Мене серијата ми се допаѓа Првата епизода со Милена (јелена Јованова) ми беше малку досадна, ама од вторникот па наваму ми се свиѓаат сите епизоди Вчера со Др. Вера ми се допадна затоа што Виктор сега е како пациент и како се однесуваат пациентите кон него така и тој се однесуваше Кога ќе го прашат “Ти ме наведуваш на нешто“, он вика „Не само гледам како стои ситуацијата“ А вчера и он викаше „Ти ме наведуваш на .....“ Али се на се убава е
Не ја гледав вчера баш убаво, значи утре ќе има реприза? Малку ја фатив и приметив дека Виктор се понашаше како сите негови пациенти...Од секој пациент имаше по некоја карактеристка во него "заглавено". Беше нестрплив и нервозен, па често избувнуваше и и противречеше на неговата колешка. Мислеше дека му ги испревртува зборовите и повеќе ми изгледаше како војна да води со неа, отколку да и се отвара. И како што забележав заљубен е во Милена?
По најавата за серијата шо одеше Милена вика до крајот на серијата ќе се открие дали Милена е вљубена во него и дали тој е вљубен во неа!
Reprizi sabota i nedela posle polnok http://www.soprevod.com/browse-na-terapija-videos-1-date.html eve ti gi tuka site 5
Милена веќе јавно призна дека е вљубена во него, а тој се правеше дека не приметил ништо чудно во текот на цела година... Ама сега кога тој разговараше со психијатар, некако чудно се понашаше ко и тој да е заљубен во неа. Баш вечер ако ја начекам репризата ќе ја гледам, а утре изгледа пак ќе биде Милена на разговор
По најавата за серијата шо одеше Милена вика до крајот на серијата ќе се открие дали Милена е вљубена во него и дали тој е вљубен во неа! Значи ПО НАЈАВАТА ти кажувам!
Чекајте, овие ликовие што одат на терапија имаат фб профили? Колку креативно и интересно...Се повеќе и повеќе ја сакам серијава. Пред некој ден забележав фб профил на Ивана (девојчето што ја уди кола). Влегов на профилот па забележав дека си објавува слики и постови како навистина да постои тој лик...Пишала кога ја удрила кола, се чекирала во болница, има слики од тренингот...И има објави од мнооогу порано, пред да почне серијата. А сега ми излезе профилот на Милена (девојката што е заљубена во Виктор), и последно пишала: - Кажав ДА. Ништо посебно. Значи, му кажала ДА на дечкото нејзин? А заљубена е во Виктор... Утре ако дојде на терапија за тоа ќе зборуваат? Пошто актерите знаат по кој редослед се емитуваат епизодите, на ваков начин решиле да ја воведат пубилката за следната епизода? Преку профилите на пациентите, како да се обични и реални луѓе.
@Someonespecial Профилите на ликовите беа отворени уште од летото со цел да ги „разработат“ да ни постават основа за да навлеземе во серијата. Имаат и Инстаграм профили, Ивана има. Сигурно имаат и другите, но јас налетав само на профилот на Ивана.
Не сакам да ме посвоиш Виктор, сакам да ме ебеш. Најјака реченица што можеш да ја слушнеш додека си во присуство на старите плус кога во куќата има Виктор Дадоа реклами за да размисли Виктор за понудата Go Viktor! Go Viktor! Додека жена му е горе...
Многу ми се допаѓа што после секоја епизода на фб објавуваат статус што те тера да размислување и дискусија. Инаку моментот пред рекламите беше врв.
Добро, маjку му .. По фамозната реченица, имаше продолжение? ... и jaс го преспав ли, што? За муабетот пред тоа ... Не би дека она така гледа на бракот, само страда од синдром fix/rescue him..... ко со тате. ама по им одговара вака. И што е ваа поддршка за wanna be лубавницата? Оти истатa не се покажува кон членките од тоj ранг, а?