1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Легнав“ со најдобриот другар на дечко ми

Дискусија во 'Канта' започната од tinka.tincence, 4 јуни 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tinka.tincence

    tinka.tincence Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    1
    Се се случи спонтано.Во врска сум 2ипол години со дечко што го обожаваммм ! Дечко ми отиде на екскурзија,а неговиот најдобар другар,со кој се друзи уште од дете,цело време ме викаше да искачаме сами,за да не сум го чустувала отсуството на дечко ми.Еднаш седевме кај него и ме залапа..а јас не се тргнав и одеднаш се најдов кај него во кревет.И така секој ден се глеавме и имавме сексуални односи.Откако се врати дечко ми почнав да чуствувам грижа на совест и на неговиот другар му реков дека не сакам ништо више со него.Но тој настојува да се глеаме бидејќи се заљубил у мене и ако не сум му раскинела на дечко ми се ќе му кажел :devil: :sweat: Го сакам дечко ми и неќам да го изгубам а знам дека ПРЕГОЛЕМА ГРЕШКА НАПРАИВ.Ве молам за совет а не за осуди!
     
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Да го сакаше толку немаше да дозволиш да те легне другар му и тоа не еднаш!

    Ништо што има да правиш, кажи му на дечко ти, подобро од тебе да дознае.
    Ако раскине прифати си го тоа па спиј и понатака со другар му, а ако ти прости...свака му част, а тебе памет во глава! ;)
     
    На Seznajka2 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Уфф премногу си згрешила, па уште со најдобар другар ццц :| :| Премногу не фер од твоја страна.. Замисли како ти би се чувствувала на негово место.. Сепак според мене е подобро да му кажеш, иако не верувам дека на добро ќе заврши сето тоа.. Сепак е подобро од тебе да дознае отколку од некој друг (т.е неговиот "најдобар" другар).. Многу сте згрешиле и двајцата.. А ти, ако си го сакала не си требала така да постапиш.. Толку не можеше неколку дена да го почекаш ?!.. Окај ти си знаеш... Само пази во иднина што правиш, и на кој начин ги повредуваш оние што ги сакаш. Не го бирај оној најболниот, зашто во животот се се враќа ;) позз
     
  4. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Совет? Кажи му веднаш, и поштеди го од тоа да дознае понатаму и од друг, и стави крај на овој траги-комичен триаголник.
    Толку може да се советува за ваква ситуација.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Подобро е да слушне од тебе, отколку од неге...Зошто?? Затоа што иако може и ќе биде крај, сепак ќе му кажеш ти...а не оној кој цел живот му се правел другар, за на крај да му зарие нож во грб. Подобро да дознае од својата девојка отколку од него, без оглед на исходот од врската. Глупо е, но...јас сметам дека полошо ќе биде ако каже тој. Иако не верувам ако се толку блиски тој да не му кажал..не знам чудно ми е. Со девојката на другарот, па уште да не му каже, па да ја условува...
     
  6. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Како можеше не ми е јасно...а велиш си го сакала...ако си го сакала како си можела да легниш со друг...да имаш сексуални односи со друг и тоа со најдобар другар негов...и не еднаш повеќе пати....јас мислам да му кажиш одма... и јас да сум дечко ти ке те плукнам в лице и повеќе не те гледам.
     
    На malechkata и Diamond им се допаѓа ова.
  7. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Ајде да разберам си го изварала дечко ти..Незнам си се смувала со некој дрн-мрн,може да се случи.
    Може да се случи од еднаш да се пољубите,ама од еднаш во кревет да се најдете-неможе.Тоа свесно се прави.
    Ама ајде да скратам прича да не јадам гомна многу,единствено решение ти е да му кажеш на дечко ти и да видиш дали ќе ти прости-ако не здравје.
    Втора опција ти е да не му кажеш,ама ти да му раскинеш и да бегаш што подалеку од него.
    Па сеа ти види си ;)
     
    На Diamond му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Дефинитивно раскинете.. Со кои очи би те гледал он ?? Која будала би простила вакво нешто ?? И да прости веќе ништо нема да биде како порано... Паа, колку побрзо се разделите толку подобро... Не го повредувај повеќе..
     
  9. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.030
    Допаѓања:
    3.294
    Пол:
    Женски
    хехе како што гледам ова не ти е прво неверство на твојот дечко, веќе еднаш ти простил. Мислам дека и кажа као си ја научила лекцијата, ама не ќе да е така. Па можеби сега пак имаш надеж да ти прости, штом еднаш поминал преку тоа. Мене ми е јасно дека се случува да извараш некој што сакаш ама пак со негов најдобар другар, јас не би простила, никогаш. Ама поубаво ти да му кажеш одколку да слушне од други.
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Тој секако ќе дознае-порано или подоцна, од тебе или од другар му.
    Ама ако сакаш да те мрази до крајот на својот живот и да те смета за ништо повеќе од обична „мивка“, тогаш молчи си и чекај да му каже „другарот“.Изборот е твој.Направената штета неможе да се поправи,па кога не си излегла фер спрема него и си му набила рогови, барем не се труди да му ги начукаш до газот!
     
    На malechkata и Diamond им се допаѓа ова.
  11. rosie

    rosie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    32
    Најдобро е да дознае дечко ти од тебе. Само не знам како си можела тоа да го направиш, а викаш го обожаваш. И како можеш уште да бидеш со него ? Крај крај крај. Стави се малце на негово место. Тој во двојна врска со тебе и со твојата другарка ? Епа погадно чуство нема !!
     
    На Diamond му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Не ми е јасно како можеш мирно да спиеш,после се.... :^)
    Мој совет е да му раскинеш што побрзо и да му се изгубиш од пред очи
     
    На Diamond му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Не сакам да ти сум во кожата......гадна работа.Мораш да прекинеш со него сакала или не зашто нема шанси да ти прости!СО НЕГОВ НАЈДОБАР ДРУГАР???Со непознат да е мислам дека не може не пак вака,леле каква повреда и навреда.Не знам како си можела но несакам да обвинувам никого за ништо,не се знае што може да ти се случи,но...дури и да ти прости подоцна ќе те вара и тој тебе,зашто ова нема да го заборави никогаш,дури и да сака и да се трудите и 2та,а кога ќе се сети гадна ќе му си...и нормално.
    Те советувам да бидеш искрена и да му кажеш,и ти да му раскинеш,ако го сакаш ќе раскинеш ти,да си најде девојка која ќе го цени,сака и нема да го лаже.ТОА Е ФЕР.
     
    На Diamond му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Шипки го сакаш кога редовно си легнувала со другар му додека не бил тука, како да сте чекале да замине! Срам да ви е на двајцата, изгубете му се од пред очи двајцата и договорете се кој да му каже на човекот иако е подобро ти или двајцата заедно и бегајте што побрзо од него ако сакате да останете живи. Животот пекол му го напраивте ни крив ни дужен и уште не е ни свесен за тоа.Бесрамници! Го сакала била 2 и пол години со него, а спиела не знам колку пати со најдобриот негов другар. Е потешко неверство нема. :swear: :fubar:
     
    На Diamond, kumalisa и esperanca им се допаѓа ова.
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Moментот е "откако се врати почнав да чувствувам грижа на совест" :^)
    Извини вака, ама поштеди го дечко ти од самата себе, направи му услуга и раскини му.Пожелно е и да не му ја кажеш вистинската причина.
    Ајде еднаш да спиеше со тој ќе те разберев, ама повеќе пати...не :!:
     
    На Diamond му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Гледам во друга тема што си ја отворила денес си напишала дека при однос со дечкото ви се скинал кондомот ,па да те прашам тоа ти се случило со вистинскиот дечко или со другар му ?
    Во врска со оваа тема искрено мене ми е жал за твојот дечко кој заради вас двајца будали кои сигурно МНОГУУ го сакате ќе добие лузна на срцето .
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.200
    Допаѓања:
    47.763
    Пол:
    Женски
    Од кај сега 2 ипол години , кога во март месец имаш пишано дека идете 9 месеци? :^)
     
  18. marina22mk

    marina22mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    51
    А и не и е прво неверство како што гледам од другите теми
    На некои луѓе не им доаѓа паметот
     
  19. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.200
    Допаѓања:
    47.763
    Пол:
    Женски
    Нешто тука не штима ;) кој знае што и е поентава на девојкава :x
     
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Брее кај стигна до 21 година сите овие грешки да ги напраиш, а уште факултет немаш, со средно си ако воопшто студираш. Па и да не исполажеш, да не пишуваше сегде различни случки и лаги, ај може ќе ти поверувавме на една од овие. Ама кога ги видов цитативе, се покаав што поверував во ова со другарот. Или можеби пишуваш во име на 10 различни другарки со различни проблеми па сите која од која преку твоево профилче и во твое лице бараат совети. Од толку многу лаги, вистината не би можела да ја претпоставам.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.