Мене ми е точно тоа со играњето ама и со веѓата и си знам едното ми е дека ке се случи нешто лошо едното дека нешто добро и вистина ми е така имам приметено
Мене баба ми ми има кажано кога игра око не се кажувало, демек окото се ти гледа а ништо не кажува, а еднаш штом ке ти затрепери ти одма кажуваш. Не знам колку има врска ова, јас немам проблем со тоа можам на прсти да избројам колку пати ми треперело окото.
Dva dena po red mi treperi kapakot na okoto, znam deka ne se kazhuva no ne e vekje izdrzlivo , prethodno imav malo otoche i mi spadna za 2 chasa no mi vleze prashinka, po 2 3 dena mi se sluchi ova, mi se sluchuvalo i prethodno no ova trae vekje 2 dena non stop, iima neshto shto bi mi preporachale da napravam
Licno iskustvo 2 pati Levo oko koga mi igra za loso mi e 1 pat 2020 godd mi igrase 2021 mi go prekinaa dogg od rab januar, 2021 2 pat dekemvri januar celi 2 meseci mi igrase Fevruar baba mi pocina Neka i e lesna zemja .
Нема врска поврзаноста со настаните т.е ако го толкуваш како предзнак. Нормално е, сите гледаме во телефони/лаптопи и сл. А се случува и од стрес. Затоа повеќе време во природа е убаво да се минува.
Хелп значи од декември па до сега мене око не престана да ми трепери неможам нервоза веќе ми ствара, некое чаре знаете барем кај да се обратам на лекар ли на самата себе
Да не поминуваш многу време пред екран на мобилен или компјутер? И мене од долго стоење на мобилен некогаш знаат да ми треперат очите. Консултирај се со матичниот доктор, не знам каде ќе те испрати, ама може ќе те прати на преглед кај офталмолог, затоа што не е баш нормално месеци да не престане да ти трепере окото.
Како ви поминало подолготрајно играње на око? Скоро 2 недели ова е константно и еве не можам дури ни да спијам, пијам магнезиум и б витамини ама не помага. Дали сте имале проблем да заспиете? Дали некој бил на очно и што насока добивте? Фала!
Мене така ми поминувало, само од себе. Нерв е тоа, и на нога така ми трепереше, исто вака долго траеше, ме нервираше многу и не можев да спијам. Цел мускул се мрдаше и тоа прејако. Многу е иритирачко, не само на око туку сегде. Кои глупости се ова у темава, ако треперело значело нешто.. Од умор веројатно се јавува или напнатост, стрес. Ако не прекинува, иди на лекар.
Јас бев на очно. Ми кажа да пијам б-комплекс 3х2 една недела,а потоа 3х1. Мене ми помина тогаш. Од време на време знае пак да ми затреперат, ама пијам б-комплекс неколку дена и помине
Пијам б комплекс, ама 1 апче дневно. Треба 3? Колку време тебе ти беше така додека да се смири? Фала!
3 пати по 2 апчиња ми кажа докторот. Па не знам точно за колку време ми помина, после 1 недела можеби