Jaс пак имам слушнато дека кога ти трепери окото некој сака да те види. Па во моментот кога ти трепери требало да прашаш некој кое око ти трепери, па ако погодел точно било. Јас искрено не верувам. Уште едно суеверие.
Ми се има и мене случувано. Не е ништо чудно. А патем имам слушнато дека не треба да се кажува кога ти игра окото.
Па јас не сум баш суеверна но чувствувам непријатно чувство кога ми трепери окото и не знам но ми имат кажувано дека доколку ти трепери левото око ќе ти се случи нешто лошо а ако ти трепери десното нешто добро.Колку е вистина не знам но братучетками ми има кажувано дека и треперело левото око и тоа многу и после тоа и бил најлошиот ден во животот.Сега можеби е само случајност а можеби и има вистина во таквите кажувања .
Ех, и јас сум го слушнала ова, инаку, едно време така и мене ми трепереше окото, ама само од себе престана... не ми се случи нешто добро или лошо, да се случеше, ќе памтев, ама не знам... Мене само што ме нервира, ама не верувам дека тоа е всушност некој знак или така нешто. Не верувам во такви работи.
Тоа се случува поради премореност или несоодветно примање на нервни импулси од страна на мускулите кои го движат окото ,ама народ ко народ ,мора на се да му придаде некое мистично значење. И зошто секогаш левото мора да асоциира на зло?????
Не сум знаела дека и ова е некоја мистериозна работа и дека ќе ти се случи нешто ако ти мрда окото. Мене стално ми игра, не сум му обрнала некое големо внимание. Ме замисливте сега да ви кажам. Интересно..
Ми се има случено неколку пати. Еднаш ми играше кога бевме искочени со друштвото и јас им реков на две-три девојчиња онака: -Еј ми игра окото. Една од нив ми рече: -Не треба да кажуваш,несреќа носело . И јас онака абе ајдее!! После некое време излегоа некои караници за кои неможам да ви раскажам подетално. Сите од друштвото се испокараа и имаше и плачење, па некои мислеа дека моето треперење на окото го "предизвикало" тоа. Иначе и на мајка ми и трепери окото понекогаш и таа вика дека секогаш кога и трепери се случува нешто лошо али штознам
Мислам дека нема врска дека носи порака,ама добро,ај може и да може,којзнае Кај секој се случува,и мене 100 пати ќе ми се случеше и првите пати се чудев,мислев нешо сум си се пореметила прв пат слушам дека не треба да се кажува дека ни игра окото свашта... што се не ќе слушнеш веќе
леле истото ова и баба ми ми го има кажано мене. И мене ми се случува да ми игра окото и јас знам дека не треба да се каже. Ам мене баш сум забележала дека секогаш коаг ми игра окото после плачам.
мене обично кога ми игра лево око,секогаш се радувам,добивам убави вести, навистина голема радост. но кога ми игра десно око и не се баш толку убави вестите
Mене често пати ми игра окото,баба ми кажа дека лево е лошо,и десно за убаво,но кај мене е обратно,и кога е лево си кажувам,а за десно си кутам SanjaEva и мене истото баба ми го кажа ако играш за убаво играј,ако си за лошо престани
^ И јас така му се заканив, ама еве го веќе втор ден... Ми ствара нервоза дури... Нит сум под стрес, нит сум уморна... Ама оково ми се изнаигра... НЕ МОЖАМ ВЕЌЕ. Не и денес!
Многу смешни ми се бабиниве деветини за играњето на окото. Не сум пробала да му се заканам, али во наредна прилика ќе му упатам апел, нека не се секира. Колку ме држи сеќавањето, најчесто левото ми игра, а досега толку лоши работи сметајќи ги сите „играња“ на окото, не ми се случиле да чукнам во дрво.
^ И ја еве еден јавен апел му упатувам... Абе и јас не верувам, и кажувам на некој, и сите НЕ НЕ,не се кажува, закани му се... Се смеев и ја, ама на психа ми мавна...
Кога огра десното око има среќа, а левото кога игра несреќа. Баба ми ми викаше да не кажувам кога ќе ми играло окото, а зошто и јас не знам...
Има денови кога многу ми игра окото. И многу ме нервира. Викаат дека, ти треба да дознаеш, кое око, што ти значи, дали добро или лошо. А некогаш стварно ми се има случено нешто лошо, кога ми играло окото, а некогаш и не. Така да, колку и да не верувам, ми фуфка така по малце.
И мене ми се случува истото, но не му обрнувам внимание... Едно е вистина (според мене) : ако веруваш дека играњето на окото ќе ти донесе несреќа, така и ќе биде... затоа мисли позитивно, одбери го она што најмногу го посакуваш и замисли дека играњето на окото е предзнак за тоа... Верувј ќе се чувствуваш многу подобро
Пред неколку години и мене ми се деси истото Лани пак почна интезивно да ми игра окото баш добро се преплашив и испадна пак на лошо ама овај пат беше поврзано со мојата работа...Сега кога почна истото играње приметив и запаметив на кое око (десното ми играше) пак бев под голем стрес на раб.место и низ разговор со личност од друга вероисповед ме посоветува да ја пуштам чешмата да течи вода и да и кажам на водата дека ми игра окото и да замолам да ми игра на арно...Од тогаш помина некое време,не се случи ништо лошо на раб.место(тоа е најголемиот извор на стрес кај мене) а во меѓувреме си пијам и Б6 и секако ке ги имам во предвид и сите позитивни коментари за играње на десното око