@Cka јас скоро па се' изгледав денес на soprevod.com само малце се намачив додека ги најдам, не ми ги даваше со пребарувачот. Мислам на кирилица дека пребарував и така ги најдов. Искрено бев скептик, не гледам обично на такви страни ама ова имаше ем одличен квалитет, ем пристоен звук, видеото не кочеше воопшто. @Mishela фала ти за линков иначе, ме спаси денес. Имам уште 2-3 епизоди мислам, таман за денес на времиштево. Серијава е малце мрачничка, морам да признаам. Ама нешто те влече да ја гледаш. Бонус - ја имам дијагнозата на скоро секој лик ама нема везе, знаеме тоа сите. Најинтересни ми се брачниот пар, а највеќе се идентификувам со војникот и со женцката шо му призна љубов на терапевтот. Неам никој отепано, џаст фор референс. Девојчето со пливањето ми е малце мех, а оваа професоркава е закон. Сепак Фамилија Марковски ми се допаѓа за нијанса повеќе. ЕДИТ - Кај има тема со ликовите на форумов??
Од сите ликови најмногу се приврзав за ликот на Ана и најмногу ми се допаѓа глумицата како глуми( не се сеќавам на точното име) бидејќи највеќе личи на типична македонска домаќинка со се аутфит, со се шминка и карактер. И се разбира дека не ја обвинувам нејзе за неверството, па што треба да направи кога мажот и е како камен, сепак е човек пред се жена со чувства која има потреба од нежности. Неверството е само крик за Виктор да сфати дека греши и дај Боже да го поправи тоа. Понекогаш радикални промени се потребни за да му укажеш на некого нешто и не е тоа затоа што не го сакаш туку затоа што баш сакаш да те сака повеќе. Се гледа дека Виктор е на лош пат по тоа што покрај жената ги запоставува и децата, можеби тоа тој не го гледа но така е и ако продолжи така ќе се уништи самиот себе т.е ќе пропадне како личност, ќе изгуби се полека полека. Исто ми е интересен ликот на Милена ама она ми е позлобна само ме интересира љубовната приказна и што ќе се случи. Војникот не го разбирам што збори, многу мрмка и секогаш пуштам повеќе глас на телевизорот но пак е неразбирлив. Ивана мислам дека е океј само ќе видиме на крај како ќе излезе а парот исто се онака. Генерално, ова се типични македонски приказни со многу зборување и анализирање на истите. Мене би ми било позабавно да има стварно случаи за на психијатрија, со се депресија, анксиозност и апчиња но не дијазепам. Утре во 13 и 15 ќе има дискусија. http://sitel.com.mk/na-terapija-diskusija
Акo Виктoр не изaнaлизирa сите ќе биде веселo ...или не? Пa чoвекoт се збуни oд еднa љубoвнa изјaвa, кoјa пoвеќе личи нa секс пoнудa. Штo ќе биде сегa кoгa ќе прoчитa декa "би имaле секс сo негo денес" Ах бе дoктoре #Бoшкaoдсекoгaштесaкa #згoденси #женaвoРим #пaртитaјм
Оваа Бедија Беговска е добар актер, покрај неа и Ристановски делува поприродно во улогата. Гледав епизоди и со тинејџерката (исправи се Делфина ванаби) и војникот - гласот им пука од трема. Вештачка глума, не ми се допаѓа, изгледа на драмски само се губи време. Двајцава психијатри како заглавени во 50-те со ентериерот на ординациите. ОК е серијава, не е здодевна, ама не е ниту толку поучна или корисна како што владее општо мислење.
Ах, Виктор и Милена... не знам што да мислам веќе за нив Како се читаа меѓусебно... во некои моменти изгледаше како тој да е на терапија кај неа
Божо ма, спомни ме следен пат. Кажи му и ја би Милена ми е серозен пациент. Се надевам Виктор ќе се обузда и ќе сфати дека и треба поозбилна терапија, со поозбилен доктор, можда и институција. Психички растроена е, мајќе ми. Не знам дал треба слободно да шета по улица. На моменти,кога ја слушам...си мислам, дал озбилно постојат сите ликови за кои зборува или.. ју ноу. Во друг филм, така ќе беше.
Мене напорна ми е Милена. Не доаѓа на терапија туку да се расправа со Виктор и да бара рчки. Ептен наапана.
Може и тоа, ама прво Виктор сакам во акција да го видам. Е после веќе може за финиш Џони Синс. Спојлер: едит Иначе така сега ми текна, па каде има подобро сценарио за порнич од психијатар и така малку откачена пациентка? Па да ја излечи убаво со својот.. кхм... длабок психолошки пристап.
ејјјј и на you tube ги ставиле епизодите, тие до сега прикажаните инаку мене Гент ми е поубав од Терезиев
Владо ми беше многу одбивен досега но некако најреален е од сите пациенти во дожививањата за другите,само што не сака реално да гледа за себе си.
Каква и да е, Милена ми е најинтересна за гледање, т.е нејзината епизода. Најнеинтересна ми е секогаш онаа во петок, со Вера. Постара актерка, демек и со искуство, а толку без жар, емоции, ко неподвижна ми е. Дефинитивно едвај ги догледувам оние епизоди со нејзе.
И Милена му зготвила сарма на Владо. Ви реков јас, машки на сарма се ловат. Само оваа не ја погодила сармата, затоа Владо така незадволен