ХАхахха.. интерено и е бе )) Мене многу ме нервира кога ми трепери окото или некој друг дел од телото... Па го притискам , го чешам, се надевам дека ќе престане. Инаку тоа не ми се случува често, и јас сум слушнала дека кога ти игра око ќе видиш некого што сакаш да видиш, или дека некој сака да те види
Ако веруваме дека нешто лошо ќе ни се случи - стварно ќе ни се случи бидејќи полни ќе сме со негативна енергија и стрес и во секој момент очекуваме нешто лошо -заклучок: сами си го бараме
ahahahaha i mene mi treperi nekad ustata a okoto ne tuku vegjata..ama nikat ne mi se desilo u toa vreme da ima nekoj pred mene ili pred ogledalo da stojam pa da vidam samo dai se osekjam taka ili stv treperi )) pozz [mod-kirilica:2pikuaxa][/mod-kirilica:2pikuaxa]
Леле колку пати ми се има случено тоа ехеее. А за окото кога ти игра јас знам дека не треба да се кажува, божем не било убаво. Кузнае.
Мене ми имаат кажувано дека ако ти игра окото треба да го фатиш и да кажеш ,, Ако ми играш играј ми на добро, ако не престани". Се надевам дека ќе помогне.
Да и јас имам слушнато доколку ти трепери окото не требало да се кажува Mене многу често ми трепери и искрено не се замарам
mn pati igranje na okoto ili treperenje e posledica od nekoj dozivean stres,posledica kako tik i od predolgo sedenje na kom
Ако ти игра окото велат не се кажува затоа што тоа вика: Јас гледам се што правиш ти и на никого не кажувам, јас еднаш ке заиграм и ти одма ме издаваш. А јас баш сум заприметила дека кога ми игра левото око, тогаш дефинитивно нешто лошо ми се случува, ете случајот со смртта на дедо ми, цела недела окото лево не престана да ми трепери. Кога ми игра десното око пак, нешто убаво ми се случува. Сум заприметила и тоа ми е некакво претскажување...
Мене ми трепери окото кога сум под голем стрес ,тогаш и устата ми трепери ,и мислам дека не би требало да значи нешто лошо...откако ќе се смирам се смирува и тоа..
мене ми кажаа дека треперење на окото значи дека или некој те мисли или ќе видиш некој важен. И секогаш кога ќе ми трепери окото така подолго време го гледав тој шо ми се свиѓаше
туууу моево па не прекинува...така си имам некои периоди кога нон стоп ми `игра`...не знам можеби е од стрес или па ако предолго седам на компјутер. Mи иде да го откорнааааааам некад...мислиш пајдушко си игра најчесто е десното.
Јас знам за: Ако ти трепери левото око - значи среќа, а ако ти трепери десното око - несреќа. Иако не верувам баш во овие работи, морам да кажам дека еднаш се зачудив. Еднаш со една другарка си седевме на балкон, и почна да и трепери десното око - и рече: леле ова значи несреќа!.. ама не се потресовме воопшто пошо не ни веруваме во тоа. Но по неколку минути и се јавија дека нејзините имале сообраќајка, за среќа лесно поминале. Сепак не верувам во ова, сметам дека било чиста случајност
Често ми се случува ова и не му обрнувам посебно внимание. Мислам дека најчесто ми се случува кога сум во стресни ситуации. Не верувам дека значи нешто посебно.
Седам со другарка и почнува да ми трепери окото. И јас и кажувам. А она на тоа: -„Не се кажува кога ти игра окото, пошо викало: Јас тебе цел живот те гледам што правиш и ниту еднаш не те издадов, а јас еднаш заиграв и ти одма кажа“. Јас бев првин , после wtf , a на крај И ден денес ја заебавам за ова
Мене пред неколку дена ми играше окото уффф цело време си го триев и кога се вратив дома ја прашав мајками што е и мајка ми ми кажа да не кажувам дека ми игра.Бидејки окото викало ,јас цело време те гледам ти што правиш ,јас еднаш ке заиграм и одма ме кажуваш .И по некои бабини деветини ке ти се случило нешто добро
Вака вика баба ми - ако ти игра окото ќе преминеш преку него како да се крстиш (горе,доле,десно,лево) и ќе си кажеш - ако си на арно играј, ако си за лошо престани Х3 (три пати ) ..... што и да направи окото - ќар сме п.с. ова многу ми се допадна Јас тебе цел живот те гледам што правиш и ниту еднаш не те издадов, а јас еднаш заиграв и ти одма кажа.
Ако ти игра окото(десното) неш ќе оди на арно а ако ти игра левото на лошо ќе оде ц.ц.ц.ц. тешко на тај шо му игра левото -На нова година мене ми заигра десното(пред тоа бев слушнала дека кога ти заигра тоа не се кажува)и си викам ај да видам дали нешто ќе оде на арно...мина нова година...и супер си помина... -На тест по математика мене ми игра десното око...иии како доаѓа наставничката до мене се повеќе и повеќе...леле...уплашив се...дадоа ми тесто..окото престана...и после дават тестовите...мене окото па ми игра...зимам тесто и гледам 5.... и сега појма немам шо значи...играњето на окото... Спојлер -На мајка ми пред на умре вујко ми и играла цела лева страна од лицето(образо)
а да ти игра некој друг дел од телото шо значи?еве мене цел ден ми игра цела лева рака дури и газот ми заигра прееска со раката..шо значи тоа знае некој?