Сејм хир Немаше потреба од флертувањево, не сакам бе и Зана во тој правец да ми ја расипат како лик Стварно ептен неодолив психијатаров го направија Туку која беше песната на крај што ја слушаше Виктор, знае ли некој? 
Спојлер Зана го вара Гент со шефот, иако го смета за одвратен. Ана онака, одвратно се постави, слаба жена, трча "придружничка" одма на тој да му е во Рим...
Ејјј на Вера ѝ отвориле и блог навистина како што е во серијава Еве нешто јако и реално, ако некој е расположен за филозофии Стварно многу озбилно и креативно си ја сфатиле работата околу серијава, секоја чест https://www.drvera.mk/патологијата-на-онлајн-однесувањето/
Пошто нели ликовите од серијата имаат и виртуелни профили, ги замолувам и на Фемина да дојдат Јас сум прва за карши докторот да седнам. Ветувам нема да флертувам, ќе го погледам малку додека ми зборува Едит! Сега приметив погоре!
И тема има почнато хинт ли е, враг ли е? едит: ме претрка Не ги гледав епизодиве, сепак. Не можам да стасам...ама, вчера малку погледнав од епизодата со психијатарот кај психијатарката Како се испопотресе и како фино се слушаше она... коско-его-крцкање ме ареса тој дел
Ептен ми прават мерак со серијава, и онака во слободно време чепкам по човечки психи, вака кога ликовите на тацна ти се нудат да си играш со нив.. Души бе Сакам уште сезони да снимаат, не сакам никогаш да заврши
Серијата е мелем за душата во подоцнежните часови. Убавината ја чинат одбраноста на ликовите и различноста на нивните животни патишта, како и психијатриски дијагнози. Дискусиите, гестикулациите од самите ликови, како и атмосферата во собата на Доктор Терзиев се одлично вклопени. Додека најинтересно од сѐ, е тоа што иако речиси целата серија се одвива во една просторија, е повторно интересна, токму поради сториите кои ликовите толку живописно ги прераскажуваат и доловуваат што гледачот добива чувство како да е на местото на настанот. Сепак, мој омилен лик е Тони Наумовски. Чинам не можеле да најдат подобар човек кој ќе го толкува ликот на војникот Владо во серијата. Тој е претставник на типичниот стереотипниот образец кој го носи речиси секое цивилно лице. Но, тоа повторно е толку квалитетно и реално прикажано, што гледачот има впечаток како да следи интервју, или сесија во живо, а не серија.
@JollyGirl @DAngel Аиии, сега гледам јас Не ми се верува леле, ако е официјален од продукцијата профил, не се нормални (во позитивна смисла) Срцки, најдобри Сакам и Ивана да ни дојде, во младинско ќоше И Виктор нормално
Јас наеднаш ќе гледам се. Баш тоа време дете спие и не трпи галама. Репризи треба целодневни у сабота или веќе има?
Нема шанси да се од продукција туку некој се зеза со втор профил. Ако се од продукција тогаш админите нека им ги штиклираат профилите @Terzieva пиши нешто да откриеме кој си пофали се или пожали се
Можеш да ги гледаш онлајн, ги има на soprevod.com. Направи си само акаунт и немаш гајле. Јас така ги гледам, терминот на ТВ не ми одговара воопшто. Редовно ги апдејтираат епизодите и снимките се фини. Репризите се за викенд колку што знам, ама не следам на ТВ.