :$".

    Vo raspon od 25 god seto toa mi se ispolni. Stransvo dobiv, ja posetiv taa drzava sto ja spomnav "so sesirot" 8-|, zelba mi bese I stalno vikav "koga ke naucam jazik, ako voopsto naucam, ke zavrsam ovdesen fakultet :!:". I toa mi se ostvari.

    Nisto ne dojde taka na tacna. Zad seto ova stoi izcrpuvacka rabota. Koj raboti na slucajot na nego I kockite mu se redat I kako rece @Herrera "ke mu se isponi".

    Moja preporaka e citajte, ama mnogu citajte Non Fiction literature I ucete kako drugite luge uspevaat, na sto najmnogu rabotat,... Jas non stop citam biografii I non fiction literature I mislam od tamu mi se ideate I silata za ostvaruvanje na mojte "fiction ideas" :$.

    Za kraj bi rekla Se e MOZNO :party:
     
    На riba79, Avery, Herrera и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Внимавам што посакувам. Затоа што нема нешто кое сум го посакала, а не сум направила сѐ за да се оствари.
    Знам што сакам.
     
  3. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    5.085
    Не сум баш фан на ова.
    Посакувам некои ствари и правам се што е во моја можност да се остварат, па никако не ја бива работава
     
  4. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    10.874

    Можеби за се останато во животот е така, но кога станува збор за љубов не.
    Џабе целиот тој труд од една страна и сето внимание, ма колку сакаш труди се да го задржиш, кога од другата страна си сака да изневерува дотичниот.

    Инаку потполно се согласувам со тебе и со @toogood , мора труд и упорност (y)
     
    На buba4e89, toogood, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    пред 10 години видов еден дечко у населба, го свиѓаше другарка ми ама толку многу ми се свиѓаше што многу сакав да се омажам за него, дури и во споменари имав пишувано текстови како сакам да бидам негова жена :)
    Сега тој дечко е мојот маж :makeup:
     
    На Lostinparadise, buba4e89, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    10.874

    И што сакаш да кажеш со ова ? Дека јас пример ако го посакувам Johnny Depp имам шанси да го земам за маж и на стари години ? :^)


    @baba Rada , види колку било лесно да се омажи човек за некој што го посакувал :rofl:
     
    Последна измена: 18 ноември 2018
    На baba Rada, Milobebence и Dadusicka им се допаѓа ова.
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    @Herrera кога станува збор за љубовта знаеш како велат? - не е’е убавиот ами упорниот.
    :D:D:D
     
    На hermosa, stevemila, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Душо моја, на убавиот не му треба упорност:)
     
    На hermosa, Herrera, Ysidora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ysidora

    Ysidora Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2018
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Ај на твојата меморија и треба апдејт не ни убавиот ни упорниот туку богатиот.
    Бабе ај кажи им не им филозофирај за 50те нијанси на убавината:D
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Зашо апдејт на мојата меморија?
     
  11. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    10.874

    До некаде си во право, но искрено не би можела да останам во врска во која он спие со други, а јас упорно да бидам со него од што многу го посакувам за маж.

    Се надевам сега сум појасна зошто реков дека не важи за љубовта :)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Те сфатив и се слагам со тебе, во контекс на темата сакав да кажам доколку некој посака девојка, ќе направи се да ја има, ќе ја искористи целата енергија и мисли да ја освои и на крајот ќе ја има покрај себе, а за понатаму (варање, доверба...) е веќе друго :)
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Посакав и ми се исполни една желба за која што не верував дека некогаш ќе стане реалност, без труд, малтретирање итн, како гром од ведро небо :D
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    абе сеаа, упорност или убавина небитно, битно посакав и ми се оствари.
    мада ми се оствриле и многу работи ама сите у погрешно време :/
     
  15. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Во поглед на темата не е разграничено односно не е потенцирано на што поточно се мисли. За да успееш во нешто првин треба да имаш визија и желба бидејќи успехот не се базира само на среќа иако и таа има голема улога во целиот процес. Најважен е трудот, а верувањето (самодовербата) дека ќе успееш во тоа е како дополнителен мотиватор односно фактор кој може да биде пресуден . Почетната замисла во поглед на тоа што сакаш да ти се случи претставува првата скала од целиот тој процес. Кога некој ќе помисли дека ќе успее или нема да успее, тоа всушност е неговата интуиција и се останато зависи од неговата спремност да превземе ризик за да ја оствари целта или неговата неподготвеност за да ризикува се со цел да успее да го оствари тоа што го посакува.
     
    На toogood, Tatjana95 и poenta им се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.168
    Допаѓања:
    138.951
    Знам што сакам :)
    И не сум била нешто непријарно изненадена од некоја желба.

    Инаку да, мислам дека ако сакаме нешто, треба да го испотиме задникот. И ќе биде.
     
    На riba79 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Оваа теза ми се потврдила и во други правци, не само во кариера. Психата односно потсвеста има многу силно влијание врз нашите животи. Дефинитивно она што си го посакуваме, замислуваме се остварува. Некогаш дури и само по себе без особен труд. :)
     
    На Elf, cresa-jagoda и Dadusicka им се допаѓа ова.
  18. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Па не дека еве може човек свашта да посака и утре пред врата да го чекаат остварените желби, ама има и нешто вистина во оваа поговорка. Јас повеќе ја гледам поената во смисол, одредено нешто што го посакуваме не е за нас, а ние упорно или во моментот непромислено го посакуваме, а животот на некој funny way ни го дава, чисто да се увериме дека грешиме во желбите :D

    Јас имам сопствен пример :tmi: : Пред некоја година, буквално на едно видување се занесов по еден дечко, 24/7 мислев на него, заслепена, типична несозреана крушка :lol: и и ден и ноќ, желбата ми беше да го запознаам, да сме во врска и јас не знам што. Еден ден, не знам како беше, седиме со другарка и и раскажувам дека единствена желба ми е сега да помине и да ме погледне, а подоцна и да се запознаеме (facepalm)
    One minute later беше моментот т.е буквалниот наслов на темата :~: После некое време се запознавме, јас прва направив чекор и еве и ден денес жалам и пазам во иднина што посакувам :D Не бевме во врска, ниту премина нешто повеќе од типично запознавање, но жалам и за таа мини комуникација што воопшто ја имав со него :bandit:
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.627
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Лошо седам,лошо спијам,посакувам да не ме боли грб....
    Ама не ми се исполнува желбата:D
    А сакам,многу сакам,ама неможе,не се исполнува!
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.139
    Допаѓања:
    156.179
    Тогаш кога спремно посакав, а не бахато, стварно се оствари за многу брзо.
    Исто и некои глупи и неубави работи. Тамам ќе помислам леле супер е сега или од кога не се десило ова или она - там там таааам, ете го.
     
    На buba4e89, LejlaD, Liu и 1 друга личност им се допаѓа ова.