„Доколку окото ви трепка не треба да кажувате зошто тоа вас за ништо не кажува а сега окото прави само еднаш нешто и вие го кажувате.“ тоа го имм слушнато од постарите само во себе треба да си кажете Ако е на добро нека престане ако е на лошо нека продолже.
Мене ми трепери окото веќе 3 недели и ме вади од такт. Ми кажаа дека ми е од стрес и умор, и ми кажаа да пијам Бедоксин, ама не поминува
Не сум суеверна, ама окото ми доигра. Ден и ноќ. Знам дека не се кажувало, ама сите ми велат нешто лошо значело...
Мене речиси секој ден ми игра окото, и воопшто не е добро чувство. Не сакам да прави така, иритантно ми е... Ама тоа е...
Страдам од оваа работа веќе добри 5 месеци. Страдам, затоа што не е ден или два, една недела туку со месеци, особено е изразено навечер кога сакам да спијам и ке ги склопам очите, а исто така се активира и кога од соба ке излезам на светлина, односно надвор. Јас навистина незнам...Десното око е иначе, многу непријатна работа. А не ми с еоди на лекар за ова, незнам навистина...
Од тоа што иам читано, причините за ова се од мошне разновидна природа: стрес, замор, алкохол, кофеин, „суви очи“, очен замор (астенопија), нутритивен дисбаланс, алергии и многу други... Многумина се жалат дека ваква состојба ги мачи подолг период. Во вакви случаи драги мои, сметам дека е потребно да се консултирате со лекар. Не занемарувајте вакви работи.
Не сум суеверна колку - толку, ама ова со играње око мене ми се покажало со тек на мојот живот дека навистина ми е предвесник на нешто лошо или добро (зависи кое око ми трепери, левото на добро, десното на лошо - јас така си ги имам дистинкцирано). Не може досега сето тоа да било коинциденција. Имам редица лоши настани во животот кои ми се случиле со претходно треперење на десното око одреден период (неколку дена, недела...) и после тоа окото автоматски престанува како темпирано.
Вчера се шминкав...си ставив моливче и внатре во окото и после неколку минути почна да ми мрда нешто кај подочникот...значи исто како кога "игра" окото, само мене сега ми се случува подоле...Така ми е веќе втор ден....Сигурно е некој нерв....Има некое чаре или? Не се плашам само грозно ми изгледа...Како да пулсира...Мрда на 4 секунди
Знам дека е предоцна ама мислам дека не ти давало тоа некој знак или слично . Смртта на личноста и играњето на окото не се биле поврзани нешта туку така се случило и ти си о поврзила тоа ...
Кај горниот лев капав во аголот кај носот на допир осеќам дека има како некое топче, не ме боли само постојано осеќам како да ми се собира, да игра. Пробав со тоа да го прекрстам 3 пати..но одреден период се смирува и потоа пак продолжува. Ги читав сите ваши мислења и јас стварно незнам што да мислам, добро или лошо..а секогаш ги избирам оние лоши мисли некој совет од вас?
Девојки почна да ми трепери окото денес и тоа трае веќе 2часа и мн ме нервира. Сега мајка и ми кажа да си ставам малку ладно, лед или што и да е.. Пробајте може ќе успееме
I mene mnogu pati mi se ima sluceno da mi treperi okoto. Nekogas trae so casovi. Nekogas i so denovi. No samo znam deka samo si pominuva.
Velat ako ti "igra" okoto ke places i kaj mene sekogas e taka no sigurno ne e toa pricinata, se smiruva i ne e strasno