Вчера беше објавено интервју, на кое доктор спец. анестезиолог, по потекло од Кочани, вработен во Словенија, меѓу дискусијата за корумпираноста на здравствениот систем во Македонија, изјави дека во Словенија, се соочуваат со проблем со лекарите дипломирани на УГД, и дека истите ги враќаат, бидејќи наводно имаат знаење колку лаици. Воедно, го контактирале и МОН во однос на овој проблем, без повратен одговор. Целата емисија:
Кое е вашето мислење во однос на оваа тема? Дали мислите дека “дипломата е иста “ на трите медицински факултети во земјава, или сепак, има разлики во знаењето на идните, и моменталните лекари, зависно од тоа каде дипломирале?
Не завршив медицина, мада кога се запишував на УКИМ, овие кои го завршуваа мојов факултет во Штип, далеку полесно поминуваа, ова беа нивни сведоштва. Мада и на УКИМ беше хаос, можеби за нијанса е подобар од штипскиот, али сепак катастрофа кадар, за студенти да не зборам, една студентка не знаеше да чита, се вработи одма после дипломирање, преку партија нормално. Ич не го замислував така високото образование, се разочарав. Така да верувам во ова, сирота Словенија, не знае што прима таму, ќе го сјебат цел систем.
Штипскиот универзитет има лоша репутација уште одамна иако и на УКИМ се многу спуштени критериумите и има корупција, за на Економски знам сигурно дека имаше поткупи со Драги Јанев и Шуклев тоа излезе и во јавност но има и на другиве.
Јас мислам дека не е добро да се генерализира. Лично знам многу квалитетни студенти што завршиле на УГД. И на УКИМ не се сите добри како што и на УГД не се сите лоши по дифолт. На крај и тие и тие полагаат еден ист државен испит. Ако тие од УГД немаат никакво знаење, како го положуваат истиот државен испит со кој се стекнуваат со право да вршат лекарска дејност? Иначе приказната на докторов... 100% се соживеав во него. Скоро сите што сме заминале од Македонија не сме биле вредни за да се истроши џокер кај вмро за нас. Тоа што нашата држава не знаела да не процени по квалитет, знаела некоја друга, туѓа држава, но гневот останува, грутката го грло е тука. За жал ништо не е променето во нашата држава и нема на повидок дека нешто ќе се смени кај нас. Народот е и самиот соучесник во сето тоа.
Зарем изненадени сте? И на УКИМ има студенти што немаат знаење. Да не навлагам за приватните, какви се будали имаат завршено, што да не биле, ќе продавале пиперки на пазар. Не е ни најголем проблем незнаењето, апаратура, услови, потрошен материјал нема по клиниките. И што дека докторов излезе да каже нешто? Ќе ви смени. До следната приказна или трагедија.
Па со право. Полагаат од кафич, буквално. Чест на исклучоци али многу се ретки. Не за џабе го викаат Фон од Али експрес. Едно време требаше да се окозиш за една шестка, сега на овој мува да прелета со диплома ќе излезе низ врата.
Целиот Болоња систем е тиња и како да е намерно направен да ги осакати студентите. Како е можно, 51 поени да ти требаат за шестка а 20 од тие поени ги собираш од редовност, 10 од семинарска работа.. 42 поени ти требаат да излезеш на испит ... (така некако беше математиката ако не сум заборавила) Нека се 51 или 61 поен (како и да беше) но нека се само поени од покажано знаење а не од блантави збиркотини. Затоа денес секој што е малку поупорен завршува факултет па колку и да е тежок.
Не сум изненаден, знам братучед на другар што беше запишан на УГД, мислам ИТ беше , ни се фалеше на времето дека го знаел асистентот на факултетот кој бил на многу предмети од што немало кадар и дека ниту книги купил, ни на предавања се појавувал а сите предмети ги положувал, и на крај дипломира така, ама еве го работи обезбедување веќе 5-6 години, така да за по комшии да се фали со дипломата веројатно може само. Страшно е да се замисли такви слични "дипломирани" доктори да лечат некого.
Искрено можам да кажам дека квалитетот е опаднат и на двата. Дали има разлика во знаење би рекла дека е инидивидуално, кој колку сака да научи, колкава е желбата за медицина и колку ја сака професијата, со цел да се посвети. Главниот проблем е праксата којашто на сите три фали, теоретски сме добро потковани (ако навистина се учело, а не само да се положи ради реда). Затоа што медицината се учи со пракса, на случаи, различни пациенти, бидејќи не е се' како по книга на крајот на денот. А вежбите се лотарија каков асистент ќе се погоди.