Веќе два три дена ми трепери левото око. Од толку многу случувања околу мене, од толку многу треперење и на двете очи веќе не знам на што да се потпрам, дали е на добро дали е на лошо. Минатиот период бев под стрес па се тешам дека е до тоа. Аман веќе, нека ми престане.
Јас мислам дека тоа нема никаква врска дека нешто лошо ќе се случи. Окото не може со треперење да не предупреди за нешто, нема никаква смисла, од каде окото знае што ќе се случи? Мене тоа ми се случува понекогаш скоро од ништо, не сум ни под стрес, ни вознемирена.
во последно време левото око нон стоп ми трепери..прочитав дека не треба да кажувам и си молчам ..ме става на мисла што ли ќе се случи..дали е за арно или лошо
Кај мене подолгото време на треперење на десното око се покажа дека е за она од кое се плашев. Ужасно треперење од време на време, дури и ми сметаше при гледање во тој момент. Ми почина блиска личност од семејството. После тоа како малку да престана, не приметив дека трепери како пред тоа, можеби малку пак ќе затрепери ама не како порано. Не сакам да го поврзувам треперењето на окото со таков настан, но тоа прв пат ми се случи и баш пред тоа. Нека било само од умор или стрес, за да не наоѓам во иднина причини во сите знаци и реакции кои ги прави телото.
Играње на окото: причина е хормонот на стресот Капакот или мускулите на аглите од очите ќе почнат да треперат, а понекогаш и да чувствувате мало чешање. Станува збор за фасцикулација - брзо треперење на мускулните влакна. Важна улога во оваа појава игра и хормонот на стресот, адреналинот, кој ги иритира малите мускули. Причината често е ненаспаноста и преголемиот стрес во секојдневниот живот. Што да се превземе? Ви треба повеќе мир. Дозволете си повеќе паузи, спиење од најмалку седум часа на ден. Повеќе пешачење, по можност во вечерните часови. Ова ќе ве релаксира и ќе ја спречи секрецијата на стресниот хормон. Што се суви очи? Кога има недостаток на солзна секреција или недоволнен квалитет на солзи во однос на нивниот состав, пациентите чувствуваат нелагодност во очите- боцкање, потреба да ги протриваат очите, чувство дека имаат „нешто“ во око, црвенило на очите. Сите овие симптоми го водат пациентот кон очниот лекар. Ако не се превземат мерки и соодветна терапија може да дојде до усложнување и постои висок ризик да се појават ерозии (ранички) и инфекции на корнеата. Симптоми Пациенти со овој проблем често се жалат на чувство дека имаат „песок“ во очите, сувост и дразнење. Други симптоми се топлина, зацрвенување, густа секреција и светлината им пречи. Кај пациентите кои користат контактни леќи сите овие симптоми се уште повеќе изразени, особено и замаглениот и нејасен вид . Колку и да е чудно и полнењето на очите со солзи и обилно течење на солзи исто така може да е симптом на суво око! Постојаното дразнење на очите од неквалитетни солзи предизвикува рефлекторно производство на големо количество солзи. Но овие солзи воглавно се состојат од вода, им недостигаат специфичните состојки, кои го спречуваат испарувањето на солзите и затоа не можат доволно да го влажнат окото. Лекување Замената на недоволните природни солзи со вештачки е најчесто применуваната терапија. Вештачките солзи се лубриканти кои по состав се блиски до природните солзи. Можат да се користат толку често колку е неопходно (1-2 пати на дневно до неколку пати на час) особено вештачките солзи кои не содржат конзерванс. Нормално солзите се истекуваат низ солзните точки и каналчиња на долниот и горниот капак во солзното ќесе, а од таму во носот и грлото. Друг начин на лекување е солзните каналчиња на капаците да се затворат со специјални силиконски тапи, на одредено време или постојано. Тоа овозможува очите да се постојано влажни за подолг временски период. Премалку трепкање пред компјутерот Колку пати ви се случило за време на користење на интернетот, читање, играње игри или пишување на компјутер сте се загледале во екранот и едноставно сте заборавиле да трепнете? Премалку трепкање го суши окото и создава иритација како пецкање и чешање на окото. Ако после користење на компјутерот често ги чувствувате споменатите симптоми, набавете си вештачки солзи –капки кои го штитат и навлажнуваат окото. Какви се тие вештачки солзи? Дали некој има слушнато/ користено? Иначе од сето ова заклучив дека окото ми трепка поради што ми е суво, некогаш солзи ми течат, ме чешаат, ми се вцрвенуваат ( претежно ко ке ставам маскара и од топлина). А стес баш и немам , можеби на моменти.
Здраво. Би сакала да го споделам ова непријатно чувство на треперење на окото кое трае скоро 2 месеци. Пред околу два месеци почна да ми игра десното око, поточно мускулот во долниот дел под окото, доста непријатно чувство кое ме прави нервозна секој ден, колку и да се трудам да не мислам. Значи по само 1 недела од кога почна без престан да трепери, бидејќи ми сметаше премногу, посетив очен лекар, кој ми направи детален преглед, и не утврди никаков здравствен проблем на окото, диоптријата и сл. Ми препиша комбинација од таблети витамин B6 и магнезиум, капки и капсули на природна база околут комби. Подобрување има, но на краток период, и тоа најмногу 3-4 ден. и пак почува постојано да игра, но со паузи во текот на денот. Таблетите и капсулите ги земам секојдневно, но резултатот не е целосен Во текот на една недела, паузира и пак почнува. Се трудам да не мислам, да избегнувам колку можам компјутер,таблет,моб, да ги одмарам очите, психички да бидам смирена, вежбам пилатес, здрава храна, не пијам кафе и алкохол но ништо сепак не помага.Знам дека можеби звучи како да сум опседната, но крајно ме иритира ова пулсирање, и ми влијае на секојдневното расположение. За скоро планирам да појдам повторно на контрола, бидејќи ме чека свадба, и несакам да ми смета овај непријатно чувство на еден од најубавите денови во животот. Ве молам за совет доколку некој знае нешто поефикасно за оваа проблематика
b1 vitamin preporacyvaat da se zeme koga vi igra oko ama nz dali go ima kaj nas i ako go ima sigurno e skapicok odma pominuva od ovoj vitamin
Мене десното око почна да ми игра од кога почина дедоми. Од дента кога почина па се до 40дена ми играше десното око. И еве поминаа тие 40дена оддамна мене окото престана да ми игра (треепери)
Ми трепери долниот дел од десното око. Дали знаете од што можи да биди тоа? Многу е непријатно чувството како да ти потскокнува нешто во окото.
Некои кажуваат дека треперењето на окото е од стрес.Но, јас имам заприметено кога ми трепери десното око обавезно нешто лошо се случува!
Мене секогаш кога ми игра око долен капак најчесто е, знам дека нешто обавезно ќе се случи лошо значи нема бегање од тоа. Неколку пати ми се има случено тоа и сама се имам уверено дека е лош знак.
Пред некое време цел месец ми играеше/трепереше горниот капак на едното око. Во ден можеби по 30тина пати. Се консултирав и со очен лекар, имам и диоптер на очите. Но не беше тоа причина. Излезе стрес, хроничен и нервот ме потсетуваше дека треба да закочам. Б-комплекс ми помогна, излегувања и дружби со драги луѓе. Ми помогнаа да го надминам овој симптом
Знае да ми" заигра " око , понекогаш и оро си игра .. ама до сега се покажало како умор . За среќа не сум имала непријатни случувања ( како смрт и болест ) што би ги поврзала со треперење на окото . Плус неодамна имав мало пецкање и чешање во десното око , па бев на доктор , направив детален преглед на очите . Испадна дека имав мала инфекција која всушност го дехидрирала окото и предизвикала пецкање и чешање на окото . Ми дадоа капки за очи и сега се е во ред . После оваа инфекција , пак ми има треперено окото , дури и кога сум се будела некогаш сум се будела со треперење . Ама ништо страшно . Во овој случај повеќе верувам на медицината и науката . Сепак некогаш се случува доцна да легнеме , а рано наутро да станеме , и затоа се случува .