На оваа Ивана сите проблеми и се од разгаленост. Кај сум смеела јас вака да и се развикувам на мајка ми па поготво и пред други луѓе. Во неа лежи еден добар ќотек.
Овие сите се за**ани од детство. Сите имаат daddy issues. Колку е, значи, само важна улогата на таткото. Ако го бива ок, ако не цел живот хаос.
Да. Електра комплекс. За Зана и мајка и'.... Баш вчера налетав на некоја статија за нарцисоидните мајки и една за деструктивно родителство цц
https://marketing365.mk/angela-dimitrova-vozese-na-tocak-vo-karakterot-na-ivana-od-na-terapija/ Како дел од маркетингшката кампања за серијата... Ивана-Ивана, учествувала во Критичка маса.. ами, Виктор кај да го (на)чекаме за про боно терапија?
Гледав слики од зад сцена на серијава и ми излезе ова кратко видео... https://www.facebook.com/visarvishka1/videos/10155014505320814/ Никола ми изгледа ко доста сериозен човек...Конкретно во видеото се понаша ко уште да е во ликот на Виктор. Немам гледано интервјуа или некоја емисја со него, па не знам каков карактер има, ама го мислев за поопуштен тип....А тој може ист е како ликот на Виктор па затоа не е за џабе одбран за улогата. Убаво вака што оставаат и слики од снимањето, баш сакав да прашам некоја ако има и bloopers да сподели ама и ова е интересно
А интересно е видеото со девојчето што скока наместо Ивана...Знам колку е развиена технологијата ама уште не сфаќам како направиле да изгледа дека Ивана е таа што скока кога воопшто не личат
Не е лоша, ама мене во телевизијава многу ме одбива моментот на преголема популарност и нагласување. Хари Потер, Титаник, Господар на Прстенит, Игра на Тронови и сл. се` уште ги немам гледано баш поради тој момент. Пре би извадила нешто заборавено од карантин и ако има вредност би уживала во него. И изгледа сум единствена на којашто моментот со фб профилите не и` се допаѓа. Би можело да биде вметнат дел од епизодата, но вака ми е ту мач, отвори фрижидер, ете ги ликовите. Преголема промоција ми ги прави работите одбивни.
Ивана ја мислев дека е зрела и свесна за свои години, а таа била баш спротивно. Разбирам дека е психички повредена, ама каков е тој однос со мајката? Што е виновна мајка и? Дека работи како чистачка, за госпоѓицата Ивана да има нормален живот и да може оди на тренинг? Дека крие пред неа колку е повредена и уништена што сопругот ја оставил? Ја нарекува глупа, мизерна, проста... Ми се повраќа кога и се обраќа така на мајка и. Нема ни трошка почит. Не е мала за вака да се понаша. Татко и ја шутна од својот живот, не и се јавува пола година да праша како е, плус пред нејзини очи се сексал со модели и сепак него го сака и со насмевка кажува за него... а мајка и ја нарекува проста пошто не гледала што и се случува пред очи и со гадење кажува за неа. Да, проста е што дозволила ќерка и вака да се понаша. Детиште.
Се согласувам со Џоли. ..Не видов некоја зрелоќа во неа. Уште на почетокот ми беше антипатична, а како поминува времето, сѐ повеќе добивам желба да ги прескокнам епизодите кога е нејзин ред, бидејќи она спаѓа баш во оној тип на девојки од кои се држам подалеку цел живот. Разгалени underweight лигли, егоистично чувствителни, со комплекс на пониска вредност и мамини/татини принцези. Мислам која е логиката свесно да си го доведуваш во прашање сопствениот живот за некого да ставиш на тест?! Типична attention ''whore'' е. Такво однесување за дете од 12-13 е некако сфатливо, ама за скоро полнолетна девојка никако! Да не коментирам па за актот на нарачаната пица и провокациите упатени кон ќерка му, зошто тоа беше стварно безобразно.
Виктор почнува да ме нервира.Толкава незаинтересираност, рамнодушност а глуми дека се грижи за децата и не го признава тоа што е најтрагично. Ко старец е. #goteamAna