Ја пропуштив епизодата, а баш ме имаше заинтересирано серијава. Ако фатам реприза дефинитивно ќе гледам. Инаку како се емитува? Секој ден?
@Someonespecial гласот на Ристановски те потсетува на Огнен И јас би се заљубила во ваков човек... Гласот, ставот, облеката, однесувањето... Ако постои некој ваков психијатар/психолог во реалноста, известете ме Ми се свиде и мене првата епизода, посебно кога му се отвори дека го сака, мислев ќе и скокне и тука на кревет ќе ја расоблече ама не е Никола толку лесен Се надевам и останатите две македонски серии, што допрва треба да ги даваат, ќе бидат убави. Фала Богу и кај нас нови проекти да има, и глумциве некој денар да земат.
Конечно нешто убаво на телевизија. За жал ја пропуштив првата епизода ама вечер обавезно ќе гледам Еве и за другите што пропуштиле сабота и недела ќе има реприза.
Јас нема само првата, веројатно ќе ги пропуштам сите епизоди оваа недела. Полагам до четврток и за жал не сум во можност да гледам. Ама ако, ќе надокнадам после. Решена сум да ја гледам серијава, имам и макс тв да вратам, а и репризите се тука за секој случај Многу ќе се пронајдат верувам.
Бев на дел од снимањето на серијава,не сум глумец ни режисер,но имам доста пријатели кој работеа на оваа серија.И можам да ви кажам,дека серијава е предобра,и со многу пресврти
Јас ја испофалив серијава ама заборавив да пишам што не ми се свиде во првата епизода. Не ми се свиде што само двајца ликови прикажаа... мислам добро би било во првата епизода со повеќе ликови да не запознаеа, малку динамика да дадеа на текот на настаните. Плус ако биде вака секоја епизода со различни проблеми и различни ликови, ќе се намали рејтингот пошто досадно е да седиш во канцеларија со психијатарот и рандом човек, и да слушаш измислени проблеми. И друго не ми се свиде што ликот на Јелена е од провинција (100 пати нагласи), а зборуваше со скопски дијалект...И тоа баш нагласен скопски...Барем да се потрудеше да смени нешто. п.с. Една критика за шител, што не можеле поубав термин да им најдат. Секој работен ден во 22.20 часот Кај го најдоа терминот? Во ударни термини 20/21 час играат турските канцери, а овој последен го оставиле, онака ради реда....А репризите за викенд во 23.30 Е баш некој ќе ги гледа...Луѓето или се излезени или спијат тоа време Требаа да му дадат малку повеќе на значење на проектов.
Добра е глумата и серијата Клише ми е што секако тој ќе сфати сега дека ја сака, ќе се заљуби во неа и бла бла бла, ама мора така да биде. Знаејќи се себе си, тешко дека ќе ја гледам пак, најмногу заради рекламите. Можеби уште вечерва ќе и дадам шанса. Можеби кога изезе на интернет ќе ја погледам цела, инаку не верувам дека баш ќе седнам секој ден да ја гледам. Инаку, да, секоја епизода ќе биде со по еден лик. Севкупно, не успеав баш никакво мислење да изградам за серијата. Ме остави толку рамнодушна што едвај го напишав овој пост. Ко нереална ми делуваше малку.
Ќе изгледам неколку епизоди па дури тогаш ќе формирам мислење. Сега баш ништо посебно не ме привлече.
И втората епизода уште повеќе ме привлече. Професионален војник со најдобар пријател хомосексуалец, со предрасуди ,,што ќе речат луѓето“ и за тоа и за посетите на психијатар, па и ова со патриотизмот и групите што го користат како демек идол, ептен беше accurate... Со толку природни приказни и глума суптилно задираат во многу реални и табу теми. На моменти почна да ме потсеќа на расказите од збирката од мојата омилена професорка Ме воодушевува серијава, навистина И шуќур денес мислам дека малце намалија со рекламите, или пак мене така ми се осети
Ја гледав само првата епизода. Лично, ме трогна. Одлична глума, супер прва приказна. Се почувствував како и јас да сум на терапија Не знам како ќе се развива понатаму, ама мене ми е сосема ок епизодите да не се поврзани и во секоја да се раскажува по некоја човечка приказна. Од мене
Ги има ли на интернет негде? На јутуб барав ама нема а мнг ја сакам серијава ама како за беља се така ми искача тоа време да сум излезена...
Ете тамам серија ко за мојата професија! Баш ми се допаднаа првите две епизоди,ќе ја гледам секако и понатаму...ќе си ја пратам
Мене не ми остави некој добар впечаток најискрено,вчера ја гледав прв пат многу тупење цела серија за како поминал во 2001 год абе ајде тапа е.
И мене подобра ми беше втората епизода, ме привлече. Ептен се стереотипни ликовите. Рекламите беа пократки па не заборавив што збореа претходно
Нема да ја гледаат. А и да ја гледаат, па тоа е само серија. Како и да е, ја нема ли некаде онлајн? Слабо стојам со телевизори на располагање дома.
Ја гледав првата епизода и ми се допадна, ама терминот стварно не ми одговара. Стар човек, губи концентрација, ми се спие Се надевам ќе ја прикачат на нет како Преспав, зашто баш би сакала да ги слушнам приказниве. Ми изгледа како добро направена серија, ама ќе видиме како ќе се одвива.
Супер е серијава , ми се допаѓа. Ги гледав и двете епизоди и немам замерки. Навистина ме радува што конечно нешто македонско може да се види на телевизииве (ми се смачи од труските серии , искрено)