„Немам што да облечам“

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 26 август 2011.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Јас сум од оние што не дозволуваат облеката да им го уништи излегувањето.
    Сум си помислувала и јас дека немам што да облечам, ама после десетина минути стоење пред отворениот плакар, си наоѓам некое парче облека, можеби и некое што ми било одамна заборавено. Секогаш се наоѓа по нешто, или ми светнува нова идеја.
    Успевам да изгледам убаво и со успешно комбинирање, и не купувам нова облека три пати неделно.
    Не се нервирам многу за облеката, затоа што однапред си знам што ќе облечам за некоја прилика т.е. си планирам.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Oваа реченица мене ми е како добро утро :lol: не дека немам навистина што да облечам ама пред секое излегување јас дремам пред плакар со сати и само и зборам на мајка ми дека немам што да облечам :D некако тогаш ми се блокира мозокот и не ми текнува која комбинација би можело да ја облечам а да одговара на пригодата :( пробувам 1 комбинација ма не е таа потоа 2 ни таа и по 5 6 комбинација ми светнува светилката и оденаш имам што да облечам :rofl: абе не за џабе викам дека ние жениве сме чудни суштества :tmi:
     
  3. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Понекогаш се нервирам, зошто незнам што да облечам..али далеку од цмиздрење дека немам.
    Имам повеќе од доволно облека, али голем дел од облеката ми е апсолутно неизносена.
    Некогаш ми е филм да се скоцкам, ау бау..некогаш ме мрзи.
    Не се замарам многу, многу..и замарањето околу тоа ми е скорз непотребно.
     
  4. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    само што реков немам што да облечам и не искочив заради тоа што ме мрзеше да мислам што да носам.. хаха :D
     
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Многу ретко изјавувам нешто такво. Е сега, на почетокот на бременоста ова ми беше секој ден... Работите можев да ги натнам некако, ама ми беа тесни, а толку многу повраќав што немав шанси да шетам по продавници да купам нешто. И секое излегување ми беше кукање „Немам што да облечам :( “ а реакцијата на маж ми „Па аман оди купи веќе еднаш“ :D . И втора ситуација кога се породив, па работите од бременоста ми беа големи, а оние од пред да останам бремена тесни... Е тоа е навистина да немате што да облечете, а плакарот да ви е полн :).
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Па ова е сосема нормално. Секогаш пред излагање ова го повторувам. И мајка ми секогаш ми вика- кога ќе дојдеш од град сите алишта ќе ги најдеш во канта, па тогаш ќе знам дека немаш што да облечеш. Ама ова се само празни зборови и секогаш си продолжуваме исто :D :D :D :D
     
  7. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    И јас немам што да облечам. :angel:
    Она од демотивација како беше, се сеќавате?
    -Жената има само 2 проблема
    1.Нема што да облече
    2.Нема соба за сите алишта.
    :rofl:
    http://www.demotivation.us/a-woman-only ... 53402.html
     
    На butterfly.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    По дома да кукам дека немам што да облечам и по другарки да се жалам :shake: НЕ...но во себе често помислувам на ова реченица :$
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Јас не викам немам што да облечам, јас викам НЕ знам што да носам. :D Затоа што има разлика. Да се жалам и кукам за преполн шифоњер а некој трпи за јадење, не планирам. Имам доволно, ма предоволно алишта и за на школо/факс, и за излегување... Некогаш стварно не знам што да носам, од причина што надвор е пекол жешко, па таа комбинација која сум си ја замислила, е неостварлива од временски причини. Кои нервози ги имам посебно неделава, гола ќе почнам да одам уште малку. :D

    Кога е пролет/есен, секогаш имам милион комбинации на ум. Ама кога е лето и треба да направам мастерпис од кратки шорцеви и маичка, мајке ми, нервозна сум.

    А еднаш за малку немаше да отидам на една забава. Имено, си купив кратко, црно, тесно фустанче а имав така бааги салце на мене. Кој ѓавол ме натера, не знам. Битно се испораплакав дома, не заради тоа што немав што да носам, туку заради, ете знаете. Како грдо ми стои, па дебела па ова па она... :D Одвај отидов. :D
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Хахахахха јас кога треба да одам некаде каде што ми е важно немам што да облечам :$ :$ :$
     
  11. marina22mk

    marina22mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    51
    Редовно си ја користам :lol: Среќа што на работа имаме униформи, па не мора да мислам, инаку уште од сабајле да требаше да се мислам ќе полудев (т.е. дома сите ке ги полудев :rofl: ).
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Треба да се оди негде и се стои минимум половина час пред плакар, мислење, комбинации и на крај следи:
    Немам што да облечам!!!
    Е на реченицава моите дома се алергични. Штом дошло до нејзино изговарање(а често доаѓа), за сечие добро е да нема никој во моја близина, да нема кршливи предмети и вратите на плакарот да се издржливи до максимум.
    И на крај јас ќе најдам што да облечам и од соба излегувам цела окезена, пошто нели ипак се спремав...
    Само еднаш паметам требеше на визита да се оди и јас се расплакав зашто немав што да облечам...
    И верувале или не, не отидов, а следниот ден мама ме зеде и правац на шопинг. Не ми беше тоа целта претходната вечер, ама искрено насмевката на ми се тргна од лице... :rofl:
    А за песната на Дарио која Росонерка ја постира во воведот, лајк над лајковите, ма што лајк, лајкиште добива од мене!!!!
    „А тогаш следува онаа СУДБИНСКА РЕЧЕНИЦА,
    не толку сложена, просто проширена,
    но така ФАТАЛНА:
    Немам што да облечам!!!“
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.125
    Допаѓања:
    81.627
    Пол:
    Женски
    До пред една ипол година нависина немав што да облечам, не поради финансиски или некои сериозни причини, ами од проста и едноставна - ништо не ми стоеше и што и да пробав на мене, изгледаше ко да е ставено на закачалка.
    Е, кога достигнав една нормална тежина, од радост не знаев што попрво да си купам и да облечам. :D
    Не дека располагам со кујзнае каков си плакар полн со купишта облека, ами имам доволно, понекогаш дури и помислувам дека имам премногу, ете за разлика од тогашните кризни периоди.
    Можеби и нема да ми верувате, ама ''немам што да облечам'' одамна не постои во мојот речник, почесто ќе го сретнете она ''не знам што да облечам'', ама не дека имам огрооомен избор, па туфкам и не знам што да облечам, ами навистина немам идеа, а верувам дека на скоро секоја од вас и' се има случено истото - да сака нешто да облече а не знае што.
    И едно ми е несфатливо, а познавам многу девојки како кукаат и цимолат дека немаат што да облечат, ама онака ептен се трескаат од земја - а знам дека имаат дури можеби и повеќе од потребно, ама финта е, а кога само би сфатиле дека постои некој кој навистина нема што да облече и не се ни буни.
    И ај, што се туфкаат по дома, ами цимолат и пред друштво |( ... не, не и не!
    Не можам да сфатам у чему је ствар, ама и не можам да трпам такви кукала, ми влијаат лошо на моите и онака слаби нерви.
     
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.877
    Допаѓања:
    45.108
    Пол:
    Женски
    Јас не се жалам дека немам што да облечам, ама често употребувам не знам што да облечам, овие две реченици се различни :!: Јас имам колку толку, не купувам често облека ама имам довололно парчиња кои можам да ги комбинирам за различни пригоди, само проблемот се јавува кога треба да излегувам и облекувам една комбинација и не ми се допаѓа како се чувствувам во неа, значи не како ми стои, не дали е добра или не, туку нешто ми фали и не се чувствувам убаво и удобно, е тогаш настанува збрка кај мене во собата и вадам скоро се за да откријам што е тоа во кое ќе се чуствувам убаво.
    Често, уствари пречесто ми се случува во последните 10 мин јас да ја смислам во главата комбинацијата и веднаш знам дека баш у тоа ќе се чувствувам убаво и секако се пресоблекувам.Милион пати ми се има случено ова.Ама никогаш не сум останала дома ради облека и страшно ме иритираше една другарка која порано имаше навика да не излегува оти немало што да облече или затоа што ја мрзело да се спрема.
    Јас мислам дека секоја жена што има црн фустан, кошула, фармерки, ташна што и одговара на повеќе комбинации, неколку маички, универзални чевли ш некој убави кратки панталончиња има што да облече, а доколку вели дека нема тогаш и фали креативност ништо друго.
     
  15. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Можеби сум рекла немам доволно облека, но не и немам што да облечам. Имам скромно плакарче и секогаш имам некоја нова и нова идеја за тоа што да додадам, а што да одземам кај некоја комбинација.
    Ретко одам во шопинг и ретко наоѓам нешто што мене ми се допаѓа. Секаде е те едно исто и секогаш се враќам дома разочарана. Имам здравствен проблем и барам нешто со ракави, но никогаш не можам да најдам и со некоја апликација која мене ќе ми се допадне.
     
  16. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Алишта имам но немам за каде да се дотерам, на работа па дома. За ретките излегувања (еднаш до два пати месечно) имам спремни комбинации кои ги вртам во зависност од местото каде одам и со кого. Затоа во последно време не ни купувам нешто многу партали, 4 фустанчиња и 2 пара сандали и помина летото а за догодина ќе видиме.
     
  18. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    Па оваа реченица многу често ја користам.Стојам пред плакарат повеќе време и на крај ,, Немам што да облечам,,
    Па и јас ја користам реченицата незнам што да облечам :lol:
     
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    A бе јас секогаш имам што да облечам, ама не сакам ова и она :wasntme: Тоа ми е поголем проблем :D
    ОЗбилно, не го велам ова често, и не сум од оние што порадо би седеле дома, отколку да облечат веќе носен аутфит, ама се случува да не сум доволно креативна во изборот и до толку самокритична што сите можни комбинации ми изгледаат глупаво :wasntme: :D
    Најчесто ми фалат поелегантни парчиња, посвечени, ама па затоа тогаш настапува на сила малиот црн фустан, и ете, решена работа, и елегантна и бендисана :D за сите пригоди :D
    А, ако се вели дека е овој женски проблем, постојат уште покомплицирани машки, јас од доста нив сум го слушнала овој муабет „немам што да облечам“ :)
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    многу пати ми се случило да ја изговорам оваа судбинска реченица :lol: (особено пред излегување) дома кавги, викање, а плакарот преполн, ама ете кога се брзаш некаде, зенско ко зенско нема што да облече колку и да купува :D :rofl: