Моментот кога колку и да ти е среден шкафот, само затоа што е преоптоварен, го отвараш и почнуваш да пливаш.. секако во алишта, потоа идеш позади врата кај што има најмалку 3 закачалки, кои од што се преполни врата неможам да отворам и на крајот идеш и кај брат ти во соба, затоа што и таму има нешто твое, секако. Излегуваш и од таму идеш во дневна и се дереш сам на себе, зоштооооооооооооооооооо, зошто немам што да облечам ?!?!?!?!?!?! И после тоа седнувам, гледам колку е саат, и разбирам дека ако не побрзам ќе закаснам таму кај што сум тргнала,а обично никогаш не доцнам. Излгеувам од дома најдобро средена, скоцкана, но секако веќе планирам што ново ќе ставам во мојот плакар, затоа што немам што да облечам, секако, нели, немам о.О
Хахаха, значи мојот плакар е преполн. Мама ми вели што сакаш купувај. И јас купувам и за 2-3 дена викам дека "немам што да облечам", а уствари имам над 100 алишта. Хахаха
Ми се случува и мене често пати.Секогаш пробувам да го прочепкам цел гардаробер,и понекогаш наоѓам нешто,но во повеќето случаи ја избирам истата комбинација што сум ја носела пред некое време Има периоди кога се чуствувам инспирирано и импровизирам со неколку парчиња облека....Но има и периоди како сега кога немам инспирација и желба и избирам иста комбинација. Како и да е пред некој ден го открив овој блог http://www.puttingmetogether.com/p/one- ... -ways.html Особено оваа статија или како сакате наречејте ја.Девојката покажува како може со неколку парчиња облека да направите повеќе комбинации
Не ја користам фразава, секогаш имам што да облечам. Сите парчиња облека ми се класични, во неутрални бои кои многу лесно се комбинираат и одговараат со се и во секоја прилика. Не купувам работи кои неможат да се комбинираат со ништо, кои ќе ги облечам само еднаш и ќе фаќаат прашина. Не ми се случило да се трескам од земја и да пропуштам излегување само заради тоа дека немам што да облечам...Само отварам плакар и што и да одберам одговара едно со друго. Најчесто оние што стварно немаат што да облечат купуваат парчиња облека од различни стилови и многу различни бои па затоа и немаат со што да искомбинираат и секогаш ќе фали она едно парче...
се слуЧува да кажам.. али најЧесто дали сум имала многу облека или сум во мала криза секогас ги вртам оние 3 или 4 комбинаци за излегување
Кај мене е "Не знам што да облечам". Има некои утра кога едвај се будам, со никаква желба за живот а не па за мислење комбинации и најчесто губам по најмалку 20тина минути пред плакар кукајќи и мислејќи во што да го поминам денот. Некогаш излегувам одлично скоцкана, но некогаш си се чудам на парталите што сум ги одбрала. Кога се спремам за навечер, зависно од расположението е и брзината на осмислување, па затоа најчесто комбинациите ги спремам ден-два претходно за да не се мислам во последен момент и да доцнам, но никогаш не ми се случило да не излезам зошто не знам или немам што да облечам. Последниве неколку години истото го правам и кога одам на одмор или некое патување, користам погоден момент, осмислувам комбинации, ги сликам со мобилен за да си немам проблеми таму и да не носам одвишок гардероба. Секогаш успева.
Кога и да отворам плакар постојано Немам што да облечам а поготово пред излагање е тогаш се што е можно вадам на кревет и пак немам што да облечам додека не ми текне некоја заборавена комбинација одамна што не сум ја носела.
Немам што да облечам.. Сметам дека оваа фраза не треба да ја користиме, зошто испаѓаме неблагодарни бидејќи искрено, и сами си признавте дека имате преполн плакар со облека, за разлика од некои деца кои навистина немаат што да облечат! Ние НЕ ЗНАЕМЕ што да облечеме, не знаеме како да ги искомбинираме работите што ги имаме... И токму затоа во тие моменти кукаме дека немаме што да облечеме, а и сами не сме свесни и благодарни на она што го имаме
Немам што да облечам.. Мене лично оваа фраза ми оди на нерви. Јас имам што да облечам и тоа премногу ! Никој оваа фраза не ја искористил затоа што буквално нема што да облече туку затоа што ништо што е во плакарот во тој момент не му се допаѓа. Фразава ми е антипатична и им ја припишувам само на разгалените девојченца Со реченицава само докажуваме колку сме неблагодарни и не цениме...
Јас имам што да облечам, меѓутоа немам ништо ново. Старите алишта ми даваат одбивност. И така.... Жени
Кај мене дома има обратни политики. Со оглед на тоа дека со оваа фраза имам здосадено и богу и народу (читај мајка ми) Спојлер пошо таа е и бог и народ кај нас дома сеа коа ќе си купам нешто а пречесто ми се дешава да си купам нешто, тогаш мајка ми е таа шо ќе рече: 1. ова ти е за да не се жалиш дека немаш шо да облечеш; и 2. глеај пак да слушнам/жали се ти пак, дека немаш шо да облечеш. Ретко да не знам шо да облечам. Се дешава да имам лев ден, во кој ќе сменам некои 956830698 комбинации од кои ниедна не може да ме напраи среќна, патетично е..знам. Добро е шо левите денови како растам стануваат реткост (или немам време за нив..кој знае)
^ „И бог и народ“ Туку, ја често викам немам што да облечам, не па една девојка. Поддршка до немачите на што да облечат. И поддршка да не облакаат ништо ако немаат. Ама само во лето. Немој после тужби да фрчат на мој профил дека некој настинал.
Веќе неколку години наназад јас гардеробата ја организирам преку комбинирање на парчиња. Кога купувам нешто, ако ми се допадне, прво гледам со што би можела да го искомбинирам. Па така, со една блуза, туника или кошула, можам да направам 7-8 различни комбинации. Истото се однесува и на чевлите. Боите кои најчесто ги носам, ми се во преден план кога купувам чевли. А ако веќе во краен случај потребно ми е парче гардероба или некој моден додаток во боја што ја немам, тогаш знам и нешто да позајмам од сестра ми или мајка ми. Но, никогаш не сум си рекла "Немам што да облечам". И тоа ми е крајно неблагодарно покрај полн плакар со облека која и никогаш не сум ја носела.
Хахахахх не дека често се жалам...но кога сум сама и кога се спремам често знам да си се изнервирам со таа фраза "Немам што да облечам" А понекогаш и тоа се случува...кога мајка ми во брзање пола од алиштата ќе ги земе за перење...
Зависи. Јас имав проблем пред некоја година кога нагло пораснав и се ама баш се ми се смали. Тогаш стварно немав што да облечам. Сега имам многу помалку облека од што имав Понекогаш е многу лесно, а некогаш пак се чудам што да носам. Најчесто кога треба некаде да одам каде што не одам секоја ден. Инаку сум стандард облечена во два пара фармерки и истите удобни блузи, некој да ме виде... Што да правам многу ретко купувам облека.
Хаха ... понекогаш толку многу се нервирам демек немам што да облечам и се откажувам од излегување ... ц ц ц .. :roll: