Од што ни игра окото? Треперењето на капаците се нарекува миокимијам, а многу почесто се јавува на долниот отколку на горниот капак на окото. Иако научниците не го знаат точниот причинител на треперењето, тоа се поврзува со стресот, напрегнувањето на окото, слаба исхрана, прекумерно количество алкохол и алергии . Треперењето на капакот најчесто е бенигно, а како прва помош се наведува намеленото количество на кафе, цигари, алкохол и повеќе спиење.
и мене веќе еден месец уназад ми игра и левото и десното око, но повеќе левото (долниот капак). Повремено ми игра и горната уста и носалките . Минатат година ми трепереше левото око неколку месеци и ми се случи смртен случај, ме фаќа паникаааааааа
Мене кога ми трепери левото око ми се случува нешто убаво,а кога ми трепери десното нешто лошо.И секогаш така,без исклучоци,нема промашај
јас па вака имам слушнато ако ти трепери окото мислам било кое дали лево или десно да си рецис во ум "ако е за убаво нека продолжи ако е за лошо нека престани" и така ке знаеш дали за убаво или за лосо трепери мене ми успева имам многу пати забележано
Мене кога ми трепери левото око ми се случува нешто лошо,а кога ми трепери десното око тогаш нешто добро ми се случува,а од пред извесно време почнав да го практикувам прекрстувањето трипати со десна рака на окото коешто трепери и да си викам во себе:Ако играш за добро,тогаш продолжи,ако играш за лошто,тогаш престани,трипати си викам во себе така и тоа многу ми помага и ќе почнам пак да пијам магнезиум и витамин Б6 и да гледам да не ги замарам премногу очите бидејќи носам очила со диоптер -8 на двете очи и тогаш се надевам дека сосема ќе престанат да ми играат очите,така што нема да се замарам со добри или лоши претчувства!
Мене секогаш без разлика дали ми трепери левото или десното око ..ми се случува веднаш или за некое време нешто лошо...
И мене ми трепереше прееска и се прекрстив трипати со десна рака и престана...Незнам не сум суеверна, но еднаш ми се случи да ми игра цел ден и лошо ми се деси...Сепак сметам дека повеќе е поврзано со стрес, умор итн како што опишуваат во претходните постови, ама ајде за секој случај си се прекрстив...
рака на срце. до сега 3 пати квалитетно ми треперело небитно,дали десното или левото,и 3 пати квалитетно нешто лошо ми се случило. Не она екстремно лошо,но сепак....колку барем еден ден да се акам од земја. И го прекрстив и сите тие бабини деветни ама не сакаи не сака
мене ми се случи цела недела да ми трепери десното око, ама тоа е последица на умор и стрес колку пто сум информирана. Пробав со сите бабини деветини ама не помина
Не сум суеверна.. можеби е чиста случајност, два дена со ред ми трепереше левото око.. долниот капак. Велат ако ти треепери левото око нешто лошо ќе се случи, се прекрстив сношти три пати и реков ако е за добро нека продолжи ако е за лошо нека престани и ми престана. И денес мачето ми се разболе Ете зошто било..
Велат кога и да ти трепери окото да не кажуваш дека ти трепери затоа што тоа тебе не те издало додека си гледал некаде. Ама бабини деветини ги има полно нели?
Има лек за чудово? Се случувало да осетам дека апла ми се мрда нешто кај годниот капак на окото, ама не сум придаваала значење и ми поминало. Мене ме мачи следново. Обично сама се шминкам и немам проблем, ама кога одам на шминкер за матурата, слика за табло, дипломската, или за на свадба многу ми е непријатно, многу се нервирам значи ни сама не сум свесна дека ми трепери окото и мака мачат шминкериве туш кога треба да ми стават. Смрт ми е. Значи најопуштена сум, тотално смирена ама ете ми треперат очите.
Мене мајка ми истото ми го кажа, окото викало „Ја се што гледам не кажувам, еднаш заиграм, ти ме кажеш“
И мене ми се има случено да ми 'игра' окото, па ништо страшно Во годината ми се има случено 2-3 пати да ми `заигра` окото.
Мајка ми вика дека ако ти игра левото око ќе се случи нешто добро,а ако ти игра десното око нешто лошо.
Многу често ми се случуваше да ми затрепери левото око и тоа траеше неколку дена со ред после некое време десното почнуваше да ми трепери а другиот месец дедо ми почина но искрено јас не верувам во вакви работи туку мислам дека е случајност а можеби и недостиг на некој витамин..
Мене пред 1 год ми се има десено цели 2 месеци да ми игра десното око и тоа во рок од 5 мин 2-3 пати мораше да ми заигра.. Но сите ми викаа дека ако сум била на нервна база сигурно е до тоа, а стварно тогаш мама, тато и бато отидоа во италија после 1 недела од како заминаа окото почна да ми трепери и од како си дојдоа после некое време престана. Имам вечен календар во него пишува за треперењата и нивното значење ако некој го интересира нешто слободно нека ми пише.