1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„На терапија“ (Сител тв)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Jason123, 9 август 2017.

  1. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    „На терапија“ е првата македонска ТВ серија снимена според странска лиценца, во продукција на КИНО ОКО. Емитувањето на серијата ќе започне во септември 2017 година.

    Серијата, во која глумат домашни актери, содржи 45 епизоди адаптирани од македонски автори и реализирани со екипа од македонски ТВ и филмски професионалци.

    Оригиналната серија „На терапија“ потекнува од Израел и е креирана од Нир Бергман, Ори Сиван и Хагаи Леви. Леви е познат и по работата на серијата „The Affair“ наградена со неколку Златни глобуси.

    Дејствието на серијата се одвива околу приватниот и професионалниот живот на психотерапевт кој во текот на петте работни дена работи со своите пациенти на нивните проблеми, за во слободното време и самиот да побара стручна психијатриска помош. Секоја епизода е фокусирана на ликот на одреден пациент и неговиот однос со главниот лик: суицидална пливачка на тинејџерски години; професионален војник кој ги преиспитува своите постапки; жена која има еротска фиксација кон терапевтот; брачен пар кој не може да се соочи со обврските на родителство; како и сопругата на психотерапевтот која се обидува да го спаси нивниот брак кој е во криза.

    Серијата постигнува огромен успех во матичната земја и освојува награди за најдобра драмска серија, најдобар актер, најдобра актерка, најдобро сценарио и најдобра режија од израелската Акедемија за филм и телевизија.

    Во 2008 година лиценцата за серијата ја откупува американската мрежа „HBO“ која продуцира три сезони. Во улога на психотерапевтот се појавува познатиот актер Гебриел Брн, а епизодните улоги ги играат популарните глумци Мишел Форбс, Дајен Вест, Миа Васиковска, Мелиса Џорџ, Дебра Вингер и други.

    Серијата веднаш се здобива со популарност, ласкави критики и неколку високи признанија, вклучувајќи ги наградите „ЕМИ“ за најдобар актер и актерка, наградата „Златен глобус“ за најдобар актер и наградата за нова серија на Синдикатот на писателите на Америка (Writers Guild of America).

    Концептот на серијата доживува планетарен успех и се снимаат посебни верзии за Канада, Аргентина, Бразил, Јапонија, Чешка, Полска и Италија.

    Во Балканскиот регион досега се снимени романска верзија (HBO Central Europe), словенечка верзија (POP Brio) со Игор Самобор во главната улога, српска верзија (Fox Television) со Мики Манојловиќ во главната улога и хрватска верзија (HTV).

    Во македонската верзија на хит серијата игра исклучителна актерска екипа предводена од Никола Ристановски во улогата на психотерапевт, заедно со Јелена Јованова, Амернис Нокшиќи, Тони Наумовски, Ангела Димитрова, Драгана Костадиновска, Висар Вишка и Бедија Беговска.

    Широката популарност и гледаност на серијата „На терапија“ се должи на интелигентниот концепт и на маестрално изградените карактери со чии уникатни животни приказни може да се идентификува секој гледач.

    Низ призма на личното, „На терапија“ ги отсликува колективните потешкотии со кои се справуваат македонските граѓани во секојдневниот живот. Во 45-те епизоди се обработуваат низа тематики, почнувајќи од граѓански активизам и човекови права, полова нееднаквост, семејно насилство, ксенофобија, корупција, слобода на медиуми, право на сексуална ориентација, однос кон децата и тинејџерите во општеството, традиционален наспроти модерен начин на живот, и ред други прашања.

    „Оваа серија ќе ги поттикне луѓето да почнат да разговараат за проблемите кои се поврзани со секојдневниот живот на македонскиот граѓанин, и можеби ќе пронајдат одговори за личните дилеми и прашања. Се надевам дека серијата ќе придонесе за отворање на дијалог на сите актуелни теми во нашето општество“.

    Роберт Насков, продуцент


    [​IMG]

    [​IMG]





    Треба да се погледне серијава бидејќи доаѓа од продукција која има продукција на филмовите Бал кан кан, Збогум 20 век, документарниот серијал Досие Скопје, го имаат правено спотот на Нокаут Телефонскиот број не постои, на Каролина, на Тоше евровизиската.

    Продукциски и визуелно ќе биде добро изработено а дали ќе ни се допадне содржински треба да почекаме да видиме. Мислам дека редно време е Сител да почне со рекламирање на серијава а не да се чека "5 до 12" да се пушти некаков си тизер или трејлер на телевизија, плус до сега требаше на билборди, во автобусите, списанија реклами да има.
    Вам како ви личи? :)
     
    На butterfly6223, Mrs.Styels, Ketchup и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки

    Па серијата како што знам треба да почне да се емитува од 4 Септември годинава
    Сител веќе треба да пушти најава
    Па ќе ја изгледам првата епизода и ако ми се свиѓа ќе ја гледам, ако не нема.
     
    На cresa-jagoda и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    34.121
    Искрено, многу ми се допаѓа и маркетингот на серијава на Фејсбук.

    Прво имаше реклама спонзорирана за ординацијата на докторот, па потоа и секој лик доби свој профил на кој пишуваат статуси кои ни помагаат да видиме уствари со какви ликови си иаме работа.

    Очекувам квалитет, ама само поради тоа што е снимана по друга серија. Нашиве ко да не се способни да склопат сценарио и текст.

    Само уште од сега мислам дека ќе се разочарам во темпото на серијата и јазикот.
    Секогаш толку бавно дејствие, и секогаш употреба на оној строг литературен јазик, толку вештачко и досадно.
     
    На Mrs.Styels, Ketchup, Lux и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Според описот, имам солидни очекувања од оваа серија, додека гореспоменатите тематики сметам дека дефинитивно заслужуваат внимание и обработка, а пред сѐ телевизиско остварување. Особено ми се допаѓа отвореноста и прагматичниот концепт, проследен со реалистичната и интересна содржина, како и фактот дека ќе биде на македонски јазик. (y) :~:

    Така што, и покрај тоа што знам дека не е наша оригинална замисла, јас досега генерално сум била задоволна од квалитетот на домашната кинематографија, па тоа ми влева надеж дека ниту овојпат нема да биде поинаку.

    Меѓутоа, постои и еден мал минус. Конкретно мислам на актерската екипа која не ни е многу/воопшто позната. Лично, првпат слушам за овие ликови, така да реално не знам што да очекувам од нивната глума.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168


    Прв пат слушаш за Никола Ристановски и Јелена Јованова?? 8-|
     
    На PaLaVa, elimkd, Matotheja и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Не, на лик ги знам, дејноста исто им ја знам, ама не и на име и презиме. За Ристановски знам дека го бидува, ама Јованова не мислам дека би била добра актерка.
     
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Јас имам големи очекувања за серијата, изгледа како ептен надежен и сериозен проект. Приказната и сите тие модерни општествени проблеми и табуа што се спомнати дека ги опфаќа – ветуваат многу, како и актерската екипа – пред сѐ Никола Ристановски, Висар Вишка, па и Јелена Јованова.
    Маркетингот по социјалните мрежи им е врв, и на фб направиле профили за сите ликови а и на твитер имаат акаунти од кои ,,твитаат“, за луѓето да се запознаат со менталитетот на ликовите. Јас вакво нешто неам видено воопшто досега за некоја серија, камоли па наша :D
    Би требало веќе и официјално да почнат на тв да ја најавуваат, ама можда и сум пропуштила со оглед на тоа колку гледам Сител (таму ќе се емитува бај д уеј) :D
     
    На Ketchup, Lux, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    Сменет е датумот на премиерата
    Сега е 18 септември
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    34.121
    Фала ку*цу, на скопски зборат...:clap::clap::clap:

     
    На Mrs.Styels, Arthur, Matotheja и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Mr.Mary

    Mr.Mary Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Луѓе кога е репирзата? Вечерва немав можност да ја гледам, а баш би сакала.
     
    На katalina, parksey, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Saisnalla

    Saisnalla Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    134
    Ja гледав епизодава, и сеуште сум во исчекување... Очекував повеќе ликови и подолго да трае.
    Велат главната цел е да ги поттикнат луѓето да зборуваат за своите проблеми па ќе видиме како ке биде
     
    На cresa-jagoda, Victorian, Arthur и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Гледавте ли, луѓе? 8-|

    Meне ептен ми се допадна првата епизода, многу природна и реална глума, профи вајб како од европските филмови, убава музика... Се гледа уште на почеток дека без влакна на јазик ќе се опфаќаат специфични теми.
    Единствено ми смета тоа што прекратка ми изгледаше епизодава, посебно со рекламите. :doh:

    Многу ме привлече уште на почеток, не ми се верува дека е наше ова... Алал да им е! :rock:
     
    На SexyGirl2, Nigredo Odor, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  13. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    И јас ја гледав епизодата. Исто очекував дека подолго ќе трае. Немам некој кој знае каков впечаток. Ама ќе видиме наредните епизоди како ќе биде. Мене искрено ми е досадно вака да слушам само една личност да зборува. Не дека не глумеа добро, супер беа ама монотоно ми е. Не сакам јас вакви негативни сцени, депримирачки. :D
     
  14. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки

    Иако не сум ја гледал епизодата ама покрај ова мислење и мене почнува да ми се допаѓа. Искрено возбуден сум каква ли ќе биде следната .. :inlove:
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  15. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Богами и мене да ми е психијатар овој, ќе се заљубам.
    Мене ми се допадна, можеби зошто сакам драми и мрачни тематики. Реален живот, не фантазија.
    Малку не ми се допадна глумата на Јелена, некако не ме убеди дека е вистински лик.
    Никола е совршен.
    Се надевам дека ќе има моќ малку да го ублажи македонскиот простотилук и ќе им докаже на луѓето дека не е страшно да се побара помош. Напротив страшно е да не се разговара за стравовите и да се живее со нив.
     
    На LittlePinky, cresa-jagoda, PaLaVa и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Ја гледав баш првата епизода и вака интересна серија ми е
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    Ја гледав првата епизода.
    Едвај чекав да почне :)
    Многу ми се допаѓа и со нетрпение ја чекам секоја наредна :)
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Абе луѓенца па и што можеме да очекуваме од серијава, за посети на психијатар се работи, секако дека темите ќе бидат поврзани со депресија, па и суицидални мисли кај тинејџерката пливачка како што прочитав.
    Иначе каков глас има Ристановски... :inlove:

    @Mr.Mary реприза во сабота во 23.30 ќе има, на фб така прочитав :)
     
    На Nigredo Odor, Sesil, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Многу добра серија, реална, се пронајдов дури во некои искази... Ми се допаѓа што отворено се збори и тоа за реални теми, а не со розов поглед кон светот. Ми го привлече вниманието, дефинитивно ќе ја гледам, таман пред спиење. Одлична серија, за првпат нешто наше, а добро ^_^
     
    На Nigredo Odor, LittlePinky, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    17.203
    Ок е на прв поглед. Ме радува што нешто наше им одзема од минутажата на турскиве серии.
     
    На Оленка*, parksey и Victorian им се допаѓа ова.