Сигурна си???Сепак луѓе во вакви моменти на сурова искреност може и афективно однесување да ги прифати. А и да е вакво сценариото навистина позанимливо би ми било од целава мрачност,депресија на нашето општество што оди во небитница. Зошто на непријатните нешта во животот да не гледаме со доза на црн хумор?Сепак за таков хумор треба интелект и длабоко разбирање така да серијава за овие простори со такво сценарио и концепт не би успеала,реално нит вака многу ја гледаат.
Ана не е таква. Малку измешани перспективи фаворизираш. Ана не е жена која ја водат нагони без разум, т.е. меѓуножниот мозок. Ана е жена желна за машко внимание,почит и добар(редовен) секс. Зарем не сме сите жени желни за тоа? Што има тука нешто ново? Долго време не добива ништо од поскауваното од мажот, наметнува моменти овој ништо што треба пајажина д аи фати а?
и јас не можам да го уклучам цел екран @вереничка и мене ми личи на Јелена (Милена) ама многу сличен профил имаат со Ана па не можам да препознаам
Се зезам за песната Ја следам серијата и знам што се случува. Знам дека не и посветува внимание, дека немале односи долго време, не разговараат...Не дека ја оправдувам Ана за изневерувањето (пошто прво можела да се разведе, па да има друг), ама ја сфаќам дека и треба внимание и нежности, а од Виктор не ги добива.
Ана го сака Виктор, затоа и му го призна ова. Да не го сакаше ќе си бркаше раб.со швалерот секоај недела. Ова е последен апел од Виктор да и обрне барем малку внимание како на вистинска жена,а не да ја запоставува за сметка на собата-психијатријата и цела низа пациенти.
Ристановски... маестрален *смајлиштосимнувакапа* Леле епизодава бомба Докторов ислушува така смирено и професионално проблеми на други луѓе, а во семејството хаос... Се гледаше дека ги запоставува, многу неубаво беше во разговорот пред да му признае како психијатар за проблемите на сопствените деца вика „глупости“ и така незаинтересирано реагира... Не е за оправдување Ана ама ете... Уште во петокот кај Вера се виде дека има сериозни проблеми меѓу нив, колку што памтам и спомна Виктор дека се сомнева за ова. Спојлер Туку од каде Милена со Владо, what the actual f*ckkkk? Jaс па не сум го ни приметила убаво тој момент на трејлерот Овој на крај многу интересно и мистериозно го покажаа, па и со сонот што го раскажа... Ќе има ли некаква улога понатаму? Иначе, да почнеме ли да пишуваме во спојлери за тековните само што завршени епизоди, за луѓенцава што гледаат онлајн? Со македонскиве серии си затеравме без спојлери, одма на ачик впечатоци штом заврши епизодата
Не ја гледав убаво денешната епизода, ама на почеток заприметив Зана зеде некое апче пред да дојде Гент. После тоа ми беше чудно како се премислила во врска со бременоста, па се случи тоа што се случи. Можеби намерно некако предизвикано или јас ептен си направив филм?
Јас времето кога игра ретко сум дома, а и воопшто ретко гледам телевизија. Вчера случајно ја фатив и сакам да прашам дали има некаде за на интернет да ја гледам до сега, па после ќе гледам репризи ако ми одговара времето. Неќам да листам назад да не прочитам нешто шо не треба.
Големо благодарам на сопревод што беа солидарни и веднаш ја ставија новата епизода... Врвна, најдобра од сите епизоди до сега... На ниво на светските серии, кога ќе останеш ваков од заплетот
^Боже која параноја Зана се напила апче. Става мастика во уста зошто пушела цигари да не му мириса на Гент дека ќе ја гњави инкубавтоката за деца правење да ги чува и ствара во идеални услови. Дај убаво глејте серијава. Само муабети да се вадат се напила апче за да прокрвари. Сигурно крварење во рана бременост ќе биде не спонтан.
Владо...Владо Лазаревски Толку многу ме потсеќа на ова.Инаку на нет ја изгледав првата епизода.Ми се допадна.Сега ја почнав втората па викам ајде да напишам импресии за првата.На сител гледав една или две епизоди по 5 минути (страшно многу ).Ја читкав темава па викам ајде што е серија е.А,и плус што е македонска,па можеби ќе ме изненади. Спојлер: Прва епизода Милена...Премногу мрачна бар за мене.На се гледа црно.Премногу нереална.А,и незадоволна.Секако дека се согласувам со тоа дека живееме во општество дека ни го наметнува бракот со сила,но со Виктор ли?Нема логика.Ми изгледа како особа што во секоја ситуација се прави жртвата.За неа сум 50-50 па ќе видиме.