1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Кафе-муабети“ – број на мислења и лајкови

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 13 септември 2010.

?

Треба ли да се оневозможат бројачот на мислења и лајковите за категоријата „Кафе-муабети“?

  1. Да

    21 глас(а)
    51,2%
  2. Не

    20 глас(а)
    48,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.679
    Веројатно забележавте дека во новата категорија „Кафе-муабети“ беа преместени сите теми од типот на „Сакам да кажам...“, „Како се чувствувате денес?“, „Специјален поздрав до...“ итн.

    Оваа категорија ќе служи за дружење, објавување на статуси и подобро запознавање на членовите, т.е. за лежерни дискусии што би биле оф-топик во останатите категории. За да го спречиме користењето на темите од новосоздадената категорија како лесен и едноставен начин за зголемување на вкупниот број на мислења и за добивање на „лајкови“, планираме да го оневозможиме бројачот на мислења и копчето „Ми се допаѓа“ за категоријата „Кафе-муабети“.

    Што мислите вие за ваквата идеја? Образложете го вашиот став овде или гласајте на анкетата.
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас мислам дека подобро ќе биде да се дава одреден број на лајкови во 1 ден. На пример да речеме 5 лајкови и сите да ги дадеш на различна личност! Овака навистина се претерува. Не е важно што ќе се напише, важно е да се добие лајк. Затоа мислам дека со одреден број на лајкови во денот нема да се злоупотребува опцијата и сите ќе се дадат на мислење кое го заслужува тоа, а не на мислење напишано во Специјален Поздрав на пример.
    Да се надополнам, има навистина убави мислења од одредени членки напишани во Сакам да кажам. Мислења кои заслужуваат да им стиснеш ми се допаѓа.
    Јас сум за ваква опција ако може, а ако не, нека се оневозможи, подобро ќе биде :)
     
    На GoldenValery, Name, velesanka и 2 други им се допаѓа ова.
  3. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.679
    Веднаш да одговорам - размислувавме за ваква опција пред да го воведеме системот за рејтинг... и веднаш ја отфрливме затоа што целта воопшто не ни е да го ограничуваме на било каков начин користењето на копчето „Ми се допаѓа“. Напротив, би сакале оваа опција да се користи многу повеќе отколку сега, но ѕвездичките да се доделуваат за навистина квалитетни и корисни мислења.

    Дел од намената на ѕвездичките е да се издвојат најдобрите мислења (дневно, неделно итн.) и да бидат поставувани на почетната страница. Сепак, целата работа паѓа во вода ако целиот список на најдобри мислења доаѓа од темата „Специјален поздрав до...“
     
    На Okica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Тоа и ми беше зборот. Се злоупотребува копчето ми се допаѓа. Затоа мислам дека е подобро да се ограничи бројот на Ми се допаѓа, па тогаш ќе се дава само на мислења кои вредат! Долги, опширни и убаво објаснети мислења. Нешто во стилот да речеме на Лилит. Мислења на место кои заслужуваат ми се допаѓа!
     
  5. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Јас се согласувам со Оффспринг, бидејќи не ми се допаѓа идејата да не се бројат мислењата во Сакам да кажам или Како се чувствувате денес... и слични теми. Таму има навистина убави мислења што вредат за “лајк“, а и да се вбројат во вкупните мислења на членот.
    подобро е да се ограничи копчето “ми се допаѓа“
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.074
    Абе дечки,па што ви менува дали се бројат или не,дали може да се лајкуваат или не...поубаво да не се бројат и да не се лајкуваат,затоа што и онака на тие теми пишуваме што на ум,тоа на друм,не е нешто особено корисно,корисните работи произлегуваат од другите теми каде активно се дискутира за конкретна тема.

    А инаку,злоупотребата на ми се допаѓа почна уште првиот ден.Почна со зезања да се штрапа кај се стигне со ми се допаѓа,да си враќаат на лајкови...и пропадна во вода првичната замисла.
    Како и да е интересен е предлогот на администраторите.Јас сум за.
     
    На 2468 и Offspring им се допаѓа ова.
  7. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    Според мене лајкувањето и оневозможувачот на бројот на мислења треба да се отстранат од категоријата Кафе муабети,пред се затоа што одредени членови ја злоупотребуваат оваа категорија и изнесуваат секакви мислењ по стопати во денот се со цел да го зголемат бројот на мислења :^)
     
  8. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    и јас сум за да не се бројат лајковите во кафе муабети, ама сепак мислам дека во некои теми нема потреба од тоа, како на пример во сакам да прашам (сепак некој ни дава корисна информација), а и во сакам да кажам има мислења кои навистина заслужуваат лајк, но сепак не би било ништо трагично ако и во тие теми нема лајкови
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.