И мене ми огра окото, ама порано тоа, кога бев помала. Често си играше тоа само по себе и неможев да го сопрам, морав раката на око да ја ставам Али сега ретко...
Мене баба ми ми рече да не го издавам кога ќе ми трепери зошто тоа мене не ме издавало во кого и што гледам. Врло паметно Ми трепереа двете пред некое време уште кога одев нашколо, ама не беше на ништо предзнак тоа, можда дека ќе слушнам убави вести зошто после тоа само убави работи ми се случуваа.
Мене доолго време ми играше левото око. Онака неприметно ја осеќам дека ми игра. Јас првпат слушам дека тоа значи лошо нешто ќе се случи. Сум слушнала дека кога ќе игра окото тоа значи дека некој сака да те види.
Ми има играно окото, и мислам дека кога ти игра окото не се кажува-барем така имам слушнато Народски кажано не се кажувало бидејќи окото никогаѓ не те издавало и не издава ништо што ќе видиш, а тоа еднаш игра и ти одма кажуваш на сите.
Баба ми ја учеше браучедка ми дека коа и игра окото треба три пати како крст да му направи и да вика - ако играш за добро играј ако играш за лошо преиграј. Ја па и се смеев и неверував .Ама еднаш ми се деси нешто прилично интересно. Си викам ај да пробам. Пробав и не ми преигра а другиот ден ми купија нов мобилен . Незнам дали да верувам или не
И јас многу пати сум го слушнала тоа дека не треба да кажеш ако ти трепери окото. Трепери заради замор на мускулот најверојатно. Ќе потрепери, па ќе се стабилизира. Нема гајле
Ауу да те боли заб не е убаво.. смрт на некој близок роднина.. а ако има крв и те болит значи дека е смрт во фамилијата Ч(
Да дека е нервот, се е на нервна база, али старите неуки си го толкувале како им одговара... Една жена на Велики Петок пред 4 години влезе во гаражата кадешто чистевме со мајка ми баба ми и вујна ми и ни побара храна и вода... Ни предложи да ни гледа што било како било, како ќе биде и се ни погоди.. Се чудев.. И на крај ми играше левото око и ми рече нешто добро ќе ми се случело.. Кажа дека ако е левото - добро, ако е десното- лошо.. Како ќе те понесе интуицијата така ќе излезе, во секој случај
Мене левото око ми 'играше' пред Н.Г, почнав да пијам Б6 како што прочитав тyка, и престана после недела-дена. Инакy јас мислам дека ова може да е до псиxата, мислам дека окото 'игра' зашто сака да гледа дрyги работи, да ја промени панорамата, да го промени аспектот на гледање на нештата, тоа е аларм за ние да направиме животна промена за окото што 'трепка' да има нова глетка. Едноставно, да го видиме светот со поинакви очи.
Знам дека имате пишувано..но јас,пак да кажам. Некогаш ми трепери десното око,и тоа кога трепери, подолго време. А вчера,ми трепереше устата,долниот дел.(а горниот,помалце) Епа,мое беше да кажам
Јас имам слушнато дека левото ако ти игра значи лошо, а десното значи добро.Мене не секогаш ми се случува нешто ради играњето на окото, ама на бабами РЕДОВНО! секогаш ке се случи нешто..
Сум слушнала дека ако ти трепери окото треба да речеш ако е за убаво продолжи,а ако не е престани.И според тоа ќе знаеш дали ќе се случи нешто добро или лошо и за тоа дека ти трепери окото не треба никому да кажеш.