Не гледаат поричи на форумов, нема да сфатат Туку со ваков кауч нека се пази утре кога ќе му дојде војникот п.с. Милена објавила статус... пред 2 часа · Изгледа требаше да кажам „да“ за киното, не за бракот Не си среќна со Игор се гледа од авион
Имаше Жапке уште муабет На крај Милена го праша дали ја сака, тој ѝ рече не и она само му кажа ,,океј“ и излезе Не ја оправдувам работава (ако се случи нешо), но сепак ми е симпатична Милена на некој начин вака од прикажаната слика преку психотерапијата, со приказната од детството што ја кажа денес, уште повеќе Ама и сепак мислам дека нема ништо да се случи, дека нема Виктор да потклекне професионално и етички... Ептен комплицирана ситуација Иначе да, за на фб и твитер спомнав јас уште на првата страна кога почна маркетингот на серијата, дека ми е прејак тој момент со профилите на ликовите, а и прашањата за дискусија после секоја епизода сега
Па по лиценца е, нормално дека ќе биде исто само прилагодено за нашето поднебје. Само треба да не гледаш и немаш криза, и онака нашата е по профи изработена. Хрватската, онака, не изгледа лошо. Српската не е ни принесена до нашата, воопшто ни немам желба да ја гледам. Плус тие го немаат Ристановски, какви им се тупи психијатрите
Ги гледам на фб Гент и Зана, и приметив дека стварно се внеле луѓето во улогава Се препукуваат преку коментари. Само не знам дали актериве пишуваат на профилот, или си имаат башка задолжени луѓе? Пошто Драгана Костадиновска не верувам да знае толку многу албански, а постовите и се двојазични. Гугл транслејт. Вечерва е војникот? Најдосадна приказна има, и најдосаден лик ми е во серијава. Нека признае дека е геј, па нека се вжешти атмосверата. Владо Лазаревски 21 септември во 16:11 · Се знае кој во животот ќе биде мажјак, а кој мочко. Баш вакви постови од несигурни мажи можеш да очекуваш...И на фб, и на форум Колку е реална сеијава, не е можно
Седам у читална и не знам што ми текна да отворам да читам нотификавии и останав тука.. Навистина ми се допаѓа што ви се допаѓа серијата и кај поединци го приметувам жарот и заинтересираноста со која коментираат. Прочитав исто така дека постојат фб профили каде што после епизодите самите ликови во серијата се претставуваат како реални ликови и споделуваат ставови за нивните одлуки а и некои прашања кои ве ставаат да размислувате .. Јас во тој контекст исто така имам една констатација а и исто вас ве прашувам за мислење а тоа е следно: лугето многу сакаат да гледаат филмови/серии покрај тоа што се соживуваат со случувањата, но и имаат омилени ликови кои на некој начин го прават тоа што самите тие "гледачи" не го прават и тоа претставува како еден вид вентил или утеха за нереализираните намери и цели. Пошо системот така не третира, општествените норми по кои сме програмирани .. Ете запрашајте се себе, анализирајтесе себе од перспективата која ја кажав погоре. Позз
Леле а ова Типичен алфа мажјак Најнегативен и иритантен лик ми е, ама досаден не би рекла, многу е вистинит и се критикува преку него... @DAngel и ти Ангелке да издржиш да не ни пишуваш спојлери што си ѕиркала
Абе не сум ѕиркала Читав само. Видов првата епизода, на хрватски и српски само. Јао шта је секси тај хрватски језик Српската верзија ич не ми направи мерак, потпросечна глума. Нашата најдобра е, не гледајте други. Ништо не испуштате. Американската па тотално без врска е, старо е тоа Се надевам нема да застанат тука и ќе снимат уште сезони. Војникот на ФБ пишал дека нема да е достапен, за претходниот викенд. Мал teaser
Милениче ќе го убеди Виктор да се разведе од жена му и на крај таа ќе си остане со Игор пошто ќе биде трудна. Не е спојлер само претпоставка. Милена не знам дали ми е омилен лик зашто е реална и отворена или што е ненормална
Мене најмногу ми остави впечаток брачниот пар и Милена. Но, се на се серијата е добра. Добро е што се отвараат вакви проблеми, проблеми со кои се соочува обичниот граѓанин. Дека не е се така розово во животите на другите, но добро е кога работи свеста за тоа. Јас серијава нема шанси да ја гледам пред моите, прво мајка ми не ја сака, друго ќе ми биде незгодно од неа кога ќе почнат тие вулгарности и пцовки. Си ја гледам сама на раат. И да тешко дека ќе ги сруши стереотипите кај оние кои се полни со нив. Тие ќе останат засекогаш затуцани.
Колку само мрачен тип е Владо За никого нема чувства, ниту жената никогаш не си ја сакал. Човеков само за суровост и насилство знае, во епизодава се открија и корените на тоа... Се наежив од приказната за таткото и дедото Еве го и прашањето за дискусија по епизодава, погодено баш во центар
Може посебна тема за дискусии од серијава да се отвори и секој ден да дискутираме на темата која ја задаваат
Ана, сопругата на Виктор (т.е. актерката) е "Сузе" од Погрешно време? И' го обожавам гласот. Инаку, мене најодбивни ми се Владо и Гент. Особено Гент со таа негова напнатост и нервоза. Дури и Милена ми е премногу напорна. Омилени ми се Ивана и Зана. Мислам дека Ивана ќе открие дека е заљубена во тренерот, ама тоа е само моја претпоставка. Баш да видиме дали ќе погодам.
Владо го немам гледано да видам што кажал вчера на терапија. Девојчето, Ивана дефинитивно е вљубена во тренерот. Мислам дека и ради тоа и има толку проблеми со мајка и, па оваа сака да се откаже од пливањето.
Секако дека сакам да зборувме со тебе, за било што Туку еве еден од статусите на Ивана... Ивана 25 септември во 18:17 · Ако нешто научив од татко ми тоа е дека фотографите фотографираат, а не сликаат... Тоа, и како да бидам недостапна. Претходно рече дека само татко и ја сфаќал и и бил поддршка, а сега може се сменило нешто...Пишува ко да му е лута некако. Дефинитивно е заљубена во тренерот и плус самата скокнала пред кола за да се самоубие, а не е несреќен случај Плот твист. Туку не ми е јасно зошто сите го навредуваат Виктор? Некако му се дерат и му викаат дека појма нема од работата. Знам дека тој ги провоцира со прашања што не сакаат сами да си ги постават, и им ја кжува вистината, па тие се лутат...Ама до толку не бива....Вчера војникот 1000 пати го навреди, претходно Гент му се дереше, а сега во најавите Ивана му вика дека појма немал.
Рече дека татко и е едиствениот што ја сфаќал, ама често е недостапен. И тренерот исто. Дефинитивно е заљубена во тренерот. После ќе дадам мое мислење за сите ликови
Денеска Ивана е на ред нели? Да не сте пишале спојлер (ве кара со прсте), јас ќе ја гледам утре кога ќе ја стават на soprevod.
Поарно не влегувај на темава до утре Пошто истата секунда кога завршува епизодата, сите со трчање доаѓаат тука за да споделат импресии
Јас мислам дека ни еден спојлер нема да ми ја расипе серијата. Не е до тоа што ќе се случи или нема да се случи, до дијалогот е, емоциите и начинот на кој е сето тоа искажано.