Има нешто вистина во овие бабски приказни. Не промашило до сега, левото да ме „израдува“ до солзи и десново да ме насолзи од радост.
Исто и на мене цесто ми се слуцува да ми игра левото око но , досека ми се нема нисто лозо слуцено ,но не казувам на никој
Мене веќе еден месец ми игра десното око, може и повеќе. Па ми се случуваа и лоши и добри работи. Повеќе ми се мотаат црни мисли низ глава, па може и затоа се чувствувам многу грдо и такви и работи ми се случуваат. Камо среќа да е на добро и ова црнило над мене да си замине.
Мене веке 3 години ми игра и окото и рацете и нозете ....... целото тело , му се пожалив на докторот ми рече дека е од недостаток на магнезиум .
Ми игра окото И мене знае да ми заигра окото ми се случувало дури и по 3 дена да ми игра и нешто ми кажуваа ако игра десно мислам дека беше играло за добро ако игра лево за лошо....Јас правев крсче со раката на окото кое ми игра и кажував ако играш за добро играј ако играш за лошо преиграј и знам дека ми поминуваше...не дај Боже ништо сериозно не сум имала со тоа...пробај може ќе заврши работа.
Ми игра окото Земете каменче значи од надвор, обично и само допрете го до окото, нешто се кажуваше ама стварно појма немам што беше, кога мене така ми правеше ми кажа другарка ми и одма престана.
Доколку ви трепери левото око -лоши вести десното око- тоа што ке си замислите ќе ви се оствари според една стара книга , има и за треперење на повеќе делови ,па пишете ако саката да ви ги кажам.
можеби е некој нерв .. инаку старите велат ако е левото -лоша вест десното-што ќе си помислиш во моментот тоа ќе се исполни Јас знам дека демек нешто лошо ќе се случи и не треба да кажуваш кога ти игра окото. Сепак се работи за нерви и живци... Совет: Ви треба повеќе мир. Дозволете си повеќе паузи, спиење од најмалку седум часа на ден. Повеќе пешачење, по можност во вечерните часови. Ова ќе ве релаксира и ќе ја спречи секрецијата на стресниот хормон.
Порано баба ми ми викаше ако мислам на треперењето на окото дека ќе ми се случи нешто лошо. И јас си се плашев и кога ќе почнеше да ми трепери окото, пробував да мислам на се, само не на тоа.
Ајде и јас да си прашам овде што значи ако ти трепери левото око од долната страна одма на крајот од окото? Мислам дека ме разбравте
Се случува често да ми трепери левото,не придавам некоја важност дали е за добро дали за лошо,суеверност е тоа
Феминки мене денеска цел ден ми трепери левото око, ама не капакот туку доле кај трепавиците. Има ли тоа некакво значење? Значи потенцирам, не е ни на трепавиците ни на капакот туку на подочњакот.