Сум заостанала со епизодиве, сега ја гледав 25тата, Виктор и жена му кај Вера, абе го појде оваа начисто човеков ставрно има челични нерви.... ех бре жени
И онака цела серија е мрачна, па уште погреб фалеше Читам на фб коментари од радом личности: -Зошто го убивте Владо? Како не ви е срам...Зошто го избркавте од серијата? И оди ајде докажувај им...
Серијата е една од најубавите македонски серии, по фамилија марковски А секако дека си има досадни моменти, ама серијава е врв
Јас ја изгледав српската. Крајот е очекуван. Немав трпение за нашава... Кога ќе дојдеше епизода со Ивана се нервирав, за Владо очекував дека ќе ја утне репликата и ќе чујам сечи некаде у позадина.
Владо иако на почеток ме нервираше, заедно со Вера ми беа едни од најдобрите ликови. Онака почувствував празнина ненадејно.
Ми се свиѓа серијава што слушам се повеќе луѓе како ја коментираат и ги коментираат ситуациите во неа, па стануваат поотворени за терапија.
Серијава ќе има одреден број епизоди како сите серии со иста содржина, или можат да имаат креативна слободна нашите и да частат втора сезона, по свое?
Во Америка и Италија биле 3 сезони снимени. Мислам дека и оригиналот е 3. Значи материјал има, останува на нив.
Вчера не гледав. Онаа со смртта на Владо... штуро ми беше некако, особено конверзацијата на Виктор со детето. Владо ми беше интересен лик.