Само на крај ќе се дознае дали Милена навистина го сака или занесена е од вниманието што го добива па си мисли дека е заљубена. Туку ајде таа е збунета, ама што е со Виктор? Зрел, возрасен, стабилен човек, со жена и деца...Плус струката му е психијатар...Не знае да се контролира и да оцени што е работата со Милена? Нели пред некое време Виктор во лице и кажа на Милена дека секогаш и се развиваат посебни чувства за некој што се понаша заштитнички спрема неа, и индиректно и кажа дека не верува она да е заљубена во него... па сега заборави ли? Вечерва- човекот кој никој не го разбира што зборува Колку ми е досаден ликов не е свесен
Треба да внесат повеќе динамика во односите меѓу Милена и Виктор, и Виктор да се држи до кажаното на претходните сеанси. Владо е вечер, мојот фаворит. Најконфликтен и најнеизвесен лик.
Зар следната недела пак ќе дојде Владо после ова? Барем да му ја акнеше една и да му речеше повеќе да не доаѓа... За 2000 денари ваљда нема да осиромаши.
Во спојлер да не ја спојлерисаме Енџи Спојлер Е колку и да пробувам да го разберам овој Владо, не го можам, најодвратен ми е и точка Дрско, искомплексирано човече, со его до плафон... Копал по свои извори за приватноста на психијатарот, и сеа на сеанса кај него му го плеска тоа за жена му Колку ниско Жал ми падна за Виктор, ама и дефинитивно му бегаат од контрола сеансиве со Милена и Владо. Само си ќутеше и му дозволи на идиотов во сопствената ординација да го понижи. Стварно требаше да го избрка и веќе да не го прими за ниедна пара...
Не ја чув цела конверзација со Ивана вчера...ама, ми беше интересна техниката на Виктор...со искажувањето љубов - сакање кон неа. И јас сакам да разберам што е тоа со татко и' и оти толкава омраза и нетрпеливост кон мајка и'. Интересен лик е. Владо не ме нервира. Ме потсеќа на конкретни личности, кои ги познавам и кои го имаат ама баш истиот бекграунд, истиот став, истото однесување, истите комплекси (на нижа вредност). Кога и да ја видам најавната шпица од серијава...очекувам сцена со Медс Микелсен, како деликатно спржува некое тазе мевце ... неприродна ми е да ја гледам ко најава за оваа серија.
Леле оваа Ивана, ме изнервира во последнава епизода. Како се однесува кон мајка и. Изгледа неа ја смета за виновна што татко и не е тука. Ама ипак многу лошо однесување.
“Сакате да кажете дека сум мажена за лузер, затоа што имам проблем со самодовербата” Прв пат го гледам паров. Би ги посвоила.
Ајде нека влезе ќерка му и нека ги фати мухахаха Виктор изненадува. Се надевам дека епизодава не е сон на Милена