На секое излегување морам јас да правам проблеми околу тоа што да носам и постојано ја нервирам мајка ми со фразата дека имам малку облека,немам што да облечам
за срека имам во глава неколку резервни комбинации-за сите годишни времиња да не е тоа, незнам што би правела жени-мака мачиме со изборот на гардероба
Е како не сум ја изговорила ? Постојано! Секогаш за излегување мене ме чекаат,на мајка ми постојано со ова ја нервирам...Кога ќе речам дека немам што да облечам -немам! И цел плакар да го превртам џабе е -си стојам на тоа дека сепак немам ништо што би облекла. Да признаеме дека ова е најупотребувана реченица кај девојките/жените.
понекогаш и стварно немам што да облечам ако некоја маичка ми е наперење а друга на сушење трета на сосем друго место... ограничена сум во изборот на маички и секогаш кога излегувам на шопинг викам е сега маички ќе купам а ќе видам нешто друго и пак не купувам.и секогаш(вечер) со часови стојам пред плакараот изговарајќи ја нашата драгоцена фраза ‘‘немам што да облечам‘‘
Кога се брзам некаде немам никаква идеа што да облечам и стојам пред шкафот и размислувам и на мајками и велам Мамо немам што да облечам
Јас пред мајка ми никогаш не сум кажала дека нема што да облечам бидејќи тогаш даа почнува да ми праве комбинации. Пред татко ми планирав да кажам така и тој да изваде пари и да ми каже оди купи си... Ахам, тапа! Тој ми вели „Да извадам се што имаш во плакар, бутик ќе отвориме“. И толку... се откажав јас.
Не дека немам што да облечам туку не знам како да си направам нова комбинација,и секогаш се нервирам поради тоа -.-
Не е дека нема што да се носи туку проблемот е во тоа што има многу некреативни луѓе, кои не знаат како да ја комбинираат облеката и такви на кои не им е среден плакарот.Е па во хаос кој може да се снајде ? Нема шанси да им се менува толку брзо вкусот!Ќе пробаш една комбинација, па потоа друга, па трета, ама на крај пак си наоѓаш нешто. Ај некој што има само 1 пар пантолони и 5-6 маички да ми каже нешто такво, па да сфатам, ама некоја со полн плакар да се жали дека немала што да облече, значи дека не е доволно инвентивна претпоставувам и нема идеи за модни комбинации.
Се согласувам!Инаку и се пронајдев Имам преполн плакар облека,и свесна сум за тоа..ама сепак секој ден се жалам за тоа колку немам што да облечам најверојатно е до некреативноста за комбинирање на парчињата облека соодветно..
можам да кажам дека немам ништо ново за облекување, но изрекава и ја оставам на сестра ми, таа секогаш нема што да облече а гардеробата ни е речиси заедничка носии и мое и свое. Ново купено парче секогаш ме прави среќна кога прв пат ке го носам но потоа брзо ми здосадува но облека имам и премногу ама некогаш не ми е по воља да испобувам нови комбинации и да стојам пред огледало и да се облекувам 2 саатии. Го зимам тоа првото и спремна сум.
Ако за во школо станам у 7,до 7:40 се дерам си ѕвекам глава у плакар дека немам што да облечам,после тоа од тие 3-4 комбинации што сум ги избрала гледам која најдобро ми стои,и во школо стигам во 8,во 8:10 сум веќе запишана како отсутна.Дека фејри нема што да носи,а плакарот и е полн.Некој од една блуза може 10 комбинации да направи а ја од 10 блузи ни една.Браво фејри,и понатака немај што да облечеш
Изгледа јас сум изрод.Немам многу облека,малку,но не се жалам,мене ми е доволно и со таа малку облека што ја имам знам да правам разни комбинации и секогаш сум дотерана.
Колку повеле купуваме толку по немаме хаха оваа изрека е многу позната кај нас женските иначе шо да каже некој кој има смао еден пар фармерки и една маичка ?? Значи има нешто поважно и од облелата така да не се секирајте шо имате а шо немате
Ахх реченицава постојано ми оди на нерви.Значи до толку да ја изгубив креативноста. Полн плакар и повторно И ПОВТОРНО нема што да се облече,а облеката дури нема каде да ја сместам. Го пробувам ова-го проувам она и НЕ НЕ и НЕ! Можеби во тој плакар има милион маици,фустани,панталони...сите тип-топ средени,наредени.....некои заборавени,некој здосадени,а некој пак ниту еднаш облечени. Се нервирам тоа што стојам буквално цел 1 час пред отворениот плакар и не знам навистина не знам што да облечам.Немам трпение да застанам пред огледало и да комбинирам..едноставно не можам. Ех кога би можела да имам личен моден стилист,па тоа би било прекрасно,едно олеснување за мене и луѓето околу мене. Инаку не сакам укрутена облека,не можам да ја гледам не пак да ја облечам.Сакам да бидам модерна,но сепак удобно облечена.
Еве ја цитирам Rose96, и се согласувам со напишаното во линкот. Откако пред 2 дена земав и го средив плакарот за големо чудо ми изникнаа 1 пар фармерки, 3-4 кошули и 1-2 блузи. овие работи мајка ми‘ ми ги купила сама ама мене ми биле големи и ми ги ставила во плакарот со алишта под другата облека колку само бев среќна неможам да ви опишам безброј комбинации си направив
Кога ја прочитав темета ми текна на сестра ми, таа вечно нема што да облече иако има 2 плакари со облека.