Мене секојдневна изрека ми е. И бидејќи не сум креативна ептен , нели да „експериментирам“ со парчињата облека, и секојдневно скоро се исто носам. А 2 шкафчиња полни имам со алишта. Сепак немам што да облечам.
http://www.youtube.com/watch?v=yTa76WVhwb4 Еве едно корисно видео, кога ќе помислите дека немате што да облечете, може да ви се најде
Оваа реченица е ,,класика,, на секоја жена! Без разлика колку има или нема.Од чевли и гардероба, никогаш доста! А,реално плакарите на повеќето од нас и те како се полни.И реално, секоја од нас капацитетот на плакарот го користи да речеме отприлика 60%.Останатите 40% се заборавени или пак, се утка при купување. До сега не сум запознала жена која е задоволна од својата лична колекција на гардероба... Искрено,не верувам дека таква постои
Летно време,мислам дека воопшто не ја употребува, реченицава,бидејќи во текот на тие три месеци,секој ден сум различно облечена,и пак неможам да ги износам сите алишта,дури мака ми е.А зимно време,мислам дека секој ден ја повторувам реченицава,бидејќи многу малку зимни алишта имам.Понекогаш ќе седнам пред плакарот и едно 10 мин се мислам што да облечам,и на крајот пак не знам. А највернава другарка што ми е,често знае да откаже некое испаѓање со реченицава : „Абе стварно немам што да облечам,ич немам алишта“
И јас секогаш го мислам истово... Освен кога ќе дојде време за средување на плакарот и кога цела соба ми е со алишта, па ми требаат саати за да ги средам. Е тогаш се прашувам , како е можно никогаш да немам што да носам покрај толкав куп облека
Ахх, секој петок.. Всушност, не е баш Немам што да облечам, туку немам што да облечам бидејќи имам еден куп, баш како што кажа Лилитка која ме изнасмеа со својот пост. Ми се случува ова, но на крајот си наоѓам некоја комбинација и така. Лично мене не ми е преокупација, бидејќи облеката нема да те разубави ако не си насмевната и ако не зрачиш со позитивна енергија. Насмевката е најубавото тренди модно парче
што би кажала мајками "од што имаш па незнаеш што да облечеш, не дека немаш" најчесто ми се случува кога брзам да излезам или тоа што го имам испланирано во последен момент отишло за перење
Ја користам фразава поради две причини: -Купувам одделни парчиња кои ми се допаѓаат и најчесто немам со што или како да ги искомбинирам. Се лутам сама на себе си, да купувам нешто што ќе можам да го комбинирам, ама џабе. -Имам многу алишта, но многу од нив ми се здосадени, не ми се веќе по мерак. Секогаш сакам нешто ново, ама и тоа ново набрзо ми станува досадно...
Најчесто кажувам неmam што да облечам a баба ми ми кажува како немаш што да облечес кога имас преполн плакар со гардероба
Многу добро ми е позната таа реценица ... и дечко ми ја научи и некогаш кога ќе излегуваме и пред да одам да се облечам ми вели Пак ли нема што да облечеш и се смее плакарот ќе се скрши од гардероба вели
Секој ден..Ќе излеваме и сега само кога ќе дознаам одма (ќе се цитирам ) ~“НЕМАМ ШО ДА ОБЛЕЧАМ!!“ ии мајка ми ~“Леле пун ормар, а она вика немала шо да облече..Божее!!“ ии секој ден тие 2 реченици се слушаат најмногу кај нас.. Ама па шо стварно веќе немам шо да облечам.
Оо, значи мене секој ден ми е лев ден. Ама буквално секој ден. Се ми е здосадено па со саати дремам пред плакар и се чудам шо да облечам.
Оваа песна ја слушам секогаш кога се спремам за излегување http://www.youtube.com/watch?v=QcShVH6SDI4
Често го кажувам ова,а најчесто пред излагање...МАМО НЕМА ШТО ДА ОБЛЕЧАМ! И е гледаш мама од некаде ќе ми довикнит, -Од што имаш незнаеш,што да облечеш. Ма не сум само јас,мислам дека кај сите девојки е добро позната реченицава