Нека си ебат матер, идиоти. Ми го умреа омилениот лик, не ја гледам веќе серијава. Демек шмизлата Милена и онаа искомплексираната Ивана заслужија да останат, кокошки. Сега татко му ќе тргне на терапија? Е, супер, браос за режисериве. Во право беше @GrevMk кога рече дека како нашиве што знаат да усерат домашен филм или серија никој не знае.
Сигурно веќе прочита дека серијава прво е појавена во Израел, па после низ Америка и Европа... Првичната идеја не е на Македонец. Серијава не е оригинал од Македонија, туку и нашиве одат според првата верзија. (дека викаш нашиве усрале има и полоши де)
Да прочитав овде за тоа, некаде во првите страници беше споменато дека не е оригинално наша. Но, тоа секако не значи дека не можеа да направат некаква измена и да умрат некој понебитен лик кој не се појавува постојано. Владо беше мошне комплексен, впечатлив и интригантен, и не заслужи да биде погребан во 36 Епизда, и искрено да знаев на почетокот дека ќе се случи ова немаше да ја продолжам серијава. Сега веќе не сакам да ја гледам, и ако ја гледам ќе биде чисто од досада. Ми отиде ентузијазмот..
Решиле да не прават измени туку ги следат сите останати верзии. Ако го остават Владо жив, тогаш цела серија ќе добие поинаков тек. Нема да се појави татко му и башка на Владо ќе треба да му пишуваат нов текст... Ќе се изгуби смислата. Што би се десило со Милена и Владо? Нова приказна, нов тек на настани. Плус рачунај дека кога Владо би зборувал ќе изгледа ко друга личност да зборува, зашто сепак други луѓе ќе пишуваат текст....ќе се промени начинот на комуникација и се у пм ќе замине.
Со Милена и Владо беше и онака готово, не мораше да има било какви повторни обиди за нивно спојување. Како и да е, требаше да ми кажеш @DAngel знаеш колку го засакав Владо, скар.
А мене ме исспојлавте за сите пари, немам гледано од втората заедничка сеанса на Виктор и Ана. И јас сум ви скарана.
Не бев сексуално приврзана со ликот на Владо, ми се допадна само неговата улога и уникатниот начин на кој ја изнесуваше. Ах бе, зошто..
Спојлер Жал ми е за Владо, иако ич не го сакав. Тешки беа епизодиве Татко му е многу, многу мрачен тип, како што и го замислував. А за Ивана, и мене ме нервираше дрското и неправедно однесување кон мајка ѝ, но проблемот е во дисфункционалното семејство и извртената перцепција што ја развила уште од детството поради глупостите на таткото. По вчерашната епизода, мислам дека до крај ќе се опамети во однос на мајка ѝ...
Знае ли некој според останатите верзии што ќе се случува во следниве 18 епизоди до крај Ако некој знае нека пише во спојлер!
После повеќе од деценија зомбифицирачки и затупувачки турски серии, Јади Буреци и простачки српски талент шоуа, преку Фамилија Марковски, На терапија и Инсајдер, во Македонија се случи бум од високо квалитетна домашна продукција. Сериите се на Македонски јазик, обработуваат социјални и граѓански теми во кои секој човек може да се пронајде и одат во национални медиуми (довчерашни центри за перење мозоци). Сите тие нешта излегуваат надвор од шаблонот на жалопојки или теми од воени конфликти со етнички и националистички призвуци што ја прикажуваат Македонија како вукојебина од 15-ти век, а сите нас овде како дивјаци. И најбитно, конечно глумците ги гледаме онаму каде им е местото - на сцена, наместо во некоја простачка политикантска дебата. Никола Ристановски во На Терапија е генијален.
Во прилогот на тв пакет за на терапија од пред месец-два ги пишува сите актери кои учествувале во серијата Сите дури до доставувачот на пица А во таа листа ги пишува и тренерот на ивана/ двојникот на ивана/ татко и на ивана Дали сето тоа ќе се случи во Среда?