lele fala vi mnogu ova e prasanje i odgovor za mene!poludev denes!odamna mi se nemase sluceno vakvo nesto fala vi i bravo za knigata ili tefterot,kako i da e pozdrav do dvete!
значи недостаток на магнезиум ( нема врска со некои натприродни работи) и кога ќе почнеш да пиеш магнезиум да видиш како чудесно ќе се излечиш
Абе аманте луѓе какви соновници какви глупости, тоа кога бевме мали, ќивалче, па ако ти падне предмет од рака во колку часот ти паднало глупости. И јас сум по малку суеверна не велам не еве јас имам слушнато дека ако ти трепери окото не треба да кажеш никому.
Ми игра окото Девојки , може не е некој проблем , ама ме тера на нервоза, веке три дена со ред ми игра окото и тоа ужасно ме нервира. Мајка ми вика да не е од нервоза, ама па баш за ништо не се нервирам. За да не одам на лекар за ситница има ли некој со сличен проблем да ми каже како го решил , поздравче
Ми игра окото Кесичка од чај од камилица ми помага мене. Стави ја на окцето и чекај додека не престане.
сум слушнала дек треперењето (играњето) на окоте е нешто лошо ... но не се разочарувајте .. мислете позитивно за да го исфрлите лошиот дух ..
Ми игра окото Еве и по скоро месец дена не престанува, матичната ме прати на невролог, ми даде ТЕГРЕТОЛ , го прочитав упатството , не сум баш воодушевена, изгледа имам проблем со нервот . Прашањето ми е дали некој има искуство со овој лек, и дали има негативни последици недај боже ?
Ми игра окото За овој проблем имам читано дека се појавува, при настинка, возбуда, вознемиреност, и сл. И мене во последно време мн ми се изразени вакви "испади" на некои делови од странана на нервите воопшто не е забавно, напротив ужасно нервира Пробај посмирено, ако евентуално си нешто нервозна, вознемирена и сл... Навистина незнам што би можел да биде лекот
Ми игра окото Смирена сум колку што можам во ова динамично време, знам дека не сум единствена со ваков проблем
Ех , ми се смачи да ми игра окото , и тема отворив за тоа , само дури сега ја видов оваа . Мене ми игра левото , и за чудо читам тука дека е на лошо, а јас добив 300 евра на спортска Бев на невролог ми рече дека е од преживеан стрес, што може да е точно , во јануари доживеав тежок стрес, ама дури сега да ми трепери е малку чудно. Пијам Б6 витамини нон стоп , ама не престанува , па сега ми дадоа Тегретол , па ке видиме што ке биде
мене ми игра веќе два месеци едно време се смири мислам кога редовно пиев магнезиум потоа престанав и еве пак почна да игра ме излудува.
мене освен окото ми се случувало и друг мускул (на рака, на нога) да ми трепери. И интересно ми е. Незнаев дека нешто значи.. Баш ке видам следниот пат дали ке ми се случи нешто ..