Не сум те прочитала, Ели . само ради него и ке гледам, уствари. И во безобразната тема го имам ставено него,еее
Виктор си закажа за психијатар... Една епизода очекувајте сеанса на Виктор со друг психијатар. Стварно тешка работа имаат психијатрите/психолозите. Може немаат проблеми во својот живот, ама вака слушајќи туѓи маки се полнат со негативности и им треба и нив разговор со друг психијатар.
Од тоа што на кратко успеав да го видам, не ми остави добар впечаток. Не знам зошто, сите македонски серии и филмови ми имаат некаков депресивен шмек. Затоа и ги одбегнувам.
Вака ќе оди, секој понеделник провинцијалката, вторник војникот, среда пливачката, четврток парот (или само едниот од нив) и петок психијатарот на психијатар.
Штом ги ставаат епизодите на овој сајтот кој го сподели @MagsDestiny, тогаш дефинитивно ќе се биде во тек. Вака на ТВ терминот е многу лош и навистина не ми одговара. Гледав синоќа на soprevod, но премногу ми сецкаше - ми обеле косата дури заврши. Се надевам дека нема да продолжи вака, не знам дали сецка толку многу само кај мене.
До интернетот ти е сигурно, кај мене си тече без прекини. Пробај, кога ќе почне, паузирај го 5-10 минути, па потоа пушти го - така можеби нема да ти сецка
Ко завршуваше серијава броев колку души глумат, и за жал уште 18 актери треба да се појават Уште 18тина различни проблеми ќе има, а вкупно се 45 епизоди, значи секој проблем и секој еден актер може по два пати да се повтори
Ги изгледав првите две епизоди... Ми се допадна, опфаќа баш табу теми, кои во државава менталитетот не ги прифаќа... Ристаноски не ми е по вкус, ама гласот би му го слушала да ми раскажува приказни
Ах, македонските актери и нивната лоша дикција, тој мрзлив говор ... моментите кога мора да се напрегаш да го разбереш мајчиниот јазик иако со филмови од странско и далечно говорно подрачје ја немаш таа мака... Не гледам шител, од трејлери ми е.
Ги изгледав првите три епизоди, навистина убаво освежување за нас доста беше од турски серии, да посветиме малку внимание на нашите сега.
Серијава е предобра, немам коментар, навистина добар дијалог меѓу ликовите, а пред се реален за нашето поднебје. Особено ме радува тоа што епизодите редовно се поставуваат на сопревод и се достапни за секого.
Јас денес прв пат ја гледав серијава. Премногу очекував изгледа па некако скиснато си исклучив тв. Не дека е лоша глумата некако нешто недостасува. Монотонија...Ама ќе ја гледам редовно. Ова ми се сема први впечатоци, на крај по се изгледано можам да дадам финална оценка.
Виктор за војникот Владо: „На момент ми идеше да станам да му ја мавнам една“… Хахаха, па скроз го разбирам искрено најантипатичен е од пациентите дефинитивно Видовме како дури и психијатар кој така трпеливо ги ислушува проблемите на другите, има потреба да биде ислушан... Тежок разговоров меѓу него и Вера. Едвај чекам да видам што ќе се случи понатаму со тоа меѓу него и Милена А и минатата епизода беше прејака, со прашањето за жената и кариерата, абортусот... „Нема правилно и погрешно, тоа е исклучиво лична одлука“ Генијални се, се опседнав
Специ има нешто со кое не си била опседната ? Кажи ми, најверојатно јас треба тоа да го гледам :wasntne:
Ја гледав вчерашната епизода како што прочитав погоре од нислењето на @DAngel .. Петок.. психијатар на псиијатар .. и не ме воодушеви многу ама океј е. Погоре сретнав доста мислења дека оваа серија е добра за кај нас .. малце да се побијат некои догми и декабќе ги освести лугето и сл. Јас мислам дека тоа нема да се случи затоа што фактички лугето кои што се по така open minded всушност ја пратат серијава и им се допаѓа. А оние кои би требале нема да им е интересна. ( ова не е 100% егзактно но сепак за да има ефект како што мислиме браќа и сестри треба многу повеќе од една факинг серија) П.с. Имам прочитано една книга која се вика "Дневникот на еден психијатар" ако сте во тоа расположение слободно пролитајте ја Поззззз333