1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Враќаме доктори од УГД, со знаење колку лаик!“- доктор во Словенија

Дискусија во 'Образование' започната од ElenaOfRivendell, 28 мај 2026.

  1. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    368
    Не можат да полагаат, а можат да ги слушаат предметите. Значи слушаат нешто што не разбираат, пак не е во ред.
     
    На Glowy, ataneR и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.443
    Допаѓања:
    28.583
    Пол:
    Женски
    Не знам за другиве предмети али ја сама сум слушала од будуќа докторка што ќе ѝ била биохемија, немало у лабораторија да работи.
    Физиологија и биохемија идат рака под рака ама оЌе,
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    10.369
    Пол:
    Женски
    Не завршив медицински факултет, но кај нас студентите баш и не излегуваат со некое посебно знаење. Во однос на мојата професија, практичната настава беше благо речено ужас, немаа соодветен кадар, тоа што ни беше демонстрирано, веќе никој не го практикува, застарени методи и по ниту една книга соодветно изработено. За разлика од кај нас, некогаш ме фаќа срам каде што живеам, млади што ни доаѓаат, без искуство, колку знаење имаат. Зборувам дури и цифри и димензии, што можеби некаде биле скриени во фусноти. Ние сме работлив народ на страна, но кадарни, многу ретко. Се учи низ искуство, но треба и некаква поткрепа да имаш, всушност тоа и е поентата на високото образование.

    Исто така, доста млади доктори има низ болниците тука, навистина се полни со знаење, што баш и истото искуство не сум го доживеала во МК. Кај нас е најбитно, диплома земаш од медицински и носот во облаци го креваш. Државното вришти со ароганција и его. Какви сака доктори нека има, на прашање не ти одговараат те гледаат како најдолното нешто. Многу треба да се смени тука. Не само незнаењето, туку да се работи и на однос со пациенти. Такво искуство не сум имала тука, докторот сам те прашува, имаш ли прашања, што ти треба. Сестрите како во хотел со 5 ѕвезди те третираат. Не барам јас посебен третман, барам човечен однос. Нешто што џабе се расправате тука кој факултет не чинел, докториве и сестрите го немаат. Секоја чест на исклучоци, има и такви со огромна емпатија и трпение. На крајот од денот, они се тука за нас, не ние за нив.

    Треба високи критериуми кој смее да студира кој не. Не може секој да заврши факултет, тоа го нема никаде.
     
    На Trexane, Gosh, Малечка Малинка и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.527
    Допаѓања:
    45.964
    Пол:
    Женски
    Медицинскиот кадар е пољубезен во нормални земји зашто нигде не се работи во хаос како тука, освен можеби Индија. Не е ова оправдување, ама е разумно објаснување, зашто секој човек во одредена точка ќе стане overwhelmed од такви услови.
    Плус и како народ сме исклучително нетрпеливи и немаме сенс за почитување правила, што се манифестира и кај пациентите што се дрски и кај докторите што се арогантни. Споредби со европски земји се небо и земја, имаме тотално различен колективен менталитет.
     
    На Trexane, Малечка Малинка, Ahoy и 7 други им се допаѓа ова.
  5. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Да различен колективен менталитет како народ, општество додека мед. кадар излезен надвор е доказ дека ги крши препреките од тип менталитет и е високоедуциран и лесно адаптибилен и конкурентен во ЕУ.
    Колку млади здр. раб. таму се чист увоз од Мк.
    Нивните пак заминуваат во повисокоразвиените земји и тоа е таа ланчана реакција.
    Јас спомнав формално да си треба и мн. искуство преку пракса плус, ама со неформалното што правиме?
    Од таму произлегува тој однос што не чини, не само во здр. образование, судство, администрација, стопанство...

    Широка тема за дискусија што не може и не е фер да засегне само еден фах.
    Има фалинки секаде, но секогаш е до индивидуата и кон што цели и се фокусира да биде во иднина и каде се гледа себеси, желби, можности, услови итн.
     
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    10.369
    Пол:
    Женски
    Матичните доктори придонесуваат доста за преоптоварување на системот. Нема термини, пушти приоритетен. Само приоритетниот најчесто се злоупотребува. Зошто мислиш дека во странство не е толку оптоварен системот, а на далеку поголема маса на народ? Ти практично треба да имаш нешто доста сериозно за да стигнеш до болница и специјалист. Матичните се доста добри дијагностичари, што и крвна слика многу ретко ти даваат да испиташ. Се е на база аускултација и анамнеза и преглед. Имам нешто хронично, со години не можам до специјалист да стигнам, се е во рацете на матичниот, едноставно смета не е тоа за ти да правиш гужва во болница.

    Друго, одамна протестираа за плати. Кои плати, кога условите во кои работат се ужас. Илјадници евра да ми даваат, не би работела во тие услови.

    Трето, знаеш како се вработува на клиника? Партиски. Дали тоа значи дека се вработуваат квалитетни кадри? Секако дека не. Дали синови и ќерки на доктори многу лесно завршуваат, да не биле, не би биле доктори? Македонија е мала земја, колку такви некадарни само се шетаат низ ходници, од неспособњаци до алкохоличари.

    Да бидеш overwhelmed, не ти дава право да навредуваш пациент. За ова од искуство пишувам. Во најранлив период од животот да бидеш, доктор да те навредува, еј. Тоа на факултет ли се учи, или како?

    Сите колективно придонесуваме, но Македонија има доста потфрлено во здравствениот систем. Тука се некаде со судството. Не знаеш што е полошо.

    Ова го пишувам како пациент и од искуства од блиски. Дефинитивно нешто не чини. Дали е до книгите, до условите, до партиите, не знам, но дека повеќе верувам на докторот од Словенија што зборува, отколку колегијална одбрана на македонските доктори, тоа стои.
     
    На eliesaab и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  7. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    300
    Точно дека УГД е послаб за нијанса/две од УКИМ али докторов малку претера, како со лаици да зборел со тие што завршиле на УГД :?: па средно медицинско да имаш нема толку дупка да искочиш камо ли со факултет.
    Малку како претеран да му е коментарот.
     
    На Eunoia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    435
    Мене ми е пречудна целата оваа ситуација и целото ова генерализирање на студенти. Како прво, ваква изјава не е достојна на еден професионалец и сум убедена дека е имало деца од УКИМ кои не знаеле некоја основна работа ама никој по своето нема да плука. Друго, кога сме веќе кај студенти и знаење, ај запрашајте се дали некој од вас познава некој кој завршил факултет, еве на достојниот УКИМ, а нема појма? Затоа што еве јас познавам, па не одам по улици да велам како УКИМ е дно дна... секогаш во секоја генерација постојат деца кои имаат завршено со врски и немаат појма, дали е тоа жално? Да, апсолутно. Дали е тоа реалност? Да, апсолутно. Трето, зошто се покрена ваква фама за факултети кои се наоѓаат во корумпирана држава за која ти требаат врски за да влезеш во продавница и купиш млеко и зошто се сите зачудени? Не правиме муабет за Оксфорд и Харвард туку правиме муабет за УКИМ и УГД.

    Лично, знам феноменални доктори од УГД и феноменални професори кои предаваат на УГД, лично знам и од УКИМ феноменални доктори и професори. Знам дека не учат од скрипти, ако е нешто било пред 10 години, не значи дека е и сега. УГД учи исто што учи и УКИМ, распрашајте се малку, погледнете литература. Е сега, главната тема, дали знам студенти од УКИМ кои се дно дна? Да и не се малку. Зошто никој не ги спомнува? Затоа што на никој не одговара, ете затоа. Кога ќе отидете на лекар, слободно прашајте кој каде завршил и излезете си од амбуланта ако не ви одговара. Лично мене последно на памет што ќе ми е кој каде завршил, ќе гледам дали докторот што сум го одбрала каков е спрема ред други пациенти.

    Да се скрати, образованието во Македонија и онака е на климави нози, не е тоа што беше УКИМ пред 15-20 години и ни една институција не е. Така да, шансите да излезат лоши кадри од било кој факултет се високи. Џабе само омаловажување на УГД и преценување на УКИМ.
     
    На Tokyo2 му/ѝ се допаѓа ова.