Изгледав само две епизоди, вчерашната и оваа денес. Мене ми ветува серијава, доста. Ми изгледа како документарна серија за животот низ нашите улици, низ призмата на секојдневието. Доста интересен концепт, кој очекувам уште повеќе да се расплетува/заплеткува. За Ристаноски збор нема! Му ,, стои ‘‘ професијата.
Знае ли некој дали сите епизоди ќе ги има на нет, и каде поточно? Првите две не бев во можност да ги гледам на ТВ, а оваа вечерва сосема ја изумив. Само првата досега е поставена на soprevod.com, којзнае дали и другите ќе бидат објавени понатаму. Според првата епизода, иако кратка, мене ми изгледа сосема ок, ни предобро, но ни лошо.
Леле, коj го поврза Ристановски со Огнен? Брррррр. Не, не и не. Човекот го сакам од памти век. Од преку езерото , можда и пред него. Единствен лик коj, и откако пораснав и остарев.. го свигам. Don't mess with that, plsss. од првата епизода видов малку. Малкуто ми се виде клише. По ударна очекував да е првата. Друго.. .се надевам ке има кога и каде да гледам.
Мене ни терминов за репризи не ми одговара. Ќе си чекам некој да ги стави сите на нет. Инаку на серијава работи и еден од најдобрите професори од факултетот по психологија, Огнен Спасовски и не би требало така наивно да е направена. Мене затоа и ме интересира, да видам колку е реална. Гледам првите 2 епизоди ги има на soprevod.com па ќе ги ѕирнам обавезно.
Серијава не е за обични луѓе што секогаш предност би им дале на турски серии....Искрено не се ни очекува дека сите ќе ја сакаат. Серијава пред се е за луѓе што се љубители на филмска уметност, што следат повеќе типови на серии, и што се во тек со сериите во светов. (Оваа серија е копија на израелски проект, а има и американска верзија). Јас пред секоја епизода викам не ја гледам и сепак на крај едвај чекам да видам како ќе се одвива работата. И девојчето вчера перфектно ја долови улогата. Вечерва изгледа на терапија ќе бидат сопружници, а проблемот им е што жената се чувстува дискриминирано (според рекламите што видов, може грешам). Сите проблеми се реални...Потиснати чувства, дискриминирање на провинцијални, страв од јавно признавање дека си хомосексуалец, обиди за самоубиство, кога совеста те гризе, полова нееднаквост...ДОпрва ќе има уште приказни во кои може секој од нас да се пронајде. Штета што не можат сите да ја сфатат и да и дадат шанса на серијава. Иако целата на проектов е да им се отворат очите на што повеќе луѓе, сепак повеќето во земјава предност би и дале на Елиф или Фатмаѓул или Вљубениот ерген.
@JollyGirl само да те надополнам, не е копија туку по лиценца е правена. Читав дека многу верзии има, ние сме меѓу последните, а има и на Балканот (во Србија и Хрватска, ако не се лажам). Мене ми се допаѓа, а терминот претпоставувам дека е поради содржината ставен подоцна. Младата актерка од синоќа Ангела ја знам од мала, како соседи, од Битола е, прв пат ја гледам во некоја улога и многу ми се допадна како го долови ликот.
Не мислев копија како украдена, туку сакав да кажам дека не е оригинална идејава на Македонците Има мнооогу верзии. А терминот е многу зезнат, пошто мора прво турските серии со ред да ги пуштат, па тек после ако остане време за оваа серија
Сопружниците, да. Мислам дека тука абортусот ќе се дирне. Мене ми е мило кога одредено личности речат дека не им се допаѓа воопшто серијата, одма знам дека нешто ги погодило
Одлично кажано, посебно болдираното! И јас исто како што очекував дека ќе биде предобра (и ми ги задоволи очекувањата), претпоставував и дека нема да е за сите и на некои ќе им биде досадна, посебно со концептот само со дијалог меѓу два лика цела епизода. Мене ми се омилени филмови и серии со deep дијалози и чепкање по стереотипи со цел праќање порака за разбивање на истите, а ова ми е нешто навистина уникатно и досега невидено. Не трепнувам цели епизоди, и вчера колку добро глумеше девојкава Mногу талентирана млада актерка, баш ја долови нервозата и темпераментот на Ивана, а и во проблемите и мислите што ги изнесе може да се пронајде секој млад човек. Само многу беше кратко, баш вчерашната и најкратка од трите досегашни епизоди ми се виде Денес албанскиот пар, женава од профилот на фб ми се гледа како многу интересен, допадлив и напреден лик, па да ги видиме
Да си одговорам сама на вчерашното прашање - ги ставаат сите епизоди на soprevod.com Мене ми е некако off само оној, пост-продукцискиот дел, обработката, ама за разлика од македонските филмови/серии кои досега сум ги гледала, ова е еони напредно, а на страна тоа, концептот за приказната како таков е особено прекрасен, штета што кај нас реално многу и нема да направи бум каков што заслужува. ^ Ова, баш ова, и нема што повеќе да се додаде.
Еве да ти кажам не пратам ниту турски ниту шпански серии,незнам па како некои се дрзнуваат да кажуваат за филмска уметност,дали се запрашала дали е меродавна за тоа да го каже? Не ми се допаѓа серијата,ниту ми е интересна,и нема потреба од навредување поради тоа што има и такви што не им се допаѓа. Пс Не се замарајте со таквите како мене,само си кажав мое мислење.
@veteruska Вечер кога ќе зборат за улогата на жената во семејството, или абортус на пример, ќе почне уште помалку да ти се допаѓа, сфаќаме