1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Немам што да облечам“

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 26 август 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Позната изрека нели 8)
    Колку често овие зборови излегуваат од вашата уста?
    Постојано вие се жалите дека немате што да облечете или сте една од ретките која не ја изговара оваа реченица. Мислам дека не постои жена што еднаш не го изговорила ова.
    Е сега некои претеруваат секој втор ден тие немаат облека.
    Женска луда глава, имаме цел плакар облека, дел летна, дел зимска и доаѓа некој лев ден и ние дремеме пред плакар 1 час и викаме низ дома дека немаме облека за тој ден, тој настан. Качуваме низ дома притисок на сите, го вадиме цел плакар на кревет и пак нема ништо за носење, пробуваме нешто и НЕ, пробуваме комбинација 2 и пак НЕ, пробуваме трета и пак НЕ |(
    Ви се случило ли да не излезете зашто немате што да облечете :?: Кај мене сестра ми еднаш ќе си останеше дома зашто немала што да носи за еден посвечен настан и до толку се налути што одвај ја натеравме во последен момент да се облече :lol:

    дури и опеани сме :D
    http://www.youtube.com/watch?v=H-Ux5PadaIw
     
    На tea4e, I.love.your.lips, Phyramide и 13 други им се допаѓа ова.
  2. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    61
    Морам да ја пофалам темава,интересна и ВИСТИНИТА за секоја од нас :lol:
    Да си кажам за мене,а мислам дека и сите,имам што да носам али ете ради реда ке си ја кажам оваа реченица и што викаат од дома да се истрашташ на околу и можеби да добијам расположение :^) нез ни самата али ете како некој ритуал ми е таа реченица :rofl:
     
  3. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Секое утро за добро утро на мажот ми "Немам што да облечам" значи секој работен ден :lol: , а алишта имам колку што ти душа сака и секоја недела носам ново парче дома. Еднаш мажот ми ми рече ќе земам се ќе ти фрлам па да има за што да збориш дека немаш што да облечеш :D
     
    На Osamena devojka, srcekrsacka и KrystalTears им се допаѓа ова.
  4. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Секогаш кога сум за излегување и кога ќе го отворам плакарот ја кажувам оваа реченица,иако има 300 чуда внатре,Ќе ги испревртам сите алиша и дур тогаш ќе најдам нешто илки ќе се испокарам со мајками секогаш е истата приказна :$ .
     
  5. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Лелее...е никој не е како мене во контекст со ова...
    Абе нон-стоп на било кој, мајка ми, татко ми, брат ми, братучед ми, баба ми....кога ќе им речам излегувам вечерва држат среќа за да не писнам „НЕМАМ ШТО ДА ОБЛЕЧАМ!“...Дури и на телефон се јавувам кај мајка ми за да и го речам тоа...ах жени :P
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.097
    Може само да ми биде досадено од комбинации или одредени партали,ама дека нема што да носам...тешко и никогаш не се жалам и се вадам од такт од такви жени.Цинцири минцири,немам што да носам,не излегувам,а тоа си се договорил недела уназад и муабетот,немам што да носам! Ми оди една вруќа циганска да и залепам и гола да ја изнесам. Еднаш така немала штикли,флетница ли паднала,не знам што таму,ми вика имам само ниски нови чизми,ама на излегување тоа не.Кое бе не?! Ај облакај,ако ти е за морална поддршка и јас одам у ниски само да не се осеќаш помалку секси од останатите!И носев ниски ради солидарност,ма да и коа се замислив по дома си викам,пф и онака ќе носев ниски,ко да е битна работа!Бoоо комплексишта!
    Искрено речено,немам некое поштовање кон жени кои ја поштуваат облеката до тој степен што може да ти укака вечер на пример и твоја и нејзина и на сите или многу призабележува кој како е облечен,ако многу и се одразува облеката на расположение итн итн.Више коа купувам нешто,го купувам да се осеќам убаво у него секогаш,а не само одредена облека да прави да се чувствувам посебно.Абе ајде...да фатам да го извадам тој центар од женскиот мозок и да го репрограмирам да се насочин кон побитни работи кои на пример да се запраша зошто сум кучка?! Зошто сум злобна?! Зошто сум самобендисана?! Зошто има глад во светот?! Зошто има војни?! Зошто не рециклирам?! Зошто не ги спасам китовите?! Тоа е се така зошто жените се облекуваат за жени или да провоцираат мажи кои пак и не се толку битни ако не биде тоа забележано од други жени! Злоупотреба бе!
    Абе глупости и женски демагогии.Се изнервирав ептен сега!
    И нема тука ах жени,туку чукнете си ги главите.Значи муабетот не е немам што да облечам,туку не знам што да облечам зошто имам еден куп!А немам што да облечам го опростувам на некреативни особи и тоа е сега,шо да праи?!
     
    На sleepingbeauty, mims-89, LittlePinky и 23 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.200
    Пол:
    Женски
    Реченицава не е вообичаена за мене. Не му ја мислам многу, многу кога станува збор за облека ниту се замарам. Ако видам дека навистина одамна не сум купила нешто и се истото ми се врти, одам купувам и тоа е тоа.
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ^^ хахаха Лилитке ме изнасмеа, не се нервирај :D
    Јас пред излегување мислам дека не сум го ни изговорила ова, секогаш знам да носам и однапред во глава ми е смислесно.
    На темава се сетив вчера, немав што да облечам, дремев пред плакар, пола облека неиспрана од одмор, пола се суши, а пола на даска на пеглање а доцна беше да се пегла. И се нанервирав. Во плакар само фармерки а на 45 степени не сум лудак да ги носам. И тогаш ми изби дека немам што да носам, гола ќе одам :D
    Секогаш може да најдам што да носам, она немам што да облечам обично во себе го изговарам кога се спремам за некој иден настан и одма одам на шопинг :) На глас од мене реченицава преретко излегува.
    Ама затоа имам сестра која е целосна спротивност на мене. Секое излегување нејзино мене притисокот ми е 200. Немала што да облече, се ќе ми расфрла, а тоа најмногу ме вади од такт ми доаѓа да ја заплескам. Ем нема што да облече, ем ќе смени 100 комбинации, ем покасно ќе земе да се спрема па сите ја чекаме. Лудница, пред секое семејно излегување таа предизвикува расправии. Уф бик инат невиден.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Да, се случило да не одам некаде бидејќи сум сметала дека немам што да облечам. А претходниот ден си имав смислено повеќе комбинации. :D
    Се препознавам во овој дел:

    Ама деновиве се шетав, купував, се подновив, и сега веќе не велам дека немам што да облечам. Само велам-уште и ова и ова и ова да го купам, и таман, после нема да се жалам. :lol:
     
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Браво за темава :*:

    Пред некоја вечер ми се случи баш да не знам шо да облечам: стојам пред шкафот, ги прегледувам парчињата - едно со друго не ми оди! :lol: А не дека не сум се облекла веќе така.. и не дека не знам дека убаво изгледа и ми стои - ама НЕ и точка, тој ден ништо не ми одеше!

    За куп алишта, искрено и немам. За секојдневно имам, ама за излегување 6/10. Ми фали некоја таква софистицирана облека, некоја кошула плус, сако сакам да си купам, убави штикли...
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.085
    Пол:
    Женски
    Ми се случува чат- пат, но поради тоа што тоа што планирам да го носам ќе ми речат - лелел па тоа ли?- Не тоа, не може да го носиш и кукам после зошто плановите ми биле поматени.
    Си имам некое правило според кое една иста комбинација не ја повторувам во рок од една недела, навика останата уште од мала.
    Обично знам што ќе носам, гледам и да ми е перено, да мириса на убаво. Последен пат ми се случи пред некој ден за на мекици. Купив црн фустан, не се носело црно бла, бла... Купив зелен долг, не ми бил за на мекици и на крај облеков нешто што мислев дека нема никогаш да го облечам :rofl:
     
  12. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    секоја вечер е истото никогаш незнам што да облечам никогаш незнам да се одлучам што и како сакам да носам .. И не сум јас крива што после сум каснела :D
     
    На vlubena и Hipster им се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.654
    Допаѓања:
    121.700
    Оваа фраза,ја кажувам буквално на секое искачање.Ако нема на кого да мрчам, ќе си кажам во себе-Ма,немам ништо :envy: ,и бесно ќе ги истрескам сите шкафови по ред.Исто е и со сестра ми,ма со сите нас женишта е исто.А кога сте чуле машко да каже-никогаш :lol: Алишта имам еден куп,и никогаш не ги изнаносувам сезонски,ама пак-немам ништо,стандард :lol:
     
  14. al4e

    al4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    11
    Јас порано овој израз никогаш не сум го употребувала, ама откако се породив не се сеќавам некогаш да не сум рекла дека немам што да носам. Значи стварно немам, бидејќи сум здебелена ништо веќе не ме собира, и ајде ке си купам нешто и не ми се свиѓа како ми стои, ископлексирана сум до немај каде. Претходната недела требаше да одам на крштевка абе ми идеше да плачам и облеков едно фустанче и цел ден мислев дека сите мене ме гледаат и ме оговараат. ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    мојата најупотребувана реченица.никогаш "немам што да облечам",а кога ќе дојде време да го средувам плакарот е преполн,кога треба да одам негдека е празен :?: :devil:
     
  16. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Од мене ретко кога излегува ова "немам што да облечам" :) , не дека имам јас алишта кузнае колку, туку си комбинирам секој пат :) си правам различни комбинации , додади ова тргни она ( :D ) некој аксесорис плус минус и нова комбинација (речиси ) секој пат :P Уствари кога ќе размислам, за посвечени прилики стварно немам што да облечам :o :D
     
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас никогаш немам што да облечам, а секогаш кога го средувам плакарот немам доволно место :?: .
    Мразам да кукам дека немам облека, ама некогаш кога се брзам навистина незнам што да облечам, неможам да одберам, во брзање неможам да најдам или направам некоја комбинација и тогаш сум баш ваква :envy: , копам низ плакар и расфралам гардероба низ цела соба, за на крај да се одлучам за некоја веќе проверна комбинација.

    Не сакам а и не можам да носам едно парче, два дена едно по друго, не се чуствувам удобно, па за на факултет ми е најмачно кога рано наутро морам да мислам, комбинирам, средувам, е во тие моменти „нависитина“ немам што да облечам.

    Пред некои побитни настани, скоро секогаш планирам што да носам ама некогаш ако некако ми се поремети планот настанува војна, поготово ако и косата ме изневери и несака да ми се намести како што треба, дури тек тогаш сум како подвижно чудовиште кое во секој момент мислиш ќе почне да гризе.

    Не дека се преоптеретувам многу со гардеробата, туку само сакам секогаш да сум спастрена и подсредена да не бидам како изфрлена од поплава, и постојат моменти кога навистина мислам дека немам што да облечам. Ама од мајка ми научив дека секогаш треба да имам спремна резервна комбинација, која ќе ме спаси кога ќе се најдам во тесно. Па така да што настане ваков момент, или ја барам оваа резервнава комбинација, или облекува некоја веќе испробана и носена поодамна.
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    аууу оваа реченица еднаш ке ме оставеше бес гардероба :tmi: ...познато нели; немам што да облечам скоро секоја вечер и еднаш татко ми веке попизден дека се тоа го зборам доага во соба отвара плакар со се закачалки на земја ги гледа се нервира уште повеке и само ме погледнува :!: : ти ли немаш што да облечеш има девојки со два пара фармерки и 3 маички се за цело лето ти само кукаш е сеа ке видеш како ке немаш што да облечеш :o и јас: добро добро ајде имам што да облечам еве сеа ми текна :lol: дека има нешто што не сум облекла одамна само остави ми облека :rofl:

    од тогаш внимавам барем пред него да не ја изговорам познатата ни реченица :tmi:
     
    На TS-310 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    "Немам што да облечам" помислувам само кога се враќам од одмор и сите да речем одбрани алиштенца ми се за перење.
    Ама не очајувам воопшто. Копам по плакарот и наоѓам соодветна замена или позајмувам нешто од мајка ми.
    Не сум дозволила парталче да ми упропасти излегување или некаков настан.
    Не плачам за облека ( имам такви на платен список што се вика |( ) , не си фиксирам некое непостоечко парче и да се акам со денови низ град додека магично не го пронајдам... |(
    Не излегувам да гледам без пари. Не ја сфаќам таа женска потреба со часови да зјапам по излози и да ми течат лигички, а паричникот знам дека ми е празен.
    "Ама можеби ќе видиш нешто и кога ќе имаш ќе си го купиш.... "
    Точно, КОГА ЌЕ ИМАМ тогаш ќе тргнам во поход. ;)

    Немам нешто премногу облека, но убаво си ги комбинирам.
    Секогаш имам што да облечам и стојам на тврдењето дека на жената не и се потребни повеќе од 3-4 чанти за различни пригоди.

    Kill me.
    :)
     
    На Strumfeta93, Hopeful, De-lovely и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Реченицава ми стана една од најупотребуваните последниве две недели.

    Не знам, крај на лето, се живо облеков и изнаносев, досадни ми станаа сите парчиња, секој ден пред излегување иста песна. |(

    Го отварам плакарот, седнувам пред него и гледам. И гледам, гледам, гледам.. :| Откако се фино ќе изнамеркам ми доаѓа еден момент на косокубење, хистеришање и кршење на елементите во детската ми соба, затоа што сфаќам по милионити пат дека немам што да облечам.

    Потоа доаѓа едно тешење така приглупо, дека има и бетер од мене, клише муабети де. Ама мизерно се чувствувам во тие моменти тоа е факт.

    И така изнервирана, дремејќи и булејќи (каков збор, Боже :D ) сфаќам дека дошло времето кога треба да излезам од дома, станувам набрзина, грабам прво што ми дојде при рака и да ме нема низ врата. Всушност, тоа е и причината за моето секојдневно доцнење. Среќа што не сум излегла од маало деновиве, па и не е потребно обрнување на толкаво внимание на облеката.

    Но, што се однесува на некои посвечени настани, секогаш знам што ќе носам. Имам неколку фустанчиња кои што неретко ме вадат, комбинациите однапред се подготвени. Ако немам нешто купувам неколку дена пред, не одлучувам во последните 5 минути што како. Тука нема збор.

    Пусти женски маки, со какви работи се занимаваме.