1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Немам што да облечам“

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 26 август 2011.

  1. LadyEj

    LadyEj Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    128
    Се сложувам со Лилит во скоро се што кажа. Можно е да се случи да НЕМАШ што да облечеш ако не дај боже се случи некоја елементарна непогода, па да ти отиде јабана се! ( Дури и циганчињата што просат имаат што да облечат :!: ). Проблемот ни е што не се знае што да се облече, не се знае каква комбинација да се направи.. Ми се има случено, не викам не.. едноставно во моментот не ми се допаѓа како изгледам во некое парче облека.. А за кукање, признавале или не признавале-кукаме сите! Мене тоа "немам што да облечам" ми доаѓа како најава "јас утре одам да си купам нешто" :angel:
     
  2. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    многу често ми се случува да помислам немам што да облечам (ама ова не го кажувам пред домашните само си помислувам во себе) и ова најчесто ми се случува пред некое вечерно излегување кога сакам малце повеќе да се дотерам и така ја си чмаам пред плакар 2 саати и не дека немам туку едноставно и незнам што да облечам, ппетходно плакарот ми бил среден ама штом сум во потрага што да облечам плакарот е како цунами да имало во него :lol: мајка ми стално ми вика: аман бе модерна само купуваш и пак незнаеш што да носиш :D
     
  3. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Срамота и греота е да речам дека немам што да облечам, а плакарот полн.
    Најискрено им се чудам на тие девојки што така викаат. Одите на шопинзи во Солун, први сте (сме) на сите попусти у град, плакарите пренатрупани од ствари еднаш до два пати облечени и пак немате? А најтрагично ми е кога ќе видам другарки што ќе извадат 100 комбинации, сите ќе ги пробаат, ќе се гледаат по пет саати у огледало и на крај, е немам ништо |(
     
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Една познаничка има стварно многу облека,а за секое излегување нова купува и шие.
    Мислам тоа за мене се глупости.Па што ако ме видат 2 пати во иста маичка, да речеме или во исто фустанче.
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    :D жени ја видов темата и си помислав што и се случило на облеката :D :D :D . Абе јаде на секого скоро му пука плакарот од облека а друго е што сакаме ние жените да си го наполниме егото и да се подновиме со некое палтарче. Тој исход на среќа е ист како цела ноќ да си се сексала :$
     
  6. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Пред излегување застанувам едно пола саат и више со отворен плакар и се ѕверам во алиштата.
    Додека да излезам 541464 пати ќе се пресоблечам -.-
     
  7. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Ниту велам „немам што да облечам‘‘ ниту пак „не знам што да облечам‘‘. Секогаш кога ќе ме прашаат другарките а вечер што ќе носиш само ќе кренам раменици. Ниту имам замисла што ќе носам ниту пак недела дена пред тоа ќе му ја мислам. А и не дека имам многу алишта де, со сестра ми ги делиме, имаме доволно. Ќе го отворам плакарот, ќе прошетам со очите и воала, спремна сум. Сите ми се чудат што женско ќе бев за 5 минути спремна. За мене е толку едноставно облечи едно-две парчиња, накити се, нашминкај се и ајт. Не е некоја голема проблематика. Ако некој се спрема 2 саати пред излегување јас можам за 10 минутки да сум цакум-пакум спремана.
     
  8. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Колку пати ја користам фразава само господ знае! Плакарот иако пука, јас пак немам што да облечам зошто кога ќе дојде момент за некоја свечена пригода, тогаш кога треба нешто несекојдневно ми иде да го фрлам плакарот низ прозор! За обични излегувања и прошeтки можам милион комбинации да направам и да се средам убаво, ама а дојде некоја специјална пригода нервоза пука!
     
  9. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    3.216
    Пол:
    Женски
    Искрено кажано, имам и преку имам што да облечам али пак немам ма девојки.. ;) за излегување сакате верувајте сакате не се мислам неколку дена пред вечерта... Не ми е доста од облека и пак ќе си велам дека немам иако си имам... убаво ми е :) :D
     
  10. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
    Позната реченица, која ја употребувам секој ден.
     
  11. tejcence

    tejcence Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    8
    незнам сто да кажам алал да ви е само да знаете многу е тешко кога човек нема навистина што да облече,точно дека не е баш да немаш што да облечеш ама секаков неможеш да шеташ алал да ви е навистина ви завидѕвам полн плакар -ама што да се прави кој има има кој нема нема
     
    На LittlePinky, maca99, RoseMarie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    грев е од бога да кажам дека немам, но доаѓаат моменти, кога сето тоа што го имам ми е преку глава и ништо од тоа тој ден не ми седопаѓа. :?:
    што да правиме такви сме си :$
     
  13. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Ми се случило да речам немам што да облечам многу пати.А, уствари не е дека немам,имам полн плакар,работата е дека несакам ништо од тоа што гледам ми се здосадило па сакам да носам некоја комбинација што мене ми се увртела во глава.Да дигам паники по дома,да рикам да викам НЕМАМ тоа не,ама многу пати сум си го помислила тоа или мама ќе ја гњавам малку,ама на крај сепак ќе си направам некоја фина комбинација,никогаш не сум се испонашала до толку разгалано да не излезам да им упропастам на другите поради тоа што досадна ми била маичката па сум сакала нова.
    Еднаш една другарка(не би ја нарекла другарка ама незнам како :lol: ) ми се испонаша во стилот немам што да носам не одам WTF?Па да видите кога и реков ПА не оди дреми дома,како најде сместа комбинација.
    Жена како жена секогаш по нешто ни фали,не дека е неопхдно ама ајде де.
     
  14. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Aww...Ме опишале во една реченица...понекогаш ми иде да се треснам...луѓе немаат што да јадат јас имам цел гардеробер 3 на 4...ама луѓе јас стварно немам што да облечам...не дека немам облека...т.е...шо објаснувам...знаете на што мислам :P
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    дури Дарио и песна има за тоа :lol:
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... df1HC4BoXw
     
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Да, се случило и тоа кај секоја од нас....не дека немаме што да облечеме, туку имаме и премногу....тоа е проблемот :?: :lol:
    Понекогаш ќе застанам пред плакарот и викам -ако имав само две кошули и еден пар панталони (фармерки) ќе ми беше многу полесно, ќе знаев тоа имам и тоа ќе носам. Вака изборот не е ограничен, има повеќе можности за комбинирање и тоа ни прави збунка, тоа ни го пореметува умот :lol: ...или едноставно сакаме нешто ново, нешто во кое не сме видени.
    Еве сега и се приближува род. на ќерка ми и не дека немаме ниту јас ниту таа што да облечеме, туку мене ми се увертело дека мора да е нешто ново...зошто?...искрено не знам, знам само дека сакам нешто ново, било што, макар да е тоа и една обична туника... Не е смешно, уствари трагично е од што е смешно....ама такви сме ние жените.
    Инаку не ми се случило да не излезам затоа што немам што да облечам, може ќе се пресоблечам неколку пати, ќе се туфкам пред огледало, ама сепак ќе ископам нешто, ќе додадам некое парче накит, ќе смислам некаква фризура и ќе излезам...не дозволувам облеката да ме контролира и да ме зароби да седам дома. :)
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Море искрено, јас најчесто од кога знам за себеси велам - И шо да облечам сега?! И си го чешкам главчето.

    Не дека ми се случува често но имам такви денови кога немам инспирација, немам расположение, а знам дека морам да одам некаде, па уште и уморна сум, мамурна, не знам каква, и застанувам во гардеробата и се вртам, се вртам и пак не знам што да одберам.
    Најискрено најчесто ова ми се случува во зима. Во зима како што мразам да се дотерувам и облекувам, како во никое друго време.
    Хулахопка, па сукња, па фустан, па капут, па чизма, па ај не тоа ај фармерка....брррр мразам зима! А во лето со 2 парчиња го решавам проблемот.

    Најсмешно ми е кога ќе видам девојки кои навистина имаат плакаришта за завидување, кога се спремаат за во град цел саат, и на крај ќе ти рече - никаде не одам, немам што да облечам. А и ги загледуваш сите плакари преполни со чевли и облека и си велиш - да и удрам шамар да се свести сега или да ја натепам убаво, другарски?! :D

    Значи не е проблемот дека немаме што да облечеме, проблемот е дека немаме инспирација да прочепкаме и во старите парчиња за да можеме инвентивно да ги искомбинираме и да се облечеме онака како би се чуствувале најудобно и најубаво.
    Еднаш една другарка ми вели, знаеш ли зошто переме толку често? Затоа што вртиме едни те исти парчиња облека нон стоп.
    И навистина е така...ако земеме да го прочешламе убаво плакарот, сигурно ќе најдеме нешто старо а сепак ново.

    Ех - што да прават оние кои имаат одвај едно парче облека? Грев да те фати во вакви моменти кога гледаш дека некој кубе коса за тривијалност како - убава облека и совршена комбинација до степен да му е тоа опсесија. Некој кубе коса затоа што му е ладно и нема што да облече за да се згрее.
     
    На LittlePinky, AIT, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Морам да се согласам со Пирамид, навистина е од немање инспирација, а не бидејќи се нема облека.
    И јас го кажувам ова, баш овој период кога почнува да заладува- значи толку мразам да се дотерувам во зима кога ми е ладно, тоа е чудо некое. Го отварам плакарот, гледам, гледам, размислувам да облечам фустан или сукња- ама ми текнува дека морам да носам хулахопки (а ги мразам и ретко ги носам во зима) и на крај се одлучувам за некои панталони.
    Исто од немање инспирација стално велам дека нешто ми фали- сега периодот веќе и пукна филмот на мајка ми, ми вика аман Сесилија уште што ти фали, ќе ти ја дадам цела плата се надевам дека конечно ќе комплетираш се :D , а јас измислувам од досада.

    Абе лето си е лето, леле колку го сакам (ајде и пролет ќе помине :lol: ), абе се има инспирација, го облекуваш фустанчето и знаеш дека за 3 секунди може да се лизне од твоето исончано тело, а сега како да излезам и да се чувствувам секси кога на мене носам 10 слоја облека, ахам да- злато почекај малку да си го откопчам капутот, чекај сега џемперчето, еј неможам да го откопчам бодито, еј ај помогни ми со хулахопките, потегни ги малку- и додека да се соблечеш си се изморил и исчезнала таа првична страст.

    Забегав од темата, ама мразам зима, тогаш стално ја велам оваа фраза дека немам штоп да облечам- а во лето никогаш!
     
    На LittlePinky, lolyta777, femina90 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Реченицава ми е ко добро утро цел живот немам што да облечам кога и да се заспремам за некаде едно пола саат саат ќе си зборам дека немам што да облечам и на тоа мајка ми ќе ми одговори тоа е од што имаш многу и незнаеш што попрво да облечеш
     
  20. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    http://www.facebook.com/pages/Zena-ima- ... 6453764375 Ова е навистина.Баш ова ми се дешава.Имам алишта али секогаш се нешто ми фали.Знам себична сум,некои немаат ништо али што да правам.Овај проблем секогаш ми се јавува.Коа треба да излегувам се думам цел ден што да носам.Ова сум го носела,ова не ми одогвара бла бла....ахх жени