Пишав не ја гледав добро, без звук беше на кој се вадат муабети за серија зборуваме Само споделив каков впечаток добив, не дека е така. Ете тоа за цигарите сум го пропуштила.
Конечно ги изгледав сите епизоди, заклучок Никола Ристановски е преубав, секси му стои таа смиреност, па уште кога ќе го допре окото Лилиќ исто добро би се носел со таа улога
Влегов на фб и гледам дека актерката што ја толкува улогата на Ивана, има дипломирано пред две години Не можам да поверувам дека е посатара од мене, а во серијава изгледа како навистина да има 16/17 години. Може дека слабичка и пониска е, плус нема шминка, па со трикови на камерманите, па визуелни ефекти и триста магии, ја вратиле во младоста Срцка е Вака кога ја гледаш серијава сфаќаш дека сите некако си се погодени за улогата што ја играат....Баш им одговара на сите.
А дали Ивана е истата глумица од рекламата на Стоби Флипс Магнус?(новата реклама со трите девојчиња за смоките)
Ми се допаѓа серијава. Дури и овие епизоди повеќе ми се допаѓаат од претходната недела. Конечно серијава го добива својот расплет. На сите личности добро им стои улогата, ми се менува мислењето, сите ми се подеднакво добри. Малце ја ѕирнав хрватската и не ми се свиѓаа ликовите. Никола Ристановски е закон.
Петочниве епизоди ми се ко рекапитулација на изминатите во неделата Туку, и на сајтот сега има дискусија поттикната од заканите кон Вера за блогот, и скршениот прозорец изгледа беше поради тоа... Според мене не би било лошо понатаму да го развијат уште повеќе и нејзиниот лик, и да видиме за што пишува, се залага и бори
Конечно да најдам асално време да седнам и да напраам лична убава анализа за сите ликови. Милена - девојка полна со комплекси поради минатото. Имала тешко детство кое се одразило на неа да биде несигурна. Според мене не е заљубена во докторот, во Игор па воопшто, туку само бара утеха, се плаши од осаменост и сака некој што би ја штител. Во др.Терзиев го глеа тоа, па си фантазира дека е љубов. Игор мислам дека е лик што најмногу страда од неа, а оваа го праи будала и го лаже у здрав мозок. Ми делува на опасен лик, ќе видиме како ќе се одвива понатака. Владо - со Милена ми се на исто ниво на некаква антипатичност. Иако кај Милена има моменти кога ми делува океј ама кај овој константно добивам гадење коа го слушам. Тип што исто така поради детството и родителите е таков каков што е. Реално раното детство многу влијае на луѓето, а истото веќе тука кај 2 лика го забележуваме. Ладнокрвноста и суровоста му е наследена од татко му. Живее со срамови, живее за што ќе каже општеството. Толку години живеел и со жена, као што сам кажа била најзгодната во генерација во средно. Сигурно поради тоа и бил со неа во тоа време, па подоцна и ја земал. Целото семејство, а најмногу детето осудено на пропаст од старт. Иако дава слика на најладнокрвен чоек, до крај ќе се открие дека уствари има премногу чувства, но ги крие, од срам што ќе кажат луѓето. Ивана - омилен лик. Не дека сме скоро врснички со ликот туку ете се пронаоѓам у нејзини изјави. Малку речникот не ми се допадна, кога се испонаша со тоа стар вампир кон докторот на пример, но добро, убаво е претставено однесувањето на средношколците преку неа. Зрела, кревка тинејџерка, исто растргната на 2 страни поради родителите кои се разведени. Тоа влијаело многу на неа. Секако подобро е што се развеле отколку да живее во отровна средина со нив. Тренерот ја видел дека е повредена и ја искористува, веројатно ја фатил на емоции, чувства и и ветува лажна љубов, внимание што не ја добива доволно од нејзините. Гент - одлично претставен лик на стереотипен маж во 21век кој со ставови е заглавен у девеес друга. Има дури и проблеми со тоа што жена му е финансиски и кариерно помоќна од него, а и нејзиното семејство уште порано било и упорно и потенцира како постојано имала пари, во првата сесија го забележав тоа. Несигурен во себе, смета дека мажот треба да е доминантен иако живееме у време кога жените работите ги прават дури и подобро од мажите и професиите што мислеле порано дека не се за жени многу подобро дури се извршуваат. Постојано љубомора, за секој колега детално распрашување, сомнежи... Според мене решение би било овие 2 лика да се разведат, бидејќи вака прават лошо и на малиот што секојдневно живее во такви кавги и проблеми. Зана - си го уништила животот откако земала ваков сопруг кој упорно ја труе со неговите застарени сфаќања и не и дозволува да напредува во животот. До некаде и самата не знае што сака и што прави во животот. Сигурна е во некои ставови, но сепак дозволува и Гент да и влијае и не знае што да прави. Се понаша како тинејџерка у ПМС, незрела е некако за своите години. Мислам дека раѓање на 2 дете, ќе биде само полошо отколку спас за бракот кој и така е во некоја безизлезна ситуација. Др.Терзиев - се обидува да помогне на сите, а на него му е најмногу потребна помош. Секогаш е така..секогаш личностите што сите ги советуваат, сослушуваат, им помагаат, секогаш нив им е најтешко и нема кој да ги сослуша и да им помогне. Живее затворен во 4 ѕида во таа соба, како реалниот живот да си го има изгубено. Очигледно семејството му е во хаос, ќерка му, жена му, забегале на лош пат. Сигурно тие проблеми со жена му не се десиле преку ноќ, а тој несвесно барал спас од тоа и се посветил само на работата. Со тек на време што како и од кај потекнува проблемот ќе се дознае мислам дека. Ана - жена која е несреќна и утехата си ја бара во некое друго место. Мислам дека го сака Терзиев и со изјавата дека има друг, се обидува да му даде последна шанса да преземе нешто за да бидат некако повторно заедно. И нејзе не и лесно. Оставена со 2 деца, додека сопругот посветен само на работата, воопшто не ја ни прашува како е, не и помага во воспитување на децата... Вера - ја чував за крај пошо ми е најнеодреден лик. Само за неа уште немам оформено некое мислење. Се гледа дека е “стар волк“. Полна со знаење, знае како да го погоди пациентот во најслабата точка и како да почне со раскажување. Доста може да се научи од неа за започнување разговор. Ух, конечно завршив, долго беше ова.
Милена ми е најодвратен лик. НАЈ-ОД-ВРА-ТЕН Детиште, појма нема што сака. Тотално изгубена, а претерано инаетлива.
Јелена не ја личи овој лик. Можда фали Жугиќ некако во ваква улога,некоја глумица со ентузијазам во гласот со боја како би рекле,некако предадена во глумата. Јелена е ладна,незаинтересирана онака....никаква.
Жугиќ со тој одвратен глас да дојдеше, одма ќе се намалеше заинтересираноста на серијата. По сите серии синхронизира и гласот ми е во психа влезен...По сите реклами, по сите телевизии...Одбивна е за слушање. А Јелена си глуми баш убаво...Таков и е ликот...Збунета, незаинтересирана, инаетлива, осетлива...Гледајте ја и во Преспав глуми поинаков лик, и таму супер се снаоѓа. Туку Виктор додека одбегнува да ја плесне Милена, ете го војникот ќе си ја земе А таман има шанса да и се одмазди на жена му ама ај Баш ме интересира дали после ова ќе се појави пак Милена на терапија. Туку жена му не слуша викање и дерење? Нели таа е горе во куќата?
Јелена е совршена за улогата на Милена, лик кој кокетира, шмизлеста, несигурна, згодна и досто добро се носи со улогата, малце утнале со дијалектот дека кажа била провинцијалка, иначе квалитетна и докажана актерка е