Ај да се искажам за ликовите. Милена ми е најомразениот лик во серијата. Глупа е, да беше само таа немаше ни да ја гледам серијата. Ало, возрасна жена што се заљубила во психијатарот, па и го малтретира секоја сесија со тоа. Не е ни прва, ни последна. Многу често пациентите развиваат "чувства" спрема психијатрите, ама или иди кај друг, или избиј си од глава, човекот има фамилија, а ти му се перчиш дека немало да ја малтретираш жена му (а го малтретираш него). Војникот е ладен, одвратен, типичен мачо мен кој сигурно пати од комплекс на мало к*ре. Гент е типичен сељак, не ми вреди ни зборови да си трошам на него. Зана, таа некако ми се губи покрај Гент, не може да се доискаже. Силна, храбра, ама овој ја гуши тотално (ај на кладба дека го изневерува, од што не може да му се докаже) Ивана ми е омилен лик, мислам на сите ние јасно веќе дека е вљубена во тренерот. Најмалку напната ми беше епизодата со нејзе.
Ивана по се изгледа е злоупотребена од тренерот. Може ја принудувал на односи, ја малтретира, ја лаже дека ја сака и ветува нешто, а таа му верува и се зљубила пошто е тинејџерка....Не сака да каже што и направил пошто го сака човекот, а во исто време го мрази. (има повеќе такви филмови...каде млади тинејџерки се и заљубени и заглавени со такви психопати). А и понашањево на Ивана ич не ми се свиѓа...Стар вампир, ти си одлепил, појма немаш, ќерка ти е ненормална...Мислам ок, убаво што е отворена, ама мора со такви изрази да се расфрла? Типична тинејџерка, а мислев е позрела за нејзина возраст. Многу мрачни тајни крие во себе...Тој со колата што ја зеде и што ја носи на терапија сигурно е тренерот. п.с. Милена не е заљубена во Виктор. Ете во претходната епизода Виктор даде пример (кога Милена имала 15тина години се заљубила во постар човек што и бил поддршка кога починала мајка и) и и укажа дека ако некој ја заштитува, ако некој убаво се понаша со неа, ако најде поддршка кај некого, таа мисли дека е заљубена во него ама не е...Така и со Виктор...Го гледа ко спасител и мисли дека е заљубена. Всушност на сите ни се развиваат посебни чувства кон некој што не заштитува, ислушува, поддржува, само што можеме да се контролираме ако видиме дека нема шанси со него...а таа за жал си пати, и крај краева затоа посетува психијатар.
Еротски траснсфер, де... Милена бара заштита. Таа си има она што машките обожаваат да го наречат "daddy issues". Ќе се заљуби во секој покрај кого се чувствува безбедна, а покрај себе секогаш ќе има некој кјетен (со меко ј ) Игор на нормален ви личи? Ми се чини нему повеќе му треба психијатар отколку на Милена.
Е тоа сакав да го кажам...Ќе се заљуби во секој покрај кого се чувствува безбедно...И јас се заљубував на времето Штета ќе биде ако Виктор потклекне. Сепак е психијатар, знае да процени и надевам ќе остане свесен, па нема да си направи проблеми со жена му...Баш е убава и фина жена му...Иако и Милена е јебозовна Би сакала да дојдат заедно на терапија со Игор, но не верувам. По кажувањето ми изгледа ко доста несигурен, монотон и досаден човек. На почеток и посветувал внимание на Милена па таа си се заљубила во него, ама сега си најде заштита покрај Виктор и паметот и лета.
Мене најубава ми беше епизодава досега Се гледа дека Ивана е многу несфатена од сите околу неа, родителите, арогантните врсници... па затоа бара некаква утеха во тренерот. И мене ми се чини дека нешто крие, поради делот со несигурноста со пресоблекувањето, она кога велеше дека сака да се осигура оти е на безбедно место. Она за родителите дека од различни страни ја гледале на натпреварите и тоа како се поврза одма со Ана, па и со прегратката на крај... so much feels. Многу е емотивна и зрела за свои години, борбена, ептен директна... Сè уште претерува со бунтувањето кон психијатарот, ама мислам дека понатака сè повеќе ќе му се отвора. Мене ми е омилен лик, заедно со Зана - жена ипол со феминистички ставови, со свое јас. Владо и Гент ми се сите стереотипи за луѓе што не ги сакам околу мене соберени во двајца личности, а за Милена веќе кажав дека имам mixed feelings Туку темава за спортот како надежна кариера за младите што ја дале на фб не ми е најнај, има многу по deep ствари oд тоа во ликот на Ивана и во епизодава
Вака сега..конечно серија за мојата професија. Виктор ми е омилен лик.Посебно ми е интересен кога баш тој оди на терапија.Значи како Никола глуми,прав профи психолог.Свака му част значи човекот е нешто да ти е мерак на терапија да одиш. Милена ми е ко недорасната тинејџерка,некојпат на нерви,некојпат како антипатична ми е... Владо ми е многу кренато чоечиште,нарцис невиден.Тој господинот нај е.Абе оди таму... Овие брачниот пар,Гент ми е ко недоречен,да не можиш да му докажиш,а Зана како малце крената има став ама како потисната да е,како да не можи да се искаже нормално,како стегната некако... Ивана,не знам зошто ме потсеќа на мене,ама интересен е како лик.Мислам дека во неа се кријат многу работи,дека тешко и е оти не ја сфаќаат и затоа можеби дрско се понаша.Што знам така изгледа,како да има недостаток на некоја емоција,а сака да и ја даваат да биди како целосна на некој начин. Вера беше психологот на Виктор,таа колешката,пријателка што и да е така? Таа ми е некако супер и мислам дека Виктор го мачи нешто и дека таа може некако,знае перфектни начини/методи за да го извлече да си биди типи-топ ко шо треба. Ана како лик кратко се појави,но засега ми е ок,немам некој посебен коментар за неа,па ќе видиме понатака. Многу си ја засакав серијата
Мене па сите ликови ми се на свој начин интересни и интригантни Милена е многу несигурна во себе и сѐ што прави... На моменти за нештата мисли дека се правилни,за по 1мин да се премисли За Владо мислам дека зад ,,фантомката" крие многу трауми и потиснати чувства, кои допрва ќе ги открива Ивана сигурно има чувства за тренерот, а проблемот со мајка ѝ е што Спојлер И таа мислам дека има нешто со тренерот, затоа што пред да почне серијата, во описот за Ивана пишуваше: Таа знае дека тој спие со двете Гент и Зана ми се типичен модерен пар, тој маж балканец, таа жена која е на раскрсница меѓу семејство и кариера... Проблеми во комуникација, неподдржување... Мислам дека тие се најреални ликови од сите, или може јас лично ги сфаќам... И односот меѓу Виктор и Ана ми изгледа таков Најчудна ми беше епизодата Виктор кај Вера, ќе видиме допрва што ќе се случува тука, дали ќе оди пак
Не пропуштам ни епизода. Ми го привлече вниманието ептен. Е Ивана на нерви ми оди. Општо не ги сакам таквите детишта, со такво никакво однесување. Ама ај...
Јас касно регистрирам значи секогаш. Дали ја има серијава на друго место каде би можела да ги изгледам сите епизоди што се излезени досега? Не читав наназад, гледам спојлери има.
Ауу не очекував таков тек на епизодата Прво си помислив каков идиот е Виктор ама на крај излезе Ана...