Од како не работам навистина го имам овој проблем,од секогас го имав иако стално немам сто да облечам,сепак имам доволно гардероба
Не се лутете ама имам видено деца кои стварно немаат што да носат. Во 5/6 одделение и јас бев таква и не се срамам воопшто од тоа. Бев со 2 пара фармерки и неколку блузички од кои повеќето ми беа од братучедка ми но зачувани. И навистина немав. Фармерките ми беа колку за да си ги менувам кога едните беа за перење па другите. Но и двајцата родители ми беа невработени сега ситуацијата ни се среди и двајцата работат имаме колку толку барем повеќе плус земаме детски додаток. Никогаш не ги барам сите пари но многу често мајка ми ме праќа од кај еден комшија кој дома продава да си земам нешто што ми е потребно па ако немаме пари во моментот човекот дава и кога ќе земе мајка ми плата тогаш да му плати и заедно работат инаку. Има тренерки, маички, рамбовки, чорапи, гаки такви работи. Некогаш дури и мајка ми сама ќе ми купи некоја маичка без да знам. Така да никогаш не сум рекла дека немам што да носам. Да не излезе фалење ама сега дури и премногу имам но си ги носам само за во школо затоа што не излегувам толку често. Сепак задоволна сум некој ни волку нема
Секогаш викам дека немам што да облечам. Од толку полн плакар неможам да одлучам. Па ова не, она не и на крај некако, како така морам да одлучам.
Ахахахахахаха секогашш немам шо да облечам и јас не дека немам али незнам бе незнамм а да и редовно мајка ми ја замарам у тој поглед ! хаха
Ретко велам дека немам што да носам.Купувам ретко,разгледувам мн пред да купам и секогаш го наогјам она што ми одговара.На тој начин избегнувам да ми висат стварите во орман и да бидат неизносени.Сакам сведени бои што ке можам да ги комбинирам во повекје варијанти.порано купував нагло без мислење и на крај купишта алишта и јас пак немам со што да ги комбинирам.Еден ден направив чистка и се подарив ба едно девојче кое имаше потреба од тоа.Од тогаш си правам виш лист и си купувам само она што Знам дека ке го носам
Арно викаат „Жените имаат два проблема, немаат што да облечат и немаат каде да си ги стават сите алишта.“ Навикнати сме така да се жалиме бидејќи не сакаме често пати да бидеме видени со истата облека. Порано и ја викав така, но изгледа ми помина меракот за шопинг. Може 6 месеци си немам купено ништо и не се случило да немам што да облечам. Зачи до мене било
Некаде имам прочитано дека ако можеш да направиш три сосема различни комбинации, од маичка до обувки, тогаш имаш доволно облека за менување и комбинирање. Сега не знам дали се мислеше и за различни пригоди. Ама, три комбинации пример за лето, па за зима, пролет, есен навистина и не е малку. Јас ете можам моментално три различни комбинации, значи имам што да облечам ,ама пак некоја мана ќе најдам, те немам доволно накит, да имав други балетанки подобро ќе се вклопеа, ова ми е од многу одамна, ова кончето се истегнало... Пусто женско.
Имам другарка, секој втор или трет ден е со ново парче облека, и тоа од 1000 денари па нагоре.. И пак се жали дека нема што да облече. Плакарот и е полн. А јас, не се замарам со тоа многу.. Гледам да искомбинирам па кога можам си купувам ново парче облека.
Браво за темава Оваа речениза обавезно по илјада пати на ден морам да ја повторам,дури и на мајками и кажувам на татко ми на дедо ми со надеж дека некој ќе се смилува да даде некој денар да си купам нешто ново Али нее нема врска шо во плакарот има 300 чуда..
Не е дека немам што да облечам, но во различен момент, таа и таа гардероба не ја сакам на мене, тоа со тоа не можам да го искомбинирам, и така се ограничувам, па си викам: уф, немам што да облечам.
Кога не ми текнува што како да си облечам, дада ми е тука, од нејзината облека и од мојата заедно ми искомбинира нешто. Така да, не смеам да кажам:" Немам што да облечам" затоа што после ќе ме закопа во избор на комбинации.
мислам дека и од шопинг да се враќам пак ке речам дека нема што да облечам....Не е дека нема што да облечам туку дека допрва треба искомбинирам....
Уф,секогаш јас сум си за жалење се немам што да облечам,а има едно девојче по цела недела носи една иста облека.Не дека навистина немам што да облечам туку мојата облека не ми се допаѓа
Најлигава реченица на свет ми е оваа и ми иде да си ги превртам очиве кај тилот кога ќе почне некој да се треска од земја по ова прашање, а уствари се гледа од авион дека извољева до немајкаде. Имала само 5 пара фармерки, имала само 10 џемперчиња, па чизми не купила годинава нови иако дома има во сите бои и модели, капутот и бил стар, а од лани и е и сл. Греота е кон тие што стварно немаат и мрзнат среде зима затоа што носат излитени и прастари работи, а во лето во легенче преперуваат секој ден за да им биде чисто. Да, сите ние сакаме да си го освежиме плакарот со нешто ново или да амортизираме дел од старата облека, ама да си крајно неблагодарен и да се жалиш по народ како ништо немаш за носење или да уништуваш провод и договарање за излегување на луѓето околу тебе, не оди. Никој нормален не води евиденција на луѓето околу него колку често некој носел некој партал и при тоа да одлучува според пресветите модни правила и кодекси дали поминало доволно долг период за повторно тоа парче да види бел ден. Премногу се потресува народ, а да биде потрагично стварно сме беда и и сиромаштија, а и покрај тоа се живее за туѓите очи и за сите околу да завидуваат. Ете до сега ја читав и темата за модни прашања, каде што голем број на млади девојчиња мрзнат јајници затоа што не се сигурни дали околината одобрува носење чизми во септември. Почитувам и дотерување и терање мода, секој сака задоволен да си отиде од пред огледалото, ама не би си дозволила некој партал никогаш да ми го помати умот, па да го мислам со денови и месеци или па да си вадам од уста за да си дозволам нешто посакапо. Инаку што се однесува до мојата гардероба сметам дека имам доволно облека, ништо премногу и да паѓа од плакари, но задоволна сум од се' што сум купила и не постои такво нешто што никогаш не сум со облекла и што импулсивно сум го купила од бес во некој попуст. Веќе неколку години добро знам што сакам и што би носела и какви модели и бои ми прилегаат. Најчесто купувам класични парчиња облека што лесно се комбинираат, но имам и по нешто специфично и најчесто со тие некои работи разбивам монотонија во одредени моменти. Накитот и марамите ми играат главна улога и доста често правам нови комбинации токmу со тие додатоци. Не се жалам за сега, што можам и кога треба купувам ако имам прилика и тоа е тоа.