Тие се на ниво професионалец со професионалец тет а тет и нормално е да се малку потешки за прифаќање. Мене баш ми се психоанализа на Виктор,мавање во его од страна на Вера. А Вера си е посебна сорта.
Проба да се самоубие со испивање многу таблети. Ова испадна ептен филмски. Не оди тоа така толку брзо.
Јас имам забелешка за фб сајтот, почнаа да ги утнуваат темите за дискусија по епизодите. Вчера на пример прашањето беше за состојбата во студентските домови. Мислам, не дека и од таа ситна реплика околу тоа не се претставува реална слика за истово, ама од сè што се изнаслучи околу самоубиство/суицидални мисли од психолошки аспект, далеку од најбитна е темава... Ако нè читаат сè уште, have this in mind Иначе секоја чест за епизодата вчера, најпотресна досега
https://www.facebook.com/BuzzFeedVideo/videos/10156867427035329/ Еве вакви теми нека се обработуваат. Ова сега е повеќе драма.
Николаааaa ( droolinggggg) ...... ако знае некој каде живее нека сподели Само ради него ја гледам серијава, со Милена ми се најопасни
Како можев да не го гледам тој фантастичен момент кога Виктор признал дека ја сака Милена. Виктор ко тинејџер се понашаш, собери се малку. А Милена ми станува по малку одбивна. Го оставила вереникот и сега си се гледа со Владо за секс? Па уште го провоцира Виктор и му кажува до најситен детаљ како имале секс и како свршила (од сите епизоди само тоа сум го запамтила неделава ). И ми текнува дека му фрли еден провоцирачки поглед преку прозор, пред да влезе во кола со Владо (демек, пукни од љубомора сега ќе се искинеме со Владо), а следниот ден кога беше Владо на терапија рече дека кога влегла во кола одма побарала да ја носи дома пошто не била расположена. Значи намерно на Виктор му прави...Реши да го ќари и да го загрее за неа со љубомора
Се прави намерно,ама Виктор и го дозволува тоа. Убаво и рече да дека има интима меѓу нив повеќе отколку што би требало да има во вообичаен однос д-р-пациент. Милена ми делува нинфоманчесто,а Виктор многу непрофесионално.
Па му рече Вера кога ќе го добие прво ќе се запрепасти и ќе започне да го презира и обезвреднува прво како професионалец-психијатар а потоа и како човек. Неа ја пали недофатливото-маж трофеј. Незрела е.
Женски мака ми е да читкам наназад, ја има на некоја страна да ја гледам серијата? Не си го фатив редот ко почна..
Мене ме насочија на страна "сопревод" и таму ја гледам серијава. Никогаш толку бавно немам гледано серија. Не дека не ми е многу интересна, но да ми беше во топ серии и на ова колку немам време ќе најдев време да ја изгледам. Виктор е постојано напнат, фрустриран и згрчен. Јас не би одела два пати кај него. Најмногу ме интересира што секогаш кога е станат е со раката во џеб, најчесто лева рака. Милена ми е напорна за гледање, постојано да се кара, да провоцира. Сите останати ми се во ред, и уживам да ги гледам. Имајќи на ум дека сум до 12 епизода, можеби се има сменето нешто во меѓувреме, но дали ќе има нови ликови или до крај ќе се оди со овие? Со тек на време сесиите треба да се намалуваат за да нема зависност меѓу терапевт и клиент, и не сум сигурна дека би било подеднакво интересно ако премини во сапуница зошто долго обработена тема веќе почнува да има дупки. Во глобала, серијава ми се допаѓа.